Нови музички изданија од Бигорската Обител и Манастирот Рајчица - Канал 5

Нови музички изданија од Бигорската Обител и Манастирот Рајчица

По неколкумесечна подготовка излегоа и во продажба се два музички диска од Бигорската Обител и Манастирот Рајчица - „Малиот молебен канон на Пресвета Богородица“, кој е испеан од монахињите на Бигорскиот метох, манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица и „Молебниот канон на Свети Јован Крстител, во чест на неговата чудотворна икона, испеан од монасите на Свештената Бигорска Обител.

Нови музички изданија од Бигорската Обител и Манастирот Рајчица
- Овие музички изданија се дел од низата проекти кои беа подготвени во знак на одбележување на дваесетгодишнината од возобновеното монаштво во Свештената Бигорска Обител, а посебно имаат за цел да го потенцираат враќањето на источно-црковното пеење во нашите храмови, кое настана токму по возобновувањето на монашкиот живот, велат од Бигорската обител.

„Пред повеќе од десет години, поточно во 2002 година, на барање на верниците, со Божја помош во Бигорскиот Манастир беше снимено во живо пеењето на богослужбите од најсветите денови на Страдањата на нашиот Спасител Господ Исус Христос и Неговото славно Воскресение. Ова наше прво музичко издание, насловено како ‘Пасхални песнопенија’, настанато сосема спонтано, без некакви посебни подготовки и услови, и покрај сите свои недостатоци како едно од првите во македонската византиска дискографија, беше најтопло примено од аудиториумот и одигра значајна улога во нашата мисија за приближување на народот кон Бога. Потоа, како резултат на иницијативата на нашата Обител и нејзината плодна соработка со Македонската филхармонија и други музички автори, во јавноста излегоа уште два аудио записи во живо од концертите на источно-православна музика одржани во текот на 2012 и 2013 година, а во спомен на Страдањата и Воскресението Христови. Сега, пак, како одговор на сè поголемиот интерес и љубов кон источно-црковното православно пеење во нашата земја и желбата на нашиот народ за враќање кон своите традиционални музички корени, братството на Бигорската Обител и сестринството на Рајичката Обител „Св. Георгиј Победоносец“ му го принесува на дар на благоверниот македонски народ овој свој скромен музички плод, кој полека се развиваше и созреваше низ секојдневниот молитвен и богослужбен живот“, се вели во предговорот на овие изданија, напишан од Старецот на нашите Манастири, Архимандрит г. Партениј.

Изданието, покрај музичкиот диск, содржи книга во која заедно со предговорот на Архимандрит Партениј, се поместени текстовите на двете богослужби кои во целост се испеани на дисковите, како и прилог од величанија за повеќето светители во годината, кои можат по избор да се додадат на одреденото место во богослужбата.

- И двете богослужби се испеани на македонски книжевен јазик. Двата диска беа снимени во текот на август минатата година, во студиото М1 на Македонската радио телевизија, под раководство на нивниот стручен тим. Овој проект немаше да биде возможен без поддршката на сите наши возљубени браќа и сестри кои со голема љубов го помогнаа неговото остварување. Бог да ги спомне во своето Царство, велат од Бигорското братство.

Дисковите може да се купат во продавницата на Бигорскиот Манастир и Манастирот во Рајчица или да се порачаат на телефонските броеви 070 342 970 и 070 733 722. Чинат по 400 денари или 700 денари доколку се купат двата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Предлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. 

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Дејан Трајкоски е во Парламентот..

Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка.

Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.

Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.

Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година.

Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес.

Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството.

Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем.

Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди.

Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења.

Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури.

За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер