ТехнологијаНови достигнувања: Дигитален систем за богатото археолошко наследство Институтот за старословенска култура од Прилеп веќе една година интензивно работи на проектот „Географски информациски систем- дигитални средини за дигитални културни вредности". Системот е наменет за сеопфатно осознавање на податоците, истражувањата и третманот на богатото археолошко културно наследство и фаќање чекор со европските достигнувања. Како што објасни Кристијан Талевски, истражувач од Институтот, се прави огромна дигитална база на податоци и е голем исчекор со примена на современите технологии. Спроведен е на шест локалитети во државава. – При создавањето на системот тргнавме од две основни тврдења: прво, културното наследство е чувствително и подложно на постојани промени. Поради тоа е постојано изложено на одреден ризик. Второто е тврдење дека за ефективно управување со културното наследство, неопходно е ние да го осознаеме. „Географскиот информациски систем – дигитални средини за дигитални културни вредности" е пилот-проект со кој се покриваат сите фази од третманот на културното наследство. Значи, буквално, од самото истражување и евидентирањето на културното наследство, преку анализата на податоците, па презентацијата и промоцијата на податоците. Овој проект е спроведен на шест локалитети од римскиот период; „Стоби, „Скупи", „Баргала", „Големо Градиште Коњух", „Хераклеа Линкестис" и „Лихнид". Во фокусот е недвижното наследство. Главно, информациите се поделени во две групи: информации за самите археолошки локалитети и информации за градбите. За секој локалитет има по околу 100 атрибути, а за секоја градба по 70-ина информативни показатели. Станува збор за обемна база на податоци. Имаме фантастична национална квалификација за културното наследство, а каде немаме правно регулирано, се користеа лексикони, информации од бази со податоци, главно од Британците, објаснува Талевски. Првичната идеја, вели истражувачот Талевски беше, на некој начин, да се разбуди свеста кај луѓето кои се најодговорни за управувањето со културното наследство. Но поради, дел објективни, дел субјективни проблеми, очигледно е дека во овој момент тоа е невозможно. Во моментов ситуацијата е релативно лоша зашто има малку интернет-страници на локалитетите и оскудни информации што овозможува квази-истражувачи да нудат нерелевантрни податоци. – Имаме интернет-страници за само неколку археолошки локалитети во државава. Пристапот до информации за културното наследство е строго ограничен, што остава простор одредени квази-научници и квази-истражувачи да пласираат информации кои не се релевантни. Но, доколку ние имаме еден ваков систем кој ќе се полни од стручњаци и кој ќе содржи информации кои ќе ги истражуваат научници-истражувачи, тогаш можеме релевантните информации да ги пласираме до пошироката јавност. Институтот за старословенска култура се обидува да изгради критична маса, па сметаме дека преку работилници, преку едукација на млади луѓе, во средно или студенти, да се рашири работата со географските информациски системи, што е можно повеќе луѓе нив да ги користат, за потоа, по години, сето да го издигнеме на повисоко, државно ниво, смета Талевски. На овој план во Европа е далеку стигнато, особено во Велика Британија. На Балканот, најдалеку се стигнати во Словенија, па во Хрватска, Бугарија. Ова е процес кој трае со години, а неопходна е и државна помош. – Кај нас основите се поставени и ако имаме јасна цел, стратегија кон што целиме, вистинските резултати може да ги очекуваме за, минимум 10,15 па и 20 години. Без поддршка од државата, ова е невозможна мисија, вели Талевски нагласувајќи дека ова е пилот-проект со помош на Канцеларијата на ЕУ и Министерството за култура. Бранко Ристески, археолог и директор на Институтот за старословенска култура ги нагласува трите аспекти и огромните придобивки од ваков Систем на дигитална база на податоци. -Користењето на современите технологии во истражувањето и проучувањето на културното наследство, може да се согледа низ три аспекти: стручно-научни, научно-истражувачки и третиот аспект, би го нарекол – утилитарен. Сето ова значи предокументирање на класичната археолошка документација на културното наследство, достапност на стручно-научно проверени податоци за секаква намена, па до туристичка експлоатација. Посебно ни е важна можноста за методолошки исчекор во проучувањето на културното наследство. Тоа овозможува ново ниво на осознавање, вели Ристески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКатастрофа во рудник за злато: Најмалку 100 загинати по уривање во Централноафриканската Република Најмалку 100 луѓе загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република.Најмалку 100 лица загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република, во близина на границата со Камерун, соопштија денеска локалните власти. Според првичните информации, одронот бил предизвикан од „уривање на неколку подземни тунели во кои работеле рударите“, соопштија од обвинителството во Бабуа, од каде што најавија и покренување судска истрага за причините за несреќата што се случи во вторникот, пренесува „Фигаро“. Рудникот „Замбоје“ се наоѓа на околу 50 километри од градот Бабу, каде што биле пренесени голем број од повредените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМореира во Милан за 50 милиони евра Лев бек на Стразбур и белгиски репрезентативец, 22 - годишниот Диего Мореира му се приклучи на Милан. Италијанскиот клуб плаќа фиксна сума од 50 милиони евра за Мореира, при што францускиот клуб би можел да добие дополнителни 16 милиони евра преку бонуси. Во договорот е вклучена и клаузула за процент од идна продажба. Од оваа продажба ќе профитира и Челзи, бидејќи Мореира го напушти клубот и премина во Стразбур пред две години за 8,5 милиони евра, плус клаузула за процент од идна продажба. Според „Трансфермаркт“ (Transfermarkt), пазарната вредност на Мореира изнесува 25 милиони евра. Тој забележа седум гола и 16 асистенции на 76 натпревари за Стразбур. Има одиграно четири натпревари за репрезентацијата на Белгија, вклучително и еден на неодамнешното Светско првенство.Тагови: Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Забава20 гастрономски приказни на aero street food festival 2026: скопје ќе вкуси нешто поинакво!Од такоси, суши и сочни бургери до свежа паста, фокача, сутлијаш и сладолед – паркот „Авионче“ во Општина Аеродром, од 4 до 8 септември, ќе биде највкусната точка во градот.Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе се претвори во голема кујна под отворено небо, исполнета со мирисот на свежо подготвена храна, жешки скари и специјалитети од различни светски кујни. На второто издание на AERO Street Food Festival ќе учествуваат 20 гастрономски брендови, со понуда што се движи од традиционални специјалитети до современи интерпретации на најпопуларните јадења од уличната гастрономија. „Нашата цел е фестивалот да прерасне во препознатлива градска традиција и место на кое се спојуваат квалитетната храна, домашната музика и добрата енергија. Оваа година фестивалот е поголем, поразновиден и содржински побогат, а учеството на 20 гастрономски брендови е потврда дека заедно создаваме настан што носи вистинска вредност за Аеродром и за цело Скопје. Особено ни значи поддршката од Општина Аеродром и Град Скопје, кои ја препознаа нашата визија и потенцијалот на фестивалот“, изјави Дарко Панчевски, организатор на AERO Street Food Festival. За љубителите на мексиканските вкусови, Mustacos и 11: Eleven ќе подготвуваат такоси исполнети со богати комбинации од свежи состојки, сосови и зачини. Оние што претпочитаат лесни, прецизно подготвени и визуелно впечатливи залчиња ќе можат да уживаат во сушито на Loras Sushi. Бургерите – ѕвезди на уличната гастрономија Со свои уникатни комбинации ќе се претстават Fat Kitchen, Burgerslut, Jojo’s BBQ, Oljo’s и Smash Burger. Од класични до богато наполнети бургери и сендвичи, секој бренд ќе донесе сопствен вкус и стил. Jojo’s BBQ дополнително ќе понуди хот-дог, Noa Gyradiko ќе внесе медитерански дух со свежо подготвено гиро, а Жешко компирче ќе служи топол печен компир со путер и разновидни прилози по избор. Италијански и традиционални вкусови Вкусот на Италија ќе пристигне преку свежата паста и кросаните на Bistro 64, ароматичната фокача на Sorelle и пиците на „15 за 12“ и Pizza Vice City. Во понудата ќе се најдат и традиционалните кебапи на Дестан – добро познат гастрономски симбол што со генерации ги собира луѓето околу иста маса. Слатко финале За освежување со сладолед ќе се погрижат Scoop и Sweet Look, додека Milkey ќе подготвува палачинки со препознатливиот мирис на детството. Фестивалското мени ќе го дополнат кремастиот десерт на Сутлијаш бар и топлото, ароматично печиво со крцкава кора од Трансилваниско трдло. „AERO Street Food Festival е настан што потврдува дека Аеродром е општина во која се создаваат убави моменти, се негува културата и се гради заедништвото. Навистина ми е драго што и годинава паркот „Авионче“ ќе биде место за музика, дружење, добра храна и забава за сите генерации. Како Општина, секогаш ќе ги поддржуваме настаните што носат позитивна енергија, ја збогатуваат понудата за нашите граѓани и го оживуваат јавниот простор. Верувам дека фестивалот ќе прерасне во убава традиција и секој септември ќе носи посебна атмосфера во Аеродром. Ги поканувам сите да бидат дел од оваа фестивалска приказна“, изјави Дејан Митески, градоначалник на Општина Аеродром. Од првиот залак до последната лажичка десерт, посетителите ќе можат да избираат меѓу такоси, суши, бургери, сендвичи, хот-дог, гиро, печен компир, паста, кросани, фокача, пица, кебапи, палачинки, сутлијаш и сладолед – придружени со богата програма на македонски музички изведувачи. AERO Street Food Festival е поддржан од Општина Аеродром и Град Скопје, кои го препознаа неговото значење за промоцијата на домашната музика и локалната гастрономија, како и за збогатувањето на културната и забавната понуда на градот. Од 4 до 8 септември, Скопје ќе мириса поинаку, Аеродром ќе вкуси поинаку, а паркот „Авионче“ ќе стане најголемата трпеза во градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19