Нови масовни протести во Црна Гора поради апсењето на српскиот владика, се протестираше и во Белград (ВИДЕО) - Канал 5

Нови масовни протести во Црна Гора поради апсењето на српскиот владика, се протестираше и во Белград (ВИДЕО)

Верниците на Српската православна црква мирно се растурија по протестот во Никшиќ, Црна Гора, откако полицијата употреби солзавец , а демонстрантите ја гаѓаа со камења . 

Нови масовни протести во Црна Гора поради апсењето на српскиот владика, се протестираше и во Белград (ВИДЕО)

Неколку стотици граѓани се собраа пред зградата на Центарот за безбедност, каде беа приведени епископот Јоаникије и други свештеници. Зградата ја обезбедува полицијата со штитови и шлемови.

Владиката Јоаникије, еден од најблиските соработници на митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора Амфилохије и седум свештеници се наоѓаат во притвор од вторникот вечерта, затоа што ја прекршија забраната за собири што ја донесе црногорската влада..

Полицијата употреби солзавец и шок-бомби синоќа за да ги растера граѓаните што протестираа во Никшиќ, додека демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења и извикуваа „Усташи“, „Не ги даваме светилиштата“ и „Нека излезе епископот “.

Вчеравечер и во Будва, Беране, Бијело Поље беа организирани протестни маршеви на граѓани и верници на Српската православна црква ... Голем број граѓани излегоа на протестен марш низ Беране, извикувајќи „Црна Гора се крена, светците мора да се бранат“ и „Мило лопове“.

Се одржа собир на поддршка за епископот и свештениците и пред црквата Свети Марко во Белград. На почетокот на собирот беше отпеана српската химна.

YouTube video

Александар Вучиќ ќе се состане во сабота со претставници на српските политички, културни и интелектуални кругови од Црна Гора на разговори за кризата предизвикана од апсењето.

Епископскиот совет на Српската православна црква во Црна Гора претходно побара уапсените свештеници да бидат ослободени и ги повика сите политички водачи да се воздржат од какво било злоупотреба на црквата, објаснувајќи дека спорната литургија се случила спонтано затоа што „сите собрани верници не можеле да застанат во црквата“, се вели во соопштението.

Веднаш по литургијата, црногорското Национално координативно тело за контрола на заразни болести побара итен одговор од обвинителството, поради „нелегален и високо епидемиолошки ризичен јавен собир“.

Црногорските медиуми пренесоа изјава од Белград во која се вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ и поглаварот на српската православна црква Патријархот Иринеј изразиле загриженост за апсењето на свештеникот во телефонски разговор.

Во заедничката изјава, Патријархот на СПЦ Иринеј изјави дека „кулминацијата на непријателскиот став на црногорската држава кон Српската православна црква започна со усвојување на контроверзниот Закон за слобода на религијата“, и дека апсењето на свештениците е „доказ дека црногорската држава ја прогонува Српската православна црква“.

Од почетокот на оваа година, Српската православна црква двапати неделно организира масовни протестни прошетки во сите црногорски градови, изразувајќи несогласување со законот за слобода на религија, со кој се уредува сопственоста на црковниот имот.

Српската православна црква тврди дека црногорската држава сака да ги одземе црквите и манастирите со тој закон, од кои таа верска заедница во Црна Гора има околу 700.

Откако црногорската влада воведе епидемиолошки мерки на коронавирус кон средината на март, СПЦ ги запре литиите, но во исто време најави дека ќе продолжи со протестите откако ситуацијата ќе се нормализира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон.

Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Собранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со температура до 21 степен

Времето денеска според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

Променливо облачно со температура до 21 степен

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер