Нови 5500 семејства корисници на социјална помош

За околу 5.500 семејства се зголемила бројката на корисници на гарантиран минимален доход или таканаречена социјална помош од почетокот на пандемијата до крајот на минатата година.

-Гарантираниот минимален приход претставува облик на подддшка и финансиска помош што ја добиваат семејствата во социјален ризик. Пред почетокот на пандемијата 27 илјади домаќинства беа во системот на приматели на гарантирана минимална помош, но, со оглед на тоа што пандемијата предизвика не само здравствена, туку и економска криза кај нас и во светот ние се погриживме со носење законски решенија да го олесниме пристапот до оваа помош преку спуштање на критериумите за влез во системот за социјална заштита, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по потпишување договори за грант со општини за развој на социјални услуги.

Согласно податоците од декемвриската исплата, појасни Шахпаска, 32 500 семејства биле во системот на приматели на гарантирана минисмална помош, а тоа, како што рече, се дополнителни 5500 семејства кои влегле во овој систем од почетокот на пандемијата.

Ова, нагласи таа, се должи не само на влошување на состојбите, туку и на олеснување на критериумите за влез на семејствата, затоа што, како што истакна, Владата е свесна колку се неопходни овие средства за семејствата полесно да ја надминат кризата.

Видео: Корејци ја пеат „Молитва“ од Марија Шерифовиќ

На интернет се појави снимка на која музичка група од Кореја ја пее песната „Молитва“ на натпревар за пеење.

На нивните способности не остана рамнодушна ни самата Марија Шерифовиќ, која со оваа песна и донесе победа на Србија на Евровизија во 2007 година.

Пејачката го изрази своето воодушевување од нивната изведба на својот Инстаграм профил.

Таа во објавата напомена дека ова е најдоброто изведување на нејзината песна, и напиша прекрасна порака упатена до талентираните Корејци.

„Ви посакувам се најдобро во понатамошната кариера и натпреварување. Се гледаме наскоро“, напиша пејачката.

Фото: Елена Китиќ ги запали социјалните мрежи

Таа објави фотографија во костим за капење, која го покажува нејзиното совршено тело и облини.

Ќерката на пеачкиот пар Миле Китиќ и Марта Салиќ, Елена Китиќ е активна на социјалните мрежи, а фановите неретко ги изненадува со смели фотографии.

Имено, Елена, судејќи по објавите, отпатувала во потоплите краишта. Елена најпрво објави фотографија во костим за капење од една од плажите во Доминиканската република, за потоа да објави снимка на која се гледаат убавините на оваа луксузна дестинација.

Фотографијата во костим на капење на која го покажува своето совршено тело и облини, наиде на многу позитивни реакции од фановите.

„Згодна“, „Убавице“, „Жена бомба“, се само дел од коментарите.

Сирискиот претседател и неговата сопруга имаат корона

Претседателот н Сирија Бапар Ал Асад и неговата сопруга Асма се заразени со коронавирусот, но се добро и нивната состојба е стабилна, објави денес претседателството, додека во земјата расте бројот на заразени.

Ал Асад и сопругата Асма направиле ПЦР тест откако почувствувале благи симптоми на корона.

Тие ќе бидат во изолација две до три недели.

„Во текот на изолацијата која ќе трае измеѓу две и три недели тие ќе продолжат со работата од дома“, додава претседателството во соопштението.

На почетокот на март министерството за здравство извести за зголемување на бројот на инфекции и повика на строго почитување на дистанцата и оцени дека таа земја не е поштедена од другите варијанти на вирусот.

Власта на крајот на февруари најави почеток на кампања за вакцинирање на медицинскиот персонал. Сирија доби 5000 дози од кинеските вакцини за 2500 медицинари, според дневниот весник „Al-Watan“, близок до власта. Сирија исто така одобри употреба на руската вакцина.

притисни ентер