ЗдравјеНови оддели, апаратура и биолошка терапија за болните од мултиплекс склероза на Неврологија Нови оддели се отворени во рамки на Универзитетската клиника за неврологија.Станува збор за одделот за мускулна биопсија и патохистолошка дијагностика на невромускулните болести, кој не работеше повеќе од пет години, и за негово отворање Клиниката обезбедила нов апарат криостат (за замрзнување и сечење на мускулното ткиво), одделот за ликворна дијагностика, кој е во склоп на биохемиската лабораторија, каде ќе се вршат пософистицирани испитувања на цереброспиналниот ликвор, како и Дневен центар за интравенска терапија на болни со мултиплекс склероза. По тој повод Клиниката денеска ја посетија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. – Клиниката за неврологија со условите кои ги нуди за своите пациенти веќе наликува на современите болници во Европа. Новиот апарат за биопсија на мускул за пациентите ќе овозможи попрецизна дијагноза на невромускулните болести. Бенефит, пак, од лабораторијата за испитување на мозочната течност која е една од најсовремените ќе биде побрзата и попрецизната детекција на дијагностицирање на болестите на мозокот. Ова претставува нова метода во нашиот здравствен систем, истакна Заев. Посочи дека конечно болните од мултиплекс склероза од сега таканаречената биолошка терапија ќе ја примаат на Клиниката за неврологија под соодветен медицински надзор во новата дневна болница отворена токму за нив. – Иако за себе не можам да кажам дека сум некој посебен експерт во областа на здравството, но знам дека сето ова во голема мерка ги унапредува условите за лекување на нашите граѓани, но и ја подобрува состојбата на македонското здравство во целина. Благосостојбата и здравјето на граѓаните се во нашиот фокус. Годинава во буџетот за здравствена заштита се издвоени средства во износ од 30 милијарди денари, што во споредба со 2018 година е за околу две милијарди денари повеќе, потенцира Заев. Нагласи дека предвидено е зголемување на средствата за здравствените програми, болничкото лекување за одделни ранливи групи ќе биде бесплатно, а обезбедени се пари за набавка на нови лекови за пациентите со ретки болести. – Донесовме одлука новиот Универзитетски клинички центар да се гради во месноста Веле поле во Ѓорче Петров, а во континуитет растат и платите на медицинскиот кадар. Ве уверувам дека Владата многу наскоро како Влада на Република Северна Македонија и натаму неуморно ќе работи за граѓаните. Ќе создаваме здравствен систем според европски стандарди, здравствен систем кој во центарот на своето внимание секогаш ќе ги има пациентите, додаде Заев. Министерот Филипче рече дека повторно се воспоставува дополнителен број пациенти на нова биолошка терапија, а профукционира и лабораторијата на мускулна дијагноза со што овој центар е единствен кој во државата ја дава услугата за дијагноза на невромускулните болести. Појасни дека ја посетиле и дневната болница, каде ќе се дава терапија за пациентите со мултиплекс склероза, како во современите земји. – Подготвуваме групна набавака на биолошка терапија, што овозможи на крајот на минатата година, а посебно годинава зголемен број пациенти да ја примаат. Досега ја примаат девет пациенти со мултиплекс, а од оваа година 45. Нова метода пред неколку месеци се направи на Клиниката мултидисциплинарно заедно со клиниките за радиологија и неврохирургија, а тоа е треманот на мозочен удар која е најсовремена метода која се имплементира во сите современи центри ширум светот. Тоа значи дека ако пациентот дојде во скоро време од почеток на симптомите за мозочен удар, некаде три до четири ипол часа може тромбот да се извади од запушениот крвен сад во мозокот, циркулацијата повторно да се воспостави и значајно да се намалат последиците и да се спаси животот, додаде Филипче. Директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов рече дека освен што вршат едукација на медицински сестри, студенти и специјализанти по неврологија се занимаваат и со болничка дејност. Посочи дека во 2018 година низ нивните амбуланти поминале 31.000 пациент, а болнички лекувале 1.800 пациенит. – Најчеста патологија се мозочните удари кои се обидуваме да ги лекуваме на најсовремен начин. Најновите технологии, тромболизата е воведена веќе неколку години. При крајот на 2018 година почнавме со лекување на пациентите со механичка тромболиза. Втори по фреквенција се пациентите со мултиплекс склероза, ги имаме регистрирано околу 1.000 во Македонија и може да се пофалиме дека голем број речиси 460 се на биолошка терапија од кои на најновите лекови во моментов имаме 30 пациенти. Со програмите за годинава имаме зголемување за 300 отсто на бројот на пациенти кои ќе бидат опфатени со оваа интравенска биолошка терапија и први во регионот ќе набавиме нов иновативен лек кој се користи во терапија на пациентите со мултиплекс склероза, додаде Барбов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМечка уби маж во САДЕден маж беше убиен во напад на мечка завчера во Кристал, Ново Мексико.Полицискиот оддел на народот Навахо потврди дека нивните службеници од округот Виндоу Рок добиле пријава за нападот околу 13 часот, пишува „The Guardian“. Службениците ја застрелале мечката, која избегала во блиската шума. Полицијата подоцна известила дека го пронашле и убиле животното. „Сочувствуваме со семејството на жртвата во ова тешко време“, објави полицијата на народот Навахо на Фејсбук. Полицијата во резерватот додаде дека истражителите и службениците за заштита на дивите животни, исто така, излегле на терен. Идентитетот на жртвата и видот на мечката не се објавени. Полицијата апелираше до граѓаните да се држат настрана од потенцијално опасни диви животни. „Ако забележите мечка, ве молиме јавете се во најблиската полициска станица“, рекоа тие. Според официјалните податоци, ова е првиот фатален напад на мечка во Ново Мексико од 2001 година. Како што објави Асошиејтед Прес, нападот од 2001 година беше првиот таков напад во државата за сто години. Потоа почина Аделија Трухиљо, убиена во нејзината куќа од машка мечка тешка околу 115 килограми. Еден од неодамнешните напади се случил во 2020 година во Лос Аламос, исто така во Ново Мексико. Мечката им се приближила на 37-годишната жена и нејзиниот сопруг додека седеле на терасата од планинската куќа. Таа им се приближила на помалку од половина метар, потоа почнала да ја брка жената и ја нападнала на паркингот. Нападите од мечки се ретки Според извештајот на властите во тоа време, таа претрпела „повеќекратни фрактури, колабирани бели дробови и повреди од каснувања и гребнатини“. KRQE објави дека жената го преживеала нападот, а властите подоцна ја еутанизирале мечката. Фаталните напади од мечки во Северна Америка се многу ретки и се евидентираат само неколку случаи секоја година. Податоците од Северноамериканскиот центар за мечки покажуваат дека едно лице има 60.000 пати поголема веројатност да биде убиено од друг човек отколку од црна мечка. Според статистиката на Националната служба за паркови, ризикот од повреда од мечка е еден на 2,1 милиони. Извор: Индекс.хрТагови: мечка САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Информација до граѓаните за западнонилска трескаОпштина Карпош активно ја следи состојбата со Западнонилската треска и во координација со Град Скопје и надлежните институции, презема превентивни мерки за заштита на граѓаните.ЗАСИЛЕНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА: Реализирано е дополнително авионско прскање против ларви на комарци, а во недела вечер ќе се спроведе и теренско прскање против поголеми комарци. АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: Не оставајте застоена вода во дворови, тераси, саксии, садови и резервоари, бидејќи тие се потенцијални места за размножување на комарци. НЕ ДОПИРАЈТЕ МРТВИ ПТИЦИ СО ГОЛИ РАЦЕ! Доколку забележите мртва птица, пријавете на единствениот број за итни случаи 112 или 0800 3 22 22 во Агенцијата за храна и ветеринарство. Со заедничко и одговорно дејствување, придонесуваме кон поголема заштита на здравјето на сите граѓани. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија25 години ЕБР – „секогаш и секаде“ЕБР одбележа 25 години постоење.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата. Денеска во Битола Единицата за брзо распоредување (ЕБР) одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. На настанот се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов, а во рамки на одбележувањето беше изведена и тактичко-показна вежба, како и изложба на опрема која ја користи единицата. Тагови: ЕБР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10