Нови детали за трагедијата во Србија, кога татко си ги уби двете ќерки и сопругата (ВИДЕО) - Канал 5

Нови детали за трагедијата во Србија, кога татко си ги уби двете ќерки и сопругата (ВИДЕО)

Против Здравко Горановиќ, кој вчера ги уби сопругата и двете ќерки во куќа во Сомбор, а потоа самиот си пресуди, полициската управа во мај 2020 година поднела кривична пријава за насилство врз сопругата Мирјана и ќерките.

Нови детали за трагедијата во Србија, кога татко си ги уби двете ќерки и сопругата (ВИДЕО)

Неговата сопруга претходно годинава го пријавила во полиција за семејно насилство, пишува Телеграф.рс.

Да потсетиме, во куќата лоцирана на улицата Симе Шолаје во Сомбор се пронајдени четири тела, а куќата горела. Откако ги убил ќерките, Анастасија(19) и Анабела (15) и сопругата, Здравко Горановиќ ја запалил куќата и се самоубил.

Насилството во домот на Горановиќ се случувало во периодот од 2016 до 2020 година. На предлог на обвинителството, во текот на истрагата му била одредена мерка притвор бидејќи се криел и се заканувала опасност од бегство.

Нему му било забрането да се приближи до семејството и му било наредено да се исели од куќата. Тој бил уапсен на 30 јули годинава, а на 20 декември судот наместо да му го продолжи притворот по барање на обвинителството, на што обвинителството поднело жалба, му го прекинал.

Точно девет дена по ослободувањето, ги убил сопругата и двете ќерки.

„Основното јавно обвинителство Сомбор по спроведената истрага поднесе обвинителен акт против Здравко Горановиќ, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство од член 194 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик кон неговата поранешна сопруга и Обвинението го товари обвинетиот за преземени дејствија во периодот од 2016 до 2020 година.Против именуваниот во овој орган е поднесена кривична пријава од страна на полициската управа на Сомбор откако неговата поранешна сопруга, која беше повредена, го пријавила настанот во мај 2020 година. Оваа кривична пријава е прва и единствена кривична пријава поднесена против Здравко Горановиќ за кривично дело семејно насилство од член 194 од Кривичниот законик“, велат од обвинителството за Телеграф.рс.

Според нив, против Горановиќ по пријавата биле изречени итни мерки, кои што подоцна на предлог на обвинителството, биле продолжени.

„Истовремено, обвинителството до Основниот суд во Сомбор во вонпарнична постапка поднесе тужба за изрекување мерки за заштита од семејно насилство, а донесена е и пресуда со која на Здравко Горановиќ му се забранува да ги вознемирува сопругата и децата, а воедно и вонредна постапка со наредба за негово иселување од семејниот дом“, велат од државното обвинителство.

Одреден му е притвор бидејќи се крие и се заканува бегство.

„На 30.07.2021 година тој е лишен од слобода и оттогаш е во притвор по претходно поднесен предлог на обвинителството. Обвинението против него е веќе поднесено и потврдено во Основниот суд во Сомбор“, соопштиле од обвинителството.

На главната расправа одржана на 20 декември годинава, кога завршило судењето, обвинителството предложило продолжување на притворот за обвинетиот.

Обвинетиот е прогласен за виновен и осуден на единствена затворска казна од три години и три месеци, а притворот не му е продолжен, туку му е укинат.Обвинителството по добивањето на решението за укинување на притворот веднаш поднесе жалба“, соопштило обвинителството.

YouTube video

Телеграф.рс се обратиле и до Основниот суд во Сомбор, но одговор не добиле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху: Рано е да се каже кои биле мотивите за нападот на пилотот и обидот за уривање на авионот на „Флајдубаи“

Изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави оти е прерано да се каже што стои зад спречениот обид на копилотот да предизвика уривање на авионот на „Флајдубаи“ кој летал од Дубаи кон Тел Авив.

Нетанјаху: Рано е да се каже кои биле мотивите за нападот на пилотот и обидот за уривање на авионот на „Флајдубаи“

Властите, како што пренесува Би-Би-Си, сè уште немаат информации за мотивот на копилотот кој со нож го нападна својот колега, пилот во авионот..Изралескиот премиер рекол дека напаѓачот е под истрага во Саудиска Арабија, каде е упасен откако авионот на „Флајдубаи“ принудно слета на аеродромот во табук, по совладувањето на копилотот од страна на патниците.

Вознемирените патници раскажаа како упаднале во пилотската кабина и се бореле со напаѓачот додека авионот нагло почнал да губи висина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје во недела ќе трча во ритамот на Виз Ер Скопскиот маратон

Сè е подготвено за 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи во недела, 4 октомври, кога Скопје повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија. 

 Скопје во недела ќе трча во ритамот на Виз Ер Скопскиот маратон

На традиционалната прес-конференција по повод годинешното издание, која се одржа денеска во Europe House, беа презентирани најважните информации за организацијата, трките и подготовките за големиот спортски настан.

Годинава маратонот поставува нов рекорд со пријавени 15.050 натпреварувачи од 63 земји, што уште еднаш потврдува дека Виз Ер Скопскиот маратон одамна ги надмина локалните рамки и прерасна во значаен меѓународен спортски настан. Покрај рекордниот број учесници, на стартот ќе има и елитни тркачи од повеќе земји, кои ќе се борат за најдобрите резултати. Најбројни по земји, покрај учесниците од Македонија, се натпреварувачите од Србија, Германија, Велика Британија и Турција.

За значењето на маратонот за градот зборуваше Зоран Стојановиќ, претседател на Сојузот на спортови на Скопје, кој истакна дека Виз Ер Скопскиот маратон со секое ново издание ја потврдува својата спортска традиција и значењето за Скопје.

„Виз Ер Скопскиот маратон е спортска традиција која со секое ново издание го обединува Скопје. Оваа година имаме рекорден број учесници и голем број тркачи од странство, што е потврда дека маратонот има свое место на меѓународната спортска мапа. Нашата цел е сите учесници да имаат одлични услови за трката и да понесат убаво искуство од Скопје.“

Масовноста и вклученоста на граѓаните се важен дел од приказната на маратонот, а токму спортот и активното учество на заедницата се во фокусот и на Министерството за спорт. Министерот за спорт Борко Ристовски посочи дека ваквите настани имаат значење и за промовирањето на спортот кај младите.

„Маратонот е пример како спортот може да ги обедини граѓаните и да испрати позитивна порака до целото општество. Министерството за спорт продолжува да ги поддржува настаните кои го промовираат спортот и активното учество на граѓаните,“ истакна Ристовски.

Поддршката за маратонот доаѓа и од Делегацијата на Европската Унија, а Бен Нупнау, заменик-шеф на Мисијата на ЕУ во Македонија, истакна дека голема чест и задоволство е што и оваа година ја поддржуваат манифестацијата.

„Голема чест и задоволство е за нас што и оваа година ја поддржуваме оваа голема спортска манифестација. Спортот ги поврзува луѓето без оглед на нивното потекло и граници, а Виз Ер Скопскиот маратон е убав пример за тоа како еден настан може да ги поврзе Скопје, државата и европската спортска заедница.“

Подготвеноста на градот да биде домаќин на големиот спортски настан ја потврди и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој упати и повик до скопјани да бидат дел од атмосферата на 4 октомври.

„Град Скопје ја дава својата целосна поддршка на маратонот, со сета расположливост на јавните претпријатија и службите кои се вклучени во организацијата, за настанот да помине безбедно и во најдобар ред. Ги повикувам скопјани да излезат, да ги бодрат тркачите и да бидат дел од енергијата која го прави маратонот посебен.“

Спортскиот директор на Виз Ер Скопскиот маратон, Кире Синадиновски, посочи дека рекордниот број учесници е голем предизвик, но и дополнителна мотивација за тимот.

„Со рекордниот број пријавени учесници, ова е голем предизвик за сите нас, но и голема мотивација. На 4 октомври очекуваме уште едно големо тркачко доживување и ги повикуваме сите да бидат дел од него.“

Зад успешната организација стои и голем број луѓе кои со месеци работат на подготовките. Секретарот на Виз Ер Скопскиот маратон, Гордана Николовска, посебно ја истакна улогата на околу 500 волонтери кои ќе бидат распоредени на различни позиции долж патеките.

„Зад секое издание на Скопскиот маратон стои голем број луѓе кои посветено работат со месеци. Оваа година имаме околу 500 волонтери кои ќе бидат на различни позиции долж патеките и ќе бидат важен дел од целата организација. Од организацискиот тим и волонтерите, до институциите, партнерите и сите кои ја поддржуваат трката – секој има свој удел во успехот на маратонот.“

Годинешното издание повторно носи четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетна трка.

Покрај натпреварувачкиот дел, Виз Ер Скопскиот маратон и годинава подготвува активности со кои дополнително ќе се збогати искуството на учесниците и публиката. Посебно внимание е посветено и на поддршката долж патеката, која традиционално е еден од препознатливите делови на маратонот.

На 4 октомври, улиците на Скопје повторно ќе бидат исполнети со маратонци, полумаратонци, рекреативци, навивачи и поддржувачи. Рекордните 15.050 учесници од 63 земји ќе трчаат низ главниот град, а Скопје ќе има уште една можност да покаже дека знае да биде добар домаќин на големите спортски настани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за ново предавство на Македонија кон Бугарите?

Венко Филипче, кој е познат како личност која се спротивставува на се, само колку да биде против се што е корисно за граѓаните и државата, исто така е познат заедно со неговиот другар и учител Зоран Заев и како предавник.

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за ново предавство на Македонија кон Бугарите?

Филипче вели – прво Бугари во Устав, па се друго.

Добро знаеме дека предавничкиот момент им е карактеристика, но ова укажува дека е на повидок договор за ново предавство.

Ова отвора низа дилеми и прашања, меѓу кои главно е тоа дали има комуникација помеѓу Румен Радев и Заев? Потоа следи и прашањето зошто Филипче не зборува за заштита на македонскиот идентитет?

Јавноста заслужува да знае дали навистина зад овој став на Филипче е некој нов бизнис договор?

И додека талогот од СДС и Филипче и неговиот учител знаат само да продаваат се македонско за да им поминуваат бизнис интересите, ВМРО-ДПМНЕ има јасен став. ВМРО-ДПМНЕ е за Македонија во ЕУ, но не прифаќа ништо што се прави под диктат од официјална Софија. Затоа, и на поканата од креаторот на бугарското вето, Красимир Каракачанов, кон претседателот Христијан Мицкоски да присуствува во Софија на пречекот на моштите на Цар Самуил, одговорот е јасен – адресата е погрешна, поканата треба да оди на адреса на Заев и Филипче.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер