Нови докази за убиството на славниот рапер Тупак Шакур, полицијата ја претресува куќата - Канал 5

Нови докази за убиството на славниот рапер Тупак Шакур, полицијата ја претресува куќата

Полицијата во американската сојузна држава Невада потврди дека извршила претрес оваа недела како дел од нерасчистеното убиство на раперот Тупак Шакур.

Нови докази за убиството на славниот рапер Тупак Шакур, полицијата ја претресува куќата

Детективите го претресоа домот во Хендерсон, предградие на Лас Вегас, каде Шакур беше убиен во септември 1996 година.

Полицијата во Лас Вегас не соопшти дополнителни детали за истрагата, велејќи дека истрагата за неговото убиство се уште е во тек. Шакур имал 25 години кога бил убиен. Засега никој не е уапсен и засега нема осомничени.

Домот кој беше претресен е на помалку од 20 милји од Лас Вегас Стрип, каде што беше застрелан Шакур. „ЛВМПД може да потврди дека на 17 јули 2023 година во Хендерсон, Невада е издаден налог за претрес, како дел од тековната истрага за убиството на Тупак Шакур“, се вели во соопштението на полицискиот оддел во Лас Вегас. „Во овој момент нема да имаме дополнителни коментари.

Полицаецот од Лас Вегас Џејсон Јохансон изјави за Las Vegas Review Journal дека детективите повторно работат на „ладниот случај“. „Тоа е случај кој останува нерешен и се надеваме дека еден ден ќе го промениме тоа“, изјави тој за весникот.

Шакур, чие уметничко име е 2Pac, го издаде својот деби албум во 1991 година и постигна успех на топ листите со хитовите како California Love, All Eyez on Me, Changes и I Ain't Mad at Cha.

Тој почина на 13 септември 1996 година, една недела откако беше застрелан со четири куршуми во неговиот автомобил додека чекаше на семафор. Шакур, кој има продадено повеќе од 75 милиони албуми ширум светот, постхумно беше примен во Куќата на славните на рокенролот во 2017 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

Државата повторно излегува на пазар да се задолжува. 92 милиони евра државни хартии на 20 октомври. 

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

Уште едно задолжување, уште една бројка, уште милиони.

Уште една дупка. Уште еден кредит што граѓаните ќе го враќаат.

Колку уште? Четири милијарди евра Мицкоски направи долгови за две години.

Половина од долгот од независноста. Втор ребаланс, трет најавен.

Секоја недела нови десетици милиони евра врз грбот на народот. Сега 92 милиони евра. Утре пак.

Арамијата Мицкоски полни дупки со нови задолжувања наместо да прави буџет за следната година.

Парите одат на криминални тендери, на Гета од 5,53 милиони, на провизии. Не на пензии. Не на плати, не за поголема минимална плата. Не за земјоделците.

Министерката Кочовска зборува за стабилна економија. Стабилна со 4 милијарди долг?

Стабилна кога три минимални плати не ја покриваат кошничката со ќирија за стан за едно семејство?

Стабилна кога младите се пакуваат и заминуваат?

Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија во Европа. Третина од стандардот во ЕУ.

Задолжувањето не е развој. Задолжувањето е сметка за идните генерации.

Додека арамијата црта бајки, државата се задолжува. Народот плаќа.

Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши.

Скопје, 16.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредени

И третиот ден од протестите во Тирана беше проследен со насилство и судири со полицијата.

Видео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредени

Маскирани демонстранти фрлаа камења, тврди предмети и огномет врз институциите.

Во инцидентите беа повредени 26 лица, а двајца полицајци се хоспитализирани. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Нападнати беа кабинетот на премиерот, Парламентот и повеќе министерства.Оштетени беа најмалку четири банки, продавници, киосци и други деловни објекти.за време на протестите беа запалени неколку киосци и две стражарници.

Меѓу нападнатите објекти беше и стражарницата на Амбасадата на САД во Тирана.

Најжестоки судири се случија пред кабинетот на премиерот Еди Рама.

Рама ја отфрли можноста за оставка, нагласувајќи дека владите се менуваат преку избори.тој изрази подготвеност за дијалог со студентите и за разгледување на нивните барања.

Протестите продолжија и во вечерните часови, оставајќи значителна материјална штета во главниот град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска, кога украинскиот лидер ќе се придружи на вториот ден од самитот на ЕУ.

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина да ги прекине нападите врз руските рафинерии за нафта,и го обвини за покачените цени на горивата.

Зеленски возврати, велејќи дека всушност војната на Трамп против Иран е одговорна за прекинот на испорака на горивата.

Зеленски вели дека се чувствува предаден од договорот за снабдување со дизел што Трамп ја склучи минатиот петок со Путин, иако Русија е под санкции.

Оттогаш, односите меѓу Зеленски и Трамп брзо се влошија. Трамп повика на нови избори во Украина, кои се забранети во воено време, додека Зеленски инсистира дека нападите врз руските рафинерии за нафта, кои Трамп го замоли да ги запре, ќе продолжат.

Се очекува лидерите на ЕУ, од кои многумина ги сметаат нападите со долг дострел како главна предност на Киев врз Москва, да ги зближат редовите зад украинскиот лидер за да прикажат заеднички фронт додека трансатлантската алијанса поминува низ уште една криза на единство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер