Нови девет дела од македонски автори ќе се преведуваат во странство - Канал 5

Нови девет дела од македонски автори ќе се преведуваат во странство

Нови девет дела од македонски автори ќе бидат преведени од страна на девет странски издавачи од пет земји на чешки, бугарски, руски, српски и италијански јазик, чии апликации за превод се прифатени на Конкурсот за странски издавачи на Министерството за култура.

Нови девет дела од македонски автори ќе се преведуваат во странство

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на денешната прес-конференција во Музејот на македонската борба оцени дека преку оваа стимулативна мерка Министерството за култура успеа да обезбеди соодветен и достоинствен третман на нашите автори кај странските издавачки куќи, ефективна промоција на македонското творештво, но и на нашата држава во меѓународен контекст.

- Денеска можеме слободно да кажеме дека Република Македонија е во чекор со големиот број европски земји кои ја применуваат практиката за поддршка на преводи која во последните години е тренд и е стабилна и контунирана афирмација на културата на една земја. Во тој контекст со особено задоволство ќе информирам дека во рамките на овој конкурс досега се поддржани преводи на 99 остварувања на 49 македонски автори кои се преведени на 21 светски јазик (германски, француски, руски, полски, српски, англиски...) со вкупна поддршка од 11.028.622 денари, рече Канческа Милевска.

Таа посочи дека деветте нови пријави од странски издавачи од пет земји ги разгледала и поддржала стручната комисија во состав Нове Цветаноски, Виолета Димова и Енвер Беќири согласно критериумите содржани во Конкурсот.

Станува збор за издавачката куќа „Ветрне Млини“ од Брно, Чешка Република, која ќе го објави делото „Резервен живот“ на Лидија Димковска, чиј превод на српски, англиски и на италијански јазик е веќе поддржан во рамките на овој конкурс на Министерството.

Издавачките куќи „Скалино“, „Персеус“ и „Изида“ од Софија на бугарски јазик ќе ги објават делата: „Јазичен триптихон“ од Славе Ѓорго Димоски за која авторот ја доби наградата „Ацо Шопов“, романот „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли и книгата „Кадифена покривка“ од Оливера Николова која е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2015 г.

Издавачката куќа „У Никитских Ворот“ од Москва ќе го издаде романот „Аквамарин“ од Тања Урошевиќ, Издавачките куќи „„Граматик“, „Албатрос Плус“ и „Драслар“ од Белград, Република Србија, ќе ги преведат: Антологијата на младата македонска поезија „Лирски Додекамерон“ на Владимир Мартиновски, романот „Зад аголот“ на Томислав Османли и романот „Дали го сакате Дали“ на Христо Петрески, а првата книга раскази на Силвија Митевска „Додека Данте спие“, издавачката куќа „Беса Саленто Букс“ од Лече, Италија, ќе ја издаде на италијански јазик.

Претседателот на стручната комисија Нове Цветаноски истакна дека за 30-тина месеци преку овој Конкурс на Министерство за култура се поддржани стотина дела од македонски автори за превод на други јазици, со што, вели, е направен голем извоз на квалитетни македонски производи, односно значаен излез на меѓународната сцена на квалитетни дела од македонските автори. Во најголем дел станува збор за романи, но има и други жанрови како поезија и драма, а во однос на авторите застапени се од различни генерации од македонската литература, но доминира помладата генерација.

- Овој прв бран на стотина прифатени пријави за превод ќе бидат добра реклама и добра иницијатива за нови преводи затоа што нивниот квалитет ќе повлече превод на нови македонски автори. Мислам дека сега многу широко се отворени вратите за македонската литература на меѓународната сцена и дека се поинтензивен ќе биде интересот на странските издавачи за македонските дела и автори, рече Цветановски.

Според него, Македонија е на врвот на земји во Европа заедно со скандинавските според висината на одобрените грантови за превод, веднаш по ЕУ и мрежата за преводи „Традуки“, што е една од причините за зголемениот интерес на странските издавачи за македонските автори.

- Статистички, според износите што Министерството за култура ги одобрило досега Лидија Димковска е најподржан автор, следат Томислав Османли па Киро Донев. За Димковска и Османли се одобрени грантови за пет преводи, а за Киро Донев кој е зад нив по износите се одобрени седум преводи. Според бројот на прифатените пријави водечки автор е Киро Донев со седум преводи, следат Димковска и Османли со по пет преводи, потоа Душко Родев со четири, потоа по три Влада Урошевиќ, Венко Андоновски, Христо Петрески, Трајче Кацаров, ..., рече Новески.

Од името на авторите се обрати Тања Урошевиќ која нагласи дека ова е многу полезна иницијатива која ги отвора пошироко вратите на светот кон македонската литература. - Знаеме колку е тоа важно и на општ план, а колку е важно и за самите автори. Интимно кога се пишува се сака да се пробијат што повеќе бариети до можниот читател и колку е тоа пошироко овозможено толку е авторот среќен, позадоволен и се чувствува остварено, рече Урошевиќ.

Инаку, Министерството, нагласи Канческа Милевска, ќе продолжи со оваа поддршка и со капиталните едиции на значајни македонски дела, но и со поддршката за проектите на приватните издавачки куќи, за кои, вели, од 2006 година до денеска е обезбедена поддршка за издавање на преку 5.000 значајни публикации, монографии и книги на македонски јазик и на јазиците на заедниците кои живеат во државата. Министерството за култура во изминатите осум години откупило и повеќе од 50.000 публикации во насока на збогатување на библиотечниот фонд на националните и локалните библиотеки, за што на годишно ниво во просек се издвојуваат по два милиона денари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер