Нови експлозии во украинскиот регион Крим

Нова серија експлозии на Крим. Најмалку четири детонации одекнаа во близина на главната воздушна база белбек, северно од севастопол на полуостровот окупиран од Русија.

Прорускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развозаев, изјави дека засега нема информации за евентуалните штети и настрадани лица во овие експлозии. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска престојува во украинскиот град Одеса, по што ќе замине за Турција. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека со Гутереш се договориле за параметрите на можнат мисија на меѓународната агенција за атомска енергија во нуклеарната централа во запорожје. По вчерашните разговори со Гутереш и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Лвив, тој рече дека Русија треба веднаш да ги повлече своите сили и да престане да ја гранатира нуклеарната централа. Русија ја освои електраната во март по тешки борби, а со неа сè уште управуваат украински техничари. Русија вчера соопшти дека постои ризик од вештачка катастрофа во украинската нуклеарна централа Запорожје и ги обвини Киев и западот дека планираат „провокација“.

Шест повредени во руски напад врз Харков

Руски ракети погодија изутрината станбени згради при што се повредени шест лица во украинскиот град Харков, напиша локалниот регионален гувернер Олег Синегубов на Телеграм.

Според Синегубов, во нападот биле погодени три станбени згради, две канцеларии и гасовод во централниот дел на градот. Оштетени се најмалку 568 прозорци и 33 автомобили.

Игор Терехов, градоначалникот на Харков, за украинската телевизија изјави дека во нападот биле употребени две ракети С-300, кои не предизвикале значителна штета на станбените области.

Според руски медиуми, во нападот се погодени воените бази во Харков, каде биле стационирани украински војници.

Терехов рече дека продолжува работата за обновување на снабдувањето со гас. /МИА

Европратениците подготвуваат резолуција против странското мешање во ЕУ

Крах од редовите на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) е обвинет дека бил „на платниот список на Пекинг“.

По најновиот случај во кој помошник на германскиот европратеник Максимилијан Крах од редовите на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) е обвинет дека бил „на платниот список на Пекинг“ со цел да работи за промоција на кинеските интереси во ЕУ, политичките групации во Европарламентот бараат брза реакција од надлежните власти за расчистување на сите наводи за обиди за странско мешање.

Ова не е прв случај на обвинувања за странско мешање во пресрет на изборите за Европарламентот во јуни. Минатата недела властите на Чешка и Белгија обелоденија дека разоткриле руска пропагандна мрежа во која биле вклучени неколку европратеници, кои добивале „финансиска поддршка“ од Русија. Иако, во интерес на истрагата имињата на осомничените не беа соопштени, медиумите тврдеа дека станува збор за европратеници од редовите на екстремно десничарски партии од неколку европски земји, вклучително и од Франција и Германија.

Водечките политички групации во ЕП жестоко реагираа на ваквите наводи посочувајќи со прстот кон екстремната десница, која ја оквалификуваа како „најслабата алка“ подложна на странско влијание, а десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) подготвија и предлог-резолуции за кои треба да се расправа и гласа во рамки на утрешната парламентарна дебата посветена на „Новите наводи за руско мешање во Европскиот парламент и претстојните избори во ЕУ и за влијание во Унијата“.

Во Предлог-резолуцијата на ЕПП се нагласува дека постојат „кредибилни извештаи“ во кои се посочува дека европратеници од редовите на екстремно десничарската групација Идентитет и демократија (ИД) и на Левицата, но и членови на ЕП кој не припаѓаат на ниту една група, „свесно им служат на интересите на Русија што се рефлектира во нивните јавни настапи, при гласањето и во организацијата на настани“.

Во текстот се нагласува и дека не само Русија, туку и Кина се обидува да влијае и да се меша во ЕУ, посочувајќи на случаи на „кинески врски“ во унгарската владејачка партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, АФД, францускиот екстремно десничарски Национален собир (РН) на Марин Ле Пен и во неговата сестринска Партија на слободата на Австрија (ФПО).

Во Предлог-резолуцијата на либералната РЕ, пак, се бара разоткривање на „сите актуелни европратеници или кандидати на претстојните европски избори кои зеле пари или биле корумпирани од руската Влада или нејзини претставници“.

Либералите бараат и одземање на имунитетот на европратениците осомничени за поврзаност во вакви активности како дел од напорите за нивно санкционирање и зачувување на интегритетот на Европскиот парламент.

Дополнително, и во резолуциите на ЕПП и на РЕ се изразува загриженост поради „руското мешање во групите што се залагаат за независност на Каталонија“.

Но, не се само европратениците од десницата вмешани во скандали со странско влијание. Така во февруари годинава летонската европратеничка Татјана Жданока од Рускиот сојуз на Летонија (ЛРС), која не е членка на ниту една партиска групација, но претходно беше дел од групата на Зелените, беше обвинета дека е „руски шпион“ за што ЕП отвори внатрешна истрага. Од друга страна, во скандалот „Катаргејт“ што го потресе ЕП во 2022 година, актуелни и поранешни европратеници на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) беа осомничени за примање поткуп со цел да работат и лобираат во интерес на Катар и Мароко.

Дополнително, и поранешниот полски премиер Матеуш Моравиецки од национал-конзервативната и десно популистичка партија Право и правда (ПиС), која е членка на десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), обвини дека „Русија е активна во сите политички групи“, но дека главно насочува пари кон социјалистите.

Тетовец измамен, платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот регион пријавил измама во која дал пари на странска фирма за набавка на роба, па открил дека е измамен по информација од германски служби. Тој нарачувал преку интернет.

- На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт. Според пријавеното, тој преку интернет порачал роба за потребите на неговата фирма, за која преку банкарски трансакции во неколку наврати платил околу 21 илјада евра, но на 17.04.2024 од компанијата за транспорт го известиле дека нарачката била блокирана во Германија. Како што е пријавено, Б.Ф. стапил во контакт со надлежна служба во Германија, од каде му било кажано дека кај нив нема регистрирано таква стока, по што сфатил дека е измамен, информира СВР Тетово.

Тетовската полиција работи на расчистување на случајот.

притисни ентер