Нови членови и ново раководство во Доброволното противпожарно друштво Кочани - Канал 5

Нови членови и ново раководство во Доброволното противпожарно друштво Кочани

 Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани оствари прва средба со новите кандидати кои се пријавија на јавниот повик што траеше до 30 јуни.

Нови членови и ново раководство во Доброволното противпожарно друштво Кочани

Пријавени се вкупно 24 кандидати, од кои шест се жени.

Средбата имаше запознавачки карактер, а во наредниот период, кандидатите ќе минат низ теоретска и практична обука во соработка со професионалните пожарникари од ТППЕ Кочани.

Паралелно со активностите за прием на нови членови, во друштвото е извршена и промена на командирското место на интервентната единица.

Досегашниот командир Дејан Минов од 1 јули е дел од редовниот состав на ТППЕ Кочани, а на негово место за нов командир е назначен Мирче Павлов. За заменици се избрани Горан Илиев и Даниел Јорданов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 година

Вашиот глас е важен. Вашите идеи, предлози и барања можат да станат конкретни проекти и активности што ќе го подобрат секојдневието во нашата општина. 

О. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 година

Општина Карпош ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во Форумот за граѓански буџет за 2027 година и заеднички да ги утврдиме приоритетите за развој.

Форумите ќе се одржат во холот на општинската зграда, во периодот од 15:00 до 17:00 часот, според следниот распоред:

I БУЏЕТСКИ ФОРУМ – ВЛАЕ, ЗЛОКУЌАНИ И БАРДОВЦИ • У.З. Влае 1 • У.З. Влае 2 • У.З. Злокуќани • М.З. Бардовци

II БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КАРПОШ И ТАФТАЛИЏЕ • У.З. Карпош 1 • У.З. Карпош 2 • У.З. Карпош 3 • У.З. Карпош 4 • У.З. Тафталиџе 1 • У.З. Тафталиџе

III БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КОЗЛЕ, МЛЕЧЕН И НЕРЕЗИ • У.З. Кузман Јосифовски-Питу (КЈП) • У.З. Пецо Божиновски-Кочо (ПБК) • У.З. Владо Тасевски (Млечен) • У.З. Нерези

Да креираме заедно затоа што најдобриот буџет е оној што ги одразува вистинските потреби на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црвено-жолтите против Словенија по премиерни бодови во Б сегментот од Лигата на нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва од 20-45 часот на арената Тоше Проески во Скопје  против незгодната селекција на Словенија, го игра последниот натпревар од групната фаза во сегментот Б од  Лигата на нации. 

Црвено-жолтите против Словенија по премиерни бодови во Б сегментот од  Лигата на нации

Избраниците на Седлоски на дуелот против Словенија ќе се обидат да стигнат до првиот бод освоен сезонава во Лигата на нации.

По гостувањето во Шкотска, македонската репрезентација се враќа пред домашната публика со желба за позитивен резултат и достојно затворање на настапот во групата. Словенија е добро познат противник, а меѓусебните дуели низ годините носат интересна фудбалска приказна.

Македонија и Словенија досега одиграле осум меѓусебни натпревари, а билансот е на страната на нашата репрезентација. Имаме четири победи, два нерешени резултати и два порази, со вкупна гол-разлика 13:9.

Последниот меѓусебен натпревар, одигран на 29 септември во рамките на Б Лигата на нации, заврши со победа на Словенија од 2-0.

Историјата на меѓусебните пресметки започна на 13 октомври 1993 година во Крањ, кога Македонија го одигра својот премиерен меч како национален тим, а тоа воедно беше прв натпревар против Словенија и забележа убедлива победа од 4:1.

Само пет месеци подоцна, на 23 март 1994 година, двете селекции повторно се сретнаа, овојпат во Скопје. Македонија славеше со 2:0 и ја потврди добрата традиција против словенечката репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џон Мекинро: „Ве интересира ли кога Ѓоковиќ ќе се пензионира? Еве, ќе ви кажам.“

Легендата на светскиот тенис Џон Мекинро открива кога најтрофејниот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ би можел да се повлече од тенисот, осврнувајќи се на неговите моментални предизвици и планови.

Џон Мекинро: „Ве интересира ли кога Ѓоковиќ ќе се пензионира? Еве, ќе ви кажам.“

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, воопшто нема добра сезона. Всушност, 2026 година можеби е една од најлошите во неговата кариера, иако тој успеа да собори неколку рекорди и да победи на турнирот во Пекинг.

Сезоната за него започна добро – го видовме во финалето на Австралија Опен – но оттогаш следеа многу падови, а релативно малку успеси. Како резултат на тоа, тој не успеа да се пласира на Завршниот мастерс во Торино, а доживеа и пад на АТП-листата (се наоѓа дури на 12-тото место во светот), што ќе му создаде проблеми и пред почетокот на следната година.

Сепак, знаеме дека тој е во години кога повеќе се зборува за пензионирање отколку за спортски цели.

Иако српскиот тенисер не го најави крајот на својата кариера, многумина со години се обидуваат да погодат кога тој ќе стави крај на играњето.

Сега се огласи и легендарниот Џон Мекинро, со кого Ѓоковиќ имаше необичен однос во текот на кариерата. Мекинро прво го бранеше, па го критикуваше, а неодамна присуствуваше на промоцијата на документарен филм за кариерата и животот на „најголемиот на сите времиња“ – што сугерира дека односите меѓу нив се подобрени. Затоа, можеби вреди да се слушне што има да каже тој..

„Како прво, Новак Ѓоковиќ има 39 години, што во тенисот – вклучувајќи го и мојот случај – е далеку над границата до која стигнуваат повеќето играчи. Не сакате да дојдете во ситуација во која се прашувате: ’Зошто престанав, кога можев да освојам уште нешто?‘ Токму со тоа се соочува Новак во моментов“, изјави Мекинро, предвидувајќи дека Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата следната година.

„Тој стигна до финалето на Австралија Опен и веројатно размислува: ’Можеби можам да освојам уште една титула‘. Дали ќе се пензионира во 2027 година? Изгледа дека тоа би можело да се случи наскоро. Би рекол дека е сосема реална можност, но сепак – почекајте уште малку.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер