ВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали
2ВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали
КултураНови десет изданија од проектот антологии на македонската литература на шест јазициНови 10 тома од проектот Превод на антологии на македонската книжевност на шест странски јазици, кој го реализираат Владата на РМ и Министерството за култура, беа промовирани денеска. Се работи за сублимиран приказ на репрезентативен избор од најдоброто од македонските литературни дела кои интегрално беа објавени во едицијата „135 тома македонска книжевност“, а потоа во целост преведени и на англиски јазик. Антологиите на дела од поезија, роман, расказ, драма, есеј, книжевна критика и литература за деца, се објавуваат на француски, германски, шпански, руски, арапски и на кинески јазик. Ова беше втора промоција од овој проект, и се очекува да биде заокружен до крајот на годинава, а веќе наредната, изданијата да бидат распределени во национални библиотеки и образовни институции во земјите на соодветните јазици. Премиерот Никола Груевски на промоцијата истакна дека покрај капиталните проекти со кои на македонски јазик се приопштуваат најзначајните светски наслови (проектите: Нобеловци, Ѕвезди на светската книжевност, Превод на 1000 учебници и Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа), се реализира и обратен процес - огромното македонско книжевно богатство да се пробие во светот преку преводи на повеќе светски јазици. - На голем број љубители на книжевноста надвор од Република Македонија им ја доближуваме нашата култура и богатото литературно творештво. Еден цел серијал од жанрови и дела преку овој проект ќе станат достапни за граѓаните од многу држави и од повеќе јазични подрачја, имајќи предвид дека планот е штом се комплетира целиот овој проект, книгите ќе бидат распределени по стотици библиотеки, национални установи од книжевноста во многу држави низ светот, како што тоа го направивме со преводот на овие книги на англиски јазик, рече Груевски. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека Владата и Министерството за култура и во иднина безрезервно ќе ги поддржуваат иницијативи кои се во насока на промоција на македонската книжевност во меѓународен контекст. - Наша цел е да бидеме видливи во европскиот и светскиот културен простор и во таа смисла ќе продолжиме со реализацијата на проектите кои ќе овозможат долговечност на нашата богата литература и култура, рече Канческа-Милевска. Проектот го реализира НУБ Св. Климент Охридски. Директорот на НУБ Иван Заров истакна дека за успешното приопштување на сите вредности на македонските книжевни дела на овие шест јазици голема заслуга имаат преведувачите и афирматори на македонската литература, како и приредувачите на антологиите (Санде Стојчевски, Раде Силјан, Бранко Цветкоски, Веле Смилевски, Јелена Лужина, Венко Андоновски и Иван Џепароски) кои, како што рече, на минуциозен начин успеале да направат синтеза и да ја претстават раскошната разновидност на литературните жанрови. Промоторот на антологиите, писателот Ефтим Клетников, меѓу другото, истакна дека бројните литературни проекти на Владата се визионерски и затоа нивните ефекти во појасна светлина, рече тој, ќе се видат по неколку децении. - Овие проекти нас, како мал народ, не внесуваат во светскиот духовен простор во кој сме незгаслива искра во неговиот креативен план. Културата е нашето од древни времиња најголемо завештание, рече Клетников. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаСДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо МихајловПред 85 години партизаните излегоа за слободна држава. За слобода. За достоинство на човекот. Против фашизмот!Не за поделба. Не за понижување на народот. Не за да го викаат талог, мочуриште, медиокритети, глодари. Тој речник не е од 11 Октомври и вредносите на НОБ. Тој речник е од друга традиција. СДСМ ја памети својата, секогаш на вистинската страна на историјата. Антифашизмот не е споменик туку обврска. Обврска да се живее во мир и слога, не во закани и раздор. Обврска законот да важи за сите, не само за оние што немаат кабинет. Обврска зборот да биде слободен, а медиумот да не биде во мрак. Обврска државата да работи за себе, не за интерес на друга земја. Иднината е во Европа. Во подобар стандард. Во плата од која се живее достоинствено и добро. Во пензија што не се крои секој месец. Во чиста и здрава вода. Во млади што остануваат дома, не затоа што им е речено да бидат патриоти, туку затоа што имаат работа, дом и иднина. Патриотизам е како се живее денес и што им се остава на децата утре. Да не мораат да земаат бугарски пасоши. Да не мораат да глумат патриоти заради личен интерес, туку вистински да ја сакаат и да ја почитуваат својата татковина. Лажниот патриотизам не смее да биде пат кон власт. Македонија не е депонија за туѓ проект. Не е рудник за туѓа муниција. Не е хардвер за туѓа дигитализација. Не е ходник за туѓа агенда. Не е каса за провизија. Македонија е заедничка татковина. Се работи за сопствената татковина, се живее со соседите. Доколку е потребно и се преговара, не се провоцира. Предците се бореа да имаме држава. Денешната генерација има битка за иднината. Битка против корупцијата и криминалот, за подобар живот, повисоки плати. Битка за слобода на говор и медиуми. Битка за нормален и достоинствен живот. Битка да живее чесниот свет, не банда. Заедничка битка за Европа. СДСМ е наследник на таа борба. Со демократски средства. Со вистина. Со глас на народот. Државата ќе ја вратиме во служба на народот. Иднината не е во поделбите. Иднината е во Европа, во правда и во слобода. Скопје, 11.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеалиДенес го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор. На 11 октомври 1941 година во Прилеп и Куманово, Македонците храбро го кренаа првиот удар за слобода.ЧЕСТИТКА ОД ВМРО-ДПМНЕ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ-ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали Денес го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор. На 11 октомври 1941 година во Прилеп и Куманово, Македонците храбро го кренаа првиот удар за слобода. Денес им се поклонуваме на храбрите борци и на нивните идеали за слобода. Благодарение на нивната пожртвуваност, денес ние живееме во слободна татковина. На овој голем ден ја славиме решителноста на македонскиот народ за слобода и создавање самостојна и независна држава. Тие идеали и денес нe водат во создавањето подобра сегашност и подобра иднина за генерациите што доаѓаат. ВМРО-ДПМНЕ непоколебливо го следи заветот што го оставија храбрите борци. Обединети и сплотени, да го продолжиме стремежот на борците од НОБ за да имаме попросперитетна Македонија, да го вложиме своето знаење и труд во негувањето и развојот на нашата татковина. Се залагаме за зачувување, развој и напредок на македонската држава, за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани. Да ги пренесеме идеалите на младите генерации и самата идеја да се живее и расте во сопствена, самостојна и независна држава. Нека е честит 11 Октомври, Денот на народното востание! Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаНезависен синдикат на полицијата :Реакција на нападите за полициска бруталност[⛔️] Независниот синдикат на полицијата најостро ги осудува обидите за политичка манупулација и ставањето на етнички предзнак на борбата против недозволената трговија со дрога.[👮♂️] Имено, од информациите со кои располагаме како синдикат, се работи за полициска акција во која осомничените лица најпрво се обидуваат да ги прегазат колегите, потоа го одземаат службеното оружје на еден од колегите, за на крај додека се даваат во бегство предизвикуваат неколку сообраќајни незгоди на автопатот Скопје - Тетово од каде се здобиваат со повреди и каде по дополнителна проверка е пронајдена дрогата. [❗️] Апсолутно ирелевантен е фактот што се по националност колегите кои постапуваат и го ставаат својот живот во ризик поради спречување на ваквиот тип на сериозен криминал кој нема етничка граница. Секако ги повикуваме сите релевантни структури да извршат внимателна проверка и контрола на настанот и постапувањето на колегите, додека политичките партии да се воздржат од заземање на страната на криминалот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook