Нови 50 корпи за отпад низ Карпош во акцијата ,,Фрлај паметно"

Општина Карпош започна со поставување на 50 нови корпи за отпадоци, исклучително наменети за џебен отпад. 

Станува збор за корпи изработени од тврдопресуван полиестер, кои се поотпорни на временските влијанија, со цел да не се уништува нивното дно.

Корпите, како што информираа од Општина Карпош, биле поставени во неколку населби: во Козле (долж ул. „Јуриј Гагарин"), во Тафталиџе 2 (на ул. „Женевска" и во близина на зградата на ЗЕЛС), во Карпош 4 (околу „Љубљанска"), како и во дворовите на основните училишта „Братство" и „Димо Хаџи Димов".

-Ја користиме оваа пригода уште еднаш да напоменеме дека, овие корпи се наменети исклучително за џебен, поситен отпад. Затоа се со мал отвор, како би се спречило фрлање на домашен отпад, што за жал претставува пракса во одредени населби. За таа намена, домашниот отпад треба да се фрла во големите контејнери за кои се задолжени екипите од ЈП Комунална хигиена – Скопје, се вели во соопштението од Општината.

Оттаму велат дека се свесни оти постои потреба за поставување и обнова на повеќе вакви корпи за отпадоци. Токму затоа, до крајот на годината, најавуваат од Општина Карпош, ќе следи уште една серија поставување на корпи за џебен отпад и специјализирани корпи за отпушоци.

Општина Карпош продолжува со интензивните активности за заштита на животната средина и правилно одлагање на отпадот за кој локалната самоуправа има надлежност.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер