Нови наслови од едицијата „Македонски искушенија“ - Канал 5

Нови наслови од едицијата „Македонски искушенија“

Три нови наслови од едицијата „Македонски искушенија“ промовираше денеска Министерството за култура - нови три тома од шесттомната публикација „Македонија до 19 век“ и книгите „Цар Самоил“ и „Букурешкиот мировен договор - 1913 година“. Автори се професори, историчари и проучувачи на македонската историја од различни генерации.


Целта на овој проект на Владата е со научно верификувани факти и аргументи да се толкува долгата историја на македонската борба за државност и самостојност. Врз основа на овие историски текстови се снимени и документарни филмови кои се прикажуваат на Македонската радиотелевизија.
Премиерот Никола Груевски истакна дека со овие изданија се расветлуваат личности и настани од македонската историја за кои не се знаело или биле маргинално обработувани и дека квалитетно се исполнува празнина во македонската пишана историја.

- За жал, македонската историја секогаш ја пишуваше некој друг и никогаш не беше вистинито и детално разработувана. За сметка на тоа, во нашите домови и библиотеки беа застапени историски дела кои се однесуваа на истории на некои други држави, некои претходни системи и идеологии... Многу малку беше разработувана нашата богата историја, нашите историски великани и подвизите кои биле карактеристични на овие простори. Се што беше со предзнак македонско беше тргнато настрана... да го нема или да го има многу ретко. За среќа, времињата се променија..., рече Груевски.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска посочи дека проектот „Македонски искушенија“ е сведоштво за идните генерации, документ од кој, како што рече, младите и во иднина ќе може да црпат чувство на припадност и идентитет.

- Да се познава сопствената историја значи да се биде свесен за процесите на индивидуалното и колективното зреење на генерациите кои се раѓале, растеле и умирале на македонската раскрсница на цивилизациите. Генерациите пред нас се паметат по трагата што ја оставиле зад себе. Тие ќе живеат толку, колку што нашето општество ќе дозволи да се откриваат, споменуваат и запишуваат овие монументални траги на минатите векови, рече Канческа-Милевска.

Зборувајќи за едицијата „Македонски искушенија“, нејзиниот главен и одговорен уредник Раде Силјан рече дека таа е хронолошки пресек на историските процеси и за премрежињата на македонските револуционери и дејци кои се бореле и гинеле за Македонија.

- Благодарение на научните истражувања, анализи и согледби, ние денес можеме да создадеме една реална слика за долговековниот од по маките на нашите предци, но и за заблудите и предавствата на многумина во пресудни времиња... Со јазикот на фактите, нашите историчари од сите генерации презентираат широка слика за македонските историски премрежиња од антиката до денес, рече Силјан.

Промоторот Владо Поповски, кој е и еден од авторите на книгите во едицијата, зборуваше и за прашањето на идентитетот. Рече дека тој не е даден биолошки, со чинот на раѓањето, туку е историска категорија која, како што рече, не замрзнува во една епоха, туку е динамична и носи противречности.

- Во таа смисла, правото на овој народ на повикувањето на античка Македонија е историски нормално и оправдано. Ние се наоѓаме на дел од историската територија на античка Македонија, имаме културно-историско наследство на таа држава и сме инспирирани од филозофијата и концептите на античката Македонија... Новото време почна во 1991 година и се повеќе ќе стануваме свесни дека станува збор за една темелна, комплетна реконструкција на системот на сфаќањата на културата, рече Поповски.

Промоцијата на новите наслови му беше посветена на директорот на Државниот архив на Република Македонија Зоран Тодоровски, еден од авторите на овие книги, кој почина денеска ненадејно. Груевски и Канческа-Милевска истакнаа дека е непроценлив неговиот влог во расветлувањето на низа клучни моменти од македонската историја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автомобилскиот гигант очекува трошоци од милијарди евра поради поскапите суровини и чипови

Повисоките цени на суровините и електронските компоненти ќе резултираат со значително зголемени трошоци за „Stellantis“ и неговите добавувачи.

Автомобилскиот гигант очекува трошоци од милијарди евра поради поскапите суровини и чипови

Трошоци што ќе достигнат милијарди евра, предупреди Антонио Филоса, раководител во мултинационалниот автомобилски гигант.

„Во 2027 година, а веројатно и во 2028 година, ние и нашите добавувачи се соочуваме со значителен пораст на цените на суровините, како и на трошоците за мемориски чипови, печатени плочки и полупроводници“, изјави Филоса во четвртокот на годишното собрание на „ANFIA“, италијанското здружение на производители на автомобилски компоненти, одржано во Милано.

За „Stellantis“, зголемувањето на трошоците се мери во милијарди евра, истакна раководителот. Портпарол на компанијата подоцна за „Ројтерс“ појасни дека Филоса мислел на вкупната годишна база на трошоци на компанијата, која изнесува неколку милијарди евра.

Сериозни проблеми

„Stellantis“ веќе се соочува со проблеми при набавката на електронски компоненти и го прекина производството на моделот „Fiat 500“ во својата фабрика „Мирафиори“ во Торино, сè до крајот на следната недела. Компанијата предупреди дека недостигот на клучни компоненти за контролните единици на моторите би можел да предизвика тешкотии во производството на одредени модели во Италија до крајот на годината. Филоса смета дека решението за повисоките трошоци лежи во подобрување на конкурентноста, со поддршка од италијанските и европските власти, преку мерки насочени кон намалување на трошоците за енергија и прилагодување на индустриските регулативи, вклучително и оние што се однесуваат на емисиите на јаглерод диоксид.

Тој исто така потврди дека кинескиот партнер „Leapmotor“ ќе соработува со „Stellantis“ на развојот на нови електрични автомобили, кои ќе се произведуваат во фабриката на „Stellantis“ во Помиљано, Италија. Се очекува продажбата да започне во 2028 година.

Оваа нова категорија на достапни електрични возила има за цел да го оживее европскиот пазар за помали и поевтини автомобили – сегмент што моментално бележи пад.

„Партнерството со 'Leapmotor' ќе обезбеди поддршка за нашите европски фабрики и ќе овозможи заеднички развој на идни електрични и електронски решенија, една од главните области на соработка ќе биде развојот на нова категорија електрични автомобили“, заклучи Филоса.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гренланд ќе ја промени временската зона

Како што пренесува гренландскиот весник „Сермитсиак“, до крајот на 2027 година, поголемиот дел од Гренланд ќе се врати во својата претходна временска зона, GMT-3.

Гренланд ќе ја промени временската зона

Ова следува по одлуката донесена вчера од локалниот парламент за промена на начинот на сметање на времето.

Од 31 октомври 2027 година, временската разлика помеѓу Гренланд и Копенхаген ќе се зголеми за еден час – на четири часа – додека разликата во однос на Вашингтон ќе се намали за еден час – на два часа. Гренланд и понатаму ќе го применува летното сметање на времето.

Прашањето за тоа кон која временска зона треба да припаѓа овој арктички остров со години е предмет на дебата на Гренланд. Дури во 2023 година, поголемиот дел од Гренланд премина во временската зона GMT-2, со цел да го усогласи своето време со Данска и остатокот од Европа. Иако Гренланд е дел од Кралството Данска, тој ужива висок степен на автономија.

Собрани околу 4.000 потписи како поддршка за промената

Во парламентот, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен се спротивстави на враќањето во претходната временска зона, предупредувајќи на можни негативни економски последици, со оглед на тоа што најважните трговски партнери на Гренланд се наоѓаат во Европа.

Тој исто така истакна дека промената ќе го скрати временскиот прозорец во кој здравствениот систем на Гренланд може да се консултира со медицински специјалисти во Данска, а предупреди и на можни компликации во авионскиот сообраќај кон и од Европа.

Сепак, според „Сермитсиак“, многу жители на Гренланд се залагаат за враќање во претходната временска зона. Граѓаните собраа околу 4.000 потписи како поддршка за оваа промена. На Гренланд живеат околу 56.000 жители.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Демократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај.

Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход.

За овој сој не постои одобрена вакцина или третман

Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“.

Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда.

Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер