МакедонијаНови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид, најавена интензивна изградба Владата денеска усвои Предлог-закон за нов анекс на Договорот за изградбата на автопатот Кичево – Охрид во должина од 57 километри со кинески „Синохидро“.Анекс со кој се овозможува ослободување на 205 милиони евра од претходно обезбедените финансии за проектот, со што ќе се интензивираат градежните активности на терен и ќе се овозможи исплата на домашните компании ангажирани како подизведувачи. Со предлогот е предвидено со нов, трет анекс, пак, што би се склучил околу 10-ти следниот месец да се утврдат цените за дополнителните градежни работи неопходни за одблокирање на проектот што беше во застој поради проблеми со проектната документација, несоодветни геомеханички испитувања, нерешена експропријација на земјиштето. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по денешната седница на Владата најавија дека законот уште денеска ќе биде испрати во Собранието. Со тоа, како што истакнаа, почнува да се решава проблемот за овој капитален проект, кој заедно со планираното интензивирање на работите за железничката делница Куманово – Бељаковце и за гасоводот треба да овозможи подобрување на состојбите во градежништвото по големиот пад во изминатиот период. Анѓушев појасни дека Владата одлучила да го продолжи проектот затоа што согласно со договорот што го склучила претходната власт со „Синохидро“, реалната состојба на терен и обврските што не ги исполнила македонската страна, изведувачот најавил низа жалби со кои ќе се плателе големи оштетни побарувања и можело да дојде до ситуација и воопшто да не се изгради патот. Во таква ситуација ќе имало огромни штети за ангажираните домашни компании и ќе се предизвикал домино ефект врз целата економија. Со помош на домашни и странски експерти и консултанти успеале да договорат „Синохидро“ да се откаже од жалбите, а услов за македонската страна со преговарите кои се во завршна фаза е значително намалување на разликите во цените со подизведувачите согласно ФИДИК правилата. - Од она што го имавме како евиденција цените коишто се плаќани од страна на нашите претпријатија кон „Синохидро“, а понатаму за истите тие работи кај што работеле подизведувачите што „Синохидро“ ги платил кон македонските подизведувачи, во просек има разлика во цената од 56 проценти. Тоа е така направено во основниот договор, а ние тоа не можеме да го продолжиме. Апсолутно беше услов и без тој услов не продолжуваме, односно тие разлики во цените да се намалат и да бидат согласно ФИДИК правилата, да има цена на подизведувач, признаен трошок на изведувачот..., рече Анѓушев. Во преговорите, дополни, мислам дека тие разлики ќе ги намалиме до 10 проценти, што значи дека ќе се направи 46 проценти разлика во цената за дополнителните количини кои се надвор од договорот, и кои ќе следат, а кои се предизвикани од дополнителните клучки, усеци, регионални патишта, и промена на технологија на тунелот. Очекува во септември, октомври и доколку дозволат временските услови и во текот на зимата, интензивно да се работи и да има сериозна градежна офанзива на оваа делница. Како што укажа министерот Сугарески, се ослободуваат 205 милиони евра кои ќе можат да се користат по сите ставки бидејќи согласно основниот Договор дел од средствата за одредени ставки не можеле да се користат. - Со овој Предлог закон завршуваме работа за два момента, едниот дел е да продолжи изградбата на сегментите каде е застаната, а вториот е да може да се вршат плаќањата на кинеската компанија кон другите компании кои работат, рече Сугарески. За изградбата на автопатската траса во должина од 57 километри ќе треба да се примени целосно нова технологија за изградба на тунелот кај Врбјани во должина од четири километри, кој со првиот проект бил предвиден за градба на земјипште со прва категорија, наместо со шестам односно на меко змејиште а не на карпест дел како што с епрепчорачува од експретите. Воедно ќе треба да се градат девет нови клучки и регионални патишта со оглед дека со постојниот проект не е предвидено поврзување на околните населени места со автопатската делница. Изградбата на автопатот стартуваше во февруари 2014 година и според постојниот договор требаше да чини околу 400 милиони евра.Со продолжувањето на рокот за изградба автопатот треба да биде готов до средината на 2021 година. Според најавата од министерот Сугарески, рокот за изградба на автопатот Миладиновци-Штип што завршува на крајот на месецов нема да биде пролонгиран од аспект на градежни работи, туку е можно минимално продлжување на активности за поставување сигналзиација и слични активности./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 30. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 30. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗоран Иванов и Благојче Атанасовски вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Зоран Иванов и Благојче АтанасовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter