Нови 89 случаи на заразени со Ковид-19, починати седум лица - Канал 5

Нови 89 случаи на заразени со Ковид-19, починати седум лица

Регистрирани 89 нови случаи на ковид-19, починале 7 лица.

Нови 89 случаи на заразени со Ковид-19, починати седум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани 89 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-27, Прилеп-1, Тетово-7, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-4, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и 7 починати. Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје-2, Прилеп-12, Велес-3. Починатите се од: Скопје-2, Куманово-2, Тетово-2 и Струга-1.

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следната:

• Скопје – 876, активни 298

• Куманово – 467, активни 55

• Дебар – 51, активни 0

• Штип - 103, активни 68

• Прилеп –212, активни 30

• Тетово – 217, активни 83

• Струга – 84, активни 13

• Велес – 130, активни 27

• Битола –28, активни 3

• Охрид –23, активни 6

• Кавадарци – 5, активни 0

• Гостивар –27, активни 7

• Гевгелија – 4, активни 0

• Струмица – 4, активни 2

• Крива Паланка- 6, активни 0

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 37, активни 6

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 3, активни 1

• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод - 2, активни 0

• Пехчево- 3, активни 0

• Делчево-1, активни 0

• Валандово -2, активни 1

• Виница – 3, активни 1

• Кратово-2, активни 0

• Берово-1, активни 0

• Свети Николе-2, активни 2.

Направените 727 теста се преку: ИЈЗ –446, ЦЈЗ Скопје-53 , Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –9, Систина со PCR метода -117 и МАНУ -102. Досега во земјата се направени вкупно 30302 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

а Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, хоспитализирани се вкупно 45 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 30 пациенти. На респираторна машина се 3, a со потешка клиничка слика се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување се следат 15 пациенти во стабилна состојба. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светско чудо: На 13-години ја освои сениорската титула во скијачки скокови!

Тринаесетгодишниот Матис Линдстрем ја освои титулата во Шведска во скијачки скокови во сениорска конкуренција, остварувајќи убедлива победа на натпреварот во Ерншелдсвик. 

Светско чудо: На 13-години ја освои сениорската титула во скијачки скокови!

Младиот Швеѓанец изведе скокови од 95 и 90 метри на скокалницата К-90, освојувајќи вкупно 223 поени.

Второпласираниот Оскар Франсен собра 172,4 поени, што значи дека Линдстрем победи со предност од дури 50,6 поени.

Третото место му припадна на Оливер Јидел, додека четврти беше Елвин Сванборг.

Поискусните натпреварувачи Себастијан Девал и Маркус Фламстрем ги зазедоа последните две места во конкуренција од шестмина скокачи.

Линдстрем го заврши првенството со три победи, бидејќи беше најдобар и во јуниорските категории на нормалната и средната скокалница.

Младиот скокач го сврте вниманието кон себе во февруари, кога триумфираше на „Осло Винтергејмс“ (Oslo Wintergames), победувајќи 23 норвешки натпреварувачи на возраст од 12 до 15 години.

Неговите резултати се особено значајни за шведските скијачки скокови, спорт кој се соочува со недостиг на натпреварувачи. На тој начин, Линдстрем се издвојува како еден од оние што би можеле да ја носат иднината на овој спорт во Шведска.

Дополнителен поттик за развојот на скијачките скокови во таа земја би можело да биде Светското првенство во нордиски скијачки дисциплини, кое ќе се одржи во Фалун во 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработка

Продолжувајќи ја агендата на теренски посети низ сите делови на општината, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и раководниот општински тим одржаа работна средба со жителите на месната заедница Припор. 

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработка

Овој отворен дијалог послужи како одлична прилика да се направи сублимат на досегашните капитални проекти, но и заеднички да се мапираат следните чекори.

Присутните граѓани го изразија своето задоволство од сработеното во изминатиот период. Посебна благодарност беше упатена за изградбата на новата спортска сала во склоп на подрачното училиште „Круме Кепески“, како и за почетокот на градежните работи за изведба на фекалната канализација на улицата „Христо Татарчев 14“. Исто така, позитивно беше оценето и редовното одржување на хигиената низ населбата.

Во вториот дел од дискусијата, жителите ги акцентираа своите тековни потреби, при што побараа Општина Кисела Вода да посредува и да интервенира кај неколку надворешни институции. Конкретно, беше побарана интервенција до АД „Македонски пошти“ за итно обезбедување на поштар кој е дефицитарен во МЗ Припор, како и интервенција до ЈП „Водовод и канализација“ за редовно читање на водомерите во шахтите. Жителите упатија и барање за поредовно собирање на сметот од страна на ЈП „Комунална хигиена“, претпријатие кое е под надлежност на Град Скопје.

Што се однесува до инфраструктурните и комуналните барања насочени кон локалната самоуправа, граѓаните побараа реконструкција на оградата на спортското игралиште во месноста Теферич, реконструкција на улицата „Христо Татарчев“ - крак 22, како и реконструкција на атмосферската канализација на кракот 14 од истата улица. Дополнително, беше изнесено барање за изградба на фекална канализација на улицата „Христо Татарчев 14/146“, како и кроење и кастрење на гранките на улицата „Христо Татарчев 22“ и кај семафорите на спојот со улицата „Народни Херои“.

Стручните служби на Општина Кисела Вода ги забележаа сите поднесени барања и иницијативи, со цел истите во најкус можен рок да бидат разгледани и соодветно решение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хари Кејн ја освои „Златната топка“? Баерн не ја објави случајно оваа слика!!

Европскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен на социјалните мрежи објави дека Хари Кејн ќе ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот.

Хари Кејн ја освои „Златната топка“? Баерн не ја објави случајно оваа слика!!

Баерн Минхен на социјалните мрежи објави дека нивниот центарфор неверојатниот голгетер Хари Кејн е добитник на овогодишната „Златна топка“ – наградата за најдобар фудбалер во светот.

„Шоуто наскоро започнува“, порачаа Баварците, придружувајќи ја објавата со фотографија од 33 годишниот англиски напаѓач, кој е облечен во костум на свечената церемонија на доделување на наградата.

На овој начин, Германците ги поттикнаа гласините дека ова е навистина годината во која Кејн ќе биде крунисан за најдобар фудбалер во светот.

Голема, свечена церемонија ќе се одржи во понеделник, на 26 октомври – во познатиот лондонски театар „Лондон Паладиум“, а не, како што е вообичаено, во Париз.

Низ јавноста кружат неофицијални информации дека Кејн ќе ја добие оваа најпрестижна награда, и тоа во конкуренција на силни ривали.

Во текот на својата кариера, Кејн присуствуваше на свечена вечера во Париз, а во 2024 година ја доби наградата „Герд Милер“, наменета за најдобриот стрелец.

Англичанецот тогаш стана и добитник на европската „Златна копачка“, а се чини дека овој месец би можел да ѝ придодаде на таа награда уште една, највредната од сите – „Златната топка“ (Ballon d'Or) на „Франс фудбал“. Се разбира, тоа би било сосема оправдано, бидејќи минатата сезона тој постигна 72 гола за својот клуб и за националниот тим, ја одбрани титулата во Бундеслигата и ја предводеше Англија до полуфиналето, при што во Америка постигна шест гола.

Баерн можеби сакаше да каже нешто друго Изминативе денови, англиските медиуми ексклузивно објавија дека Хари Кејн ќе го продолжи договорот со Баерн, што значи дека тој ќе продолжи да настапува на минхенската „Алијанц арена“ и по 30 јуни 2027 година, кога истекува неговиот сегашен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер