Денеска е неработен ден, поради празникот 11 Октомври – каква ќе биде судбината на предлогот на комората?
1Денеска е неработен ден, поради празникот 11 Октомври – каква ќе биде судбината на предлогот на комората?
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
3Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
КултураНови два броја од ревијата „Стрип креатор“Стрип-центарот на Македонија (СЦМ) со седиште во Велес објави два нови броја (21 и 22) од ревијата „Стрип креатор“, единствено постојано стрип издание во Македонија. Финансиската поддршка и овојпат ја овозможи Министерството за култура, а изданијата може да се набават во стрип книжарницата „Бункер“ во Скопје.Томе Трајков од СЦМ-Велес изјави дека и во оваа ревија доминираат најдобрите стрипови од Интернационалниот стрип салон, кој во октомври годинава по 13 пат ќе се одржи во Велес. Тоа се делата на Саша Арсениќ и Предраг Ивановиќ-Микица од Србија, Кирси Салонен од Финска, Петар Станимиров и Јоана Младенова од Бугарија, Михаел Петруш од Полска, Ангела Пиацентини од Италија, сценаристите Предраг Ѓуриќ и Марко Стојановиќ од Србија и други стрип автори. Заедно со нив, рамномерна застапеност добиваат и млади и неафирмирани стрип автори од земјава. Според Трајков, талентираните автори, како Јована Велинова, Филип Новески, Бојана Милчевска, Ивана Самандова, Ангела Чалоска, сценаристот Александар Стеванов, текстовите на младиот стрип теоретичар Бошко Караџов, се доказ дека македонската стрип култура има солидна иднина. - Ревијата „Стрип креатор“ која претходно се викаше „Стрип арт“ има посебно значење бидејки е единствено постојано печатено списание и доведе до континуитет на македонскиот стрип. Своите први стрипови во неа ги имаат објавено и некои веќе поафирмирани стрип автори од земјава. Преку ова списание, но и со други активности тие остваруваат контакти на домашно и пошироко ниво. Нивниот ангажман доведува и до формирање нови стрип субјекти. Само со професионалност и конструктивност се доаѓа до успех, а секој автор треба од талентиран да се претвори во квалитетен, истакна Трајков. Според анализите на СЦМ-Велес, континуираниот развој на стрип сцената во Македонија во последните две децении доведе до зголемено внимание од страна на институциите, пред се од Министерството за култура. - Тоа е за поздравување, но не смее да се задржи само во сферата на издаваштвото. Ние во Стрип центарот на Македонија-Велес секогаш нагласуваме дека стрипот како начин на изразување треба да биде етаблиран во секоја средина, додаде Трајков. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска е неработен ден, поради празникот 11 Октомври – каква ќе биде судбината на предлогот на комората? Ако се реализира предлогот на Стопанската комора за кратење на празниците, во тој случај денешниот ден би бил работен бидејќи празникот 11 октомври се падна во недела – токму поради тоа денеска ги прашавме граѓаните што тие мислат за овој предлог.Најголемиот дел од граѓаните со кои денеска разговаравме, а кои го искористија слободниот ден за прошетка сметаат дека законот не треба да се менува – велат за нив неработниот ден е законски загарантирано право и тоа никој не смее и не треба да им го одзима. – Стопанската комора имаше предлог ако празникот е недела понеделник да биде работен ден, како вие гледате на тоа, еве сега е таа ситуација? Па што знам да ви кажам, сепак треба одмор за овој народ, мислам дека треба одмор и секогаш кога се празници, ако се падне недела барем понеделник да биде слободен, малку со фамилијата да бидеме, сепак ние сме таква традиционална фамилија и сакаме да сме поблиску до фамилијата. – Треба да остане неработен бидејќи значењето на празниците не е само уште еден неработен ден, туку е давање на почит, за самиот повод којшто е празникот. Така да сметам дека не треба да се гледао д призма на неработен или работен ден кога се има празник. – Неработен како што си е и досега. (Да си остане вака?) Да. (значи не треба да се менува?) Не. (зошто сметате дека е подобро вака?) За повеќе неработни денови да имаме. – Искрено мислам дека треба да си остане вака, доколку се промени ситуацијата со просечна плата и како што кажав работното време на работниците да си се скрати, како што е во европските земји, таква статистика треба да се земе предвид, тогаш мислам дека можат да се скратат и празниците, доколку си остане вака мислам дека треба вака да си остане. И покрај тоа што многу граѓани бараат да нема промени, предлогот на Стопанската комора за кратење на празниците ќе се најде на маса на некоја од наредните седници на социо-економскиот совет, потврдува за канал 5 Ангел Димитров, претседател на организацијата на работодавачи. Според него предлогот на Комората начелно е добар, но допрва ќе треба да се доработува. – Очигледно е дека треба нешто да се промени таму, не станува збор само за кратење, туку станува збор за поедноставување на примената затоа што во овој момент зависи од вероисповеста – некои имаат повеќе прзници, некои помалку...Па да речеме имаме некои дејности кадешто недоаѓањето на едни луѓе на работа, смета на работењето на другите и можеби тука треба да се поедностави да постојат државни празници, да не се поделени на верски, и кои ќе важат за сите граѓани на Република Македонија, во кои ќе бидат вклучени и дел од овие верските празници моментално,- изјави Ангел Димитров, претседател на организација на работодавачи. Стопанската комора на 5 октомври го презентираше предлогот за кратење на празниците – Ако државен празник е во недела, понеделник да биде работен ден, а вработените да можат да изберат кои два верски празници ќе ги користат како неработни денови. Идејата на комората е вкупниот број на празници во Македонија од 16 да се намали на 13, а со тоа велат дека ќе се зголеми продуктивноста на работниците. Сепак, предлогот веднаш предизвика бурни реакции во јавноста – премиерот Мицкоски повика на почитување на стекнатите работнички права, додека за сојузот на синдикати на Македонија е недозволиво граѓаните да работат на празник без тоа да им биде дополнително платено. Предлогот на комората допрва ќе треба да биде испратен до Министерството за економија, а последниот збор за евентуално кратење на празниците ќе го имаат пратениците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНема крај на листите на чекање за операција Листи со стотици имиња на пациенти што чекаат на ред за операции, но и по година до две не се искачуваат на врвот за да добијат термин за интервенција. Полни се тефтерите и електронските списоци во скопските клиники, но „чаре“ за ефикасен систем и операции без одложување засега нема. Пациенти од Скопје кои се обратија до Канал 5, но поради страв за понатамошниот третман сакаа да останат анонимни, велат дека и по речиси две години од сообраќајните несреќи по кои им биле вградени метални делови во телото, сè уште чекаат да бидат повикани за нивно отстранување. Стравуваат дека долгото одложување може да им го загрози здравјето, а при секое јавување, велат, добивале ист одговор – операционите сали се реновираат. Директорот на ТОАРИЛУЦ (Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар) д-р Игор Мерџановски признава дека листите на чекање навистина се долги, од ден на ден дополнително се зголемуваат, а проблемот го гледа во централизираноста на системот во Скопје. -Ние имаме еден гап, една дупка од 10 години во кои овие болници лоцирани надвор од Скопје немаат кадри со кои што можат да ги извршат овие операции. Па, од цела Македонија притисокот се слева во Клинички, поточно во Скопје. -.Па листите на чекање нагло растат, не можеме да постигнеме бидејќи постојано имаме нови пациенти кои доаѓаат во Клиничкиот центар, но и во ГОБ „Осми септември“ и стара градска, трите болници што се најмногу на удар. Листите на чекање се високи, долги, незадоволството на пациентите е доста големо...И покрај тоа што ние работиме некогаш и за викенди, имавме некои коментари дека ние сме лекари и треба да работиме 24/7, сетоа тоа е во ред, но капацитетот на кадарот е тој, толку луѓе сме ние. - д-р Игор Мерџановски - директор на ТОАРИЛУЦ. Мерџановски вели тимови од Скопје одат во Гостивар, Куманово, Тетово и Прилеп за да оперираат и таму, а за проектот за реновација на ТОАРИЛУЦ објаснува дека не е целосно завршен, но е при крај. По хируршките сали сега трае реконстукцијата на одделот за интензивна нега. -Проблемите можам да ги насочам со текот на реновирањето што го имавме, сите тие работи што моравме да ги направиме, да ги поправиме, но остана уште интензивна нега реновирањето со кое сме при крај. - д-р Игор Мерџановски - директор на ТОАРИЛУЦ. Операционите сали на ТОАРИЛУЦ двапати беа официјално промовирани – во април и во јуни, но пациентите и понатаму чекаа за операции. И покрај свечените отворања, салите профункционираа на почетокот на август, откако, според објаснувањата на надлежните, биле надминати проблемите со изведбата и завршиле и безбедносните и санитарните процедури. Во меѓувреме, најголем проблем се создаде за пациентите, оние не толку „итните“ бидејќи дел од нив за операција чекаат од периодот пред и официјално да започне реконтрукцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаПочна изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, инвестицијата вреди 139 милиони евраПочнуваат работите на последната делница од 11,5 километри за да имама целосно автопат од Скопје до Охрид со што би се заобиколило искачувањето на Стража. Работите интензивно течат на делницата од Тетово до Гостивар, во тек е изградбата на делот од Гостивар до Букојчани и со почетокот на последниот дел кој недостигаше се поврзува и последниот дел од Букојчани до Кичево со што се прави една автопатска целина. За оваа делница беа потребни 10 годни подготовки, готова треба да биде за 4 години а ќе ја гради Штрабаг и Дуна. За изградбата на овој пат финансиите се обезбедени главно преку заем од Ебор од 119 милиони евра како и 20 милиони евра грат од Европската унија Инаку оваа делница е дел од европскиот Коридор 8, кој ги поврзува транспортните правци меѓу Македонија, Албанија и Бугарија. На оваа делница ќе се изгрди автопат со два правци , со по две ленти во еден правец од по 3,5 метри и дополнитлна лента за застанување од 2, 75 метри со што предвидената брзина на движење би била од 110 до 130 километри на час зависно од конфигурацијата на теренот. Предвидени се и две клучки од кои едната е пред Кичево со што ќе се добие целосна заобиколница околу Кичево која клучка треба да биде готова за две години. Покрај ова во змејава интензивнос е гради автопатско поврзување меѓу Прилеп и Битола, почна работите и за автопат од Скопје до Блаце . Новата делница е дел од европскиот Коридор 8, кој ги поврзува транспортните правци меѓу Македонија, Албанија и Бугарија. Освен за патничкиот сообраќај, таа е важна и за превозот на стоки, регионалната трговија и поврзувањето на стопанството Тагови: Коридор 8 Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook