Нови одлуки од Владата за производи со замрзната цена

Владата денеска на седница треба да донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во тек на неделава да одлучува и за цените на дел од овошјето и зеленчукот. 

Од Владата оценуваат дека нејзините одлуки за цените генерално се почитуваат и најавуваат дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно.

-Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре, најави вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерството за економија ги доби анализите за овошјето и зеленчукот од Министерството за земјоделство и веќе се утврдува кои од нив ќе бидат со намалена цена. Според Бектеши, најверојатно во текот на неделава ќе бидат замрзнати цените на повеќе од пет-шест производи. За таа цел се чекаат и анализите од Царинската управа за увозните цени на трговците за да се види колку е разликата во делот на маржите.

Претходно со одлука на Владата беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и на јајцата и оризот, чии цени останаа на нивото од 15-ти овој месец, додека на 33 денари е замрзната цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој вчера со Бектеши и со директорт на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, беа во посета на маркет во Скопје оцени дека владините одлуки за цените се почитуваат.

-Драго ми е што се уверивме дека нашите одлуки се почитуваат, се надевам така е во сите маркети. Пријатно се изненадив и дека цената на брашното е намалена без државата да донесе одлука. Го поздравуваме ваквиот потег, ги охрабруваме и другите продажни места да го следат овој чекор, рече Ковачевски, порачувајќи дека е време компаниите да им вратат на граѓаните, како што државата им помогна кога им беше најпотребно.

Премиерот најави дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно.

-Нашата посета денеска не е случајна. Водиме практична и инклузивна политика, носиме одлуки што ги засегаат граѓаните, сакаме да го слушнеме нивниот глас. Тука нема да застанеме, ќе продолжиме да го штитиме стандардот на граѓаните, нема да дозволиме лично богатење во време на криза. Ова е време на солидарност, а не време на остварување профити. Време е сите компании да им вратат на граѓаните, им пруживме рака за стабилност, сега бараме тие да пружат рака, само така, со заемна помош, може да ја пребродиме кризата, изјави Ковачевски.

Од октомври до денес, дополни, инфлацијата се намалува на месечно ниво, што значи дека владините мерки даваат резултат.

Како што информираше Трајковски, инспекторите на ДПИ констататирале непочитување на замрзнатата цена на лебот од 33 денари, несоодветна грамажа, немање најмалку 80 отсто од производите на рафтовите. Имињата на фирмите кои ги сториле прекршоците ќе бидат соопштени, но откако постапувањата за нив ќе бидат целосно завршени.

ДПИ, посочи, работи со полн капацитет. Претходните пет дена се извршени над 500 надзори, а 130 од нив се по одлуките на Владата. Притоа, констатирани се шест прекршоци во висина од 750 000 денари.

Одлуките на Владата за замрзнувањето на цените вчера ги коментираа и од Сојузот на стопански комори, чиј претседател Трајан Ангелоски посочи дека секое замрзнување на цените има позитивни и негативни консеквенци, како и дека ССК преферира слободен пазар.

- Ако Владата смета дека треба да воведе ваква мерка, најубаво е и да објасни каква и е идејата и што сака да постигне, рече Ангелоски.

Од Стопанската комора на Македонија и од Комората на северозападна Македонија, претходно порачаа да се престане со одлуките за замрзнување на цените и да се пристапи кон други мерки за помош на граѓаните.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер