Министерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии
2Министерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии
ЗдравјеНови 2.347 случаи на грип во државава, уште еден смртен случајОд 3 до 9 март во државава се пријавени 2.347 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот, за 8,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со истиот период од минатата сезона е зголемен за 5,5 пати, а во споредба со бројот за истиот период од типичната епидемиска крива - моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 78,3 отсто, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пријавен бил уште еден смртен случај асоциран со грип. - Се работи за лице на возраст од 82 години од Скопје, кое било хоспитализирано во КБ - Штип. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена influenza А(H3), појаснуваат од Институтот. Од новозаболените, во однос на возрасната дистрибуција, 1.454 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца се 516 на возраст од пет до 14 години. Над 65 години се 198 лица, а 179 се деца на возраст до четири години. - Највисока инциденца (240,2/100.000) се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години, а кај децата до четири години, инциденцата изнесува 185,5/100.00. Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје - 931, Битола - 202, Куманово - 176, Струмица - 112, Тетово - 105, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто, појаснуваат од ИЈЗ. Во пет извештајни единици била регистрирана многу ниска, во шест - сезонска, во 15 - средна, во една - висока, а во Дебар и Ресен - многу висока активност на вирусот на грип. Во сезоната 2024/2025, вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грип, изнесува 22.291, покажуваат податоците. - Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,4 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 19,6 проценти, додаваат од ИЈЗ. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани биле четири починати лица асоцирани со грипот. Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со 10-та недела, во Република Македонија вакцинирани се вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо НагоричанеДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане. Кумановскиот суд пресуди како што се очекуваше. Тој е виновен за за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Во Куманово е Михаило Донев.. Михаило, дали веќе можеби е соопштена пресудата? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологииМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин. Форумот е официјален придружен настан на Светскиот самит за здравство (World Health Summit), во организација на Источниот комитет на германската економија (Ost-Ausschuss) и германската здравствена алијанса (GHA). На панелот учествуваа и министерот за здравство и социјални работи на Грузија, Михаил Сарџвеладзе, и министерката за здравство на Ерменија, Анахит Аванесјан. Во своето обраќање, министерот Клековски пред германските и меѓународни претставници на институции, индустрија и академската заедница ги претстави состојбата, предизвиците и резултатите на македонското здравство, како и некои од насоките за понатаму. Беше ставен фокус на регионално вмрежување и заедничка набавка на иновативни лекови; дигитализација вредна 50 милиони евра преку нова стратегија за периодот 2027–2031, изработена со поддршка од ЕУ, како и поголемо користење на програмата ,,EU4Health". „Германските компании веќе се меѓу клучните инвеститори во Македонија. Сега сакаме таа соработка да стигне и до здравството – преку нови технологии, дигитализација и едукација на кадрите. Нашите лекари во Германија можат да бидат вистински мост меѓу двете земји“, изјави министерот Клековски. На маргините на Форумот, министерот Клековски одржа билатерални средби со министерот Сарџвеладзе и со министерката Аванесјан. Тие разменија искуства од реформите на здравствените системи и разговараа за можностите за соработка меѓу земјите од регионот. Министерот се сретна и со ,,Siemens Healthineers: – за модернизацијата на медицинската опрема и дијагностиката; KPMG – за реформите и дигитализацијата во здравството; Charité – Универзитетската болница Берлин, со која македонското здравство веќе соработува во лекувањето на децата со цистична фиброза со цел натамошна соработка и едукација на кадри; како и со проф. Патрик Јеурисен, советник во Министерството за здравство на Холандија – за холандските искуства со одржливото финансирање на здравствениот систем и со ,,Falk Consulting" – за поддршка на реструктуирање на болниците. Воедно, тој одржа средба со македонските лекари во Германија. Во Амбасадата во Берлин, министерот Клековски се сретна со голем број лекари, стоматолози и студенти по медицина од македонската дијаспора. На средбата зборуваа и амбасадорот, проф. д-р Илбер Села и д-р Блашко Димковски, претседател на Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија. Министерот ги претстави реформите во здравствениот систем, а д-р Димковски ја изрази подготвеноста на Асоцијацијата да биде мост за пренесување на германското медицинско знаење и технологии во болниците во Македонија, преку едукации и заеднички научни проекти. „Само во Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија членуваат речиси 500 лица. Тоа е огромен потенцијал за македонското здравство. Сакаме нашите лекари во Германија да бидат мост за знаење, едукација и соработка“, изјави министерот Клековски. Инаку, посетата на Берлин започна вчера со средба со претставници на GHA, на Источниот комитет на германската економија и на Германската стопанска и индустриска комора (DIHK). На средбата се разговараше за потребите на македонското здравство, за техничка помош и едукација и за можностите за партнерства. Министерот Клековски се сретна и со раководството на Бизнис клубот Германија – Македонија (DNMBC), со претседателот Гафар Вејсели и со потпретседателите, Драган Илиевски и Зибер Сељами. Тема на средбата беше пренесувањето на искуства од Германија во Македонија. Заедно со амбасадорот Села, министерот ја посети и македонската православна црковна општина „Св. Климент Охридски“, каде што се гради нов храм. Министерот Клековски во текот на посетата беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Германија, проф. д-р Илбер Села, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПочина Горан Баре, фронтмен на хрватската група „Мајке“Горан Баре, еден од најпознатите хрватски рок музичари и фронтмен на култната група Мајке, почина на 61-годишна возраст.Баре беше една од најважните и најпаметните личности на хрватската рок сцена. Како пејач и автор на групата Мајке, тој остави длабок белег со песни како „Тешке боје“, „Мене не занима“, „Вријеме је да се крене“ и „Буди поносан“, објави Индекс. Неговата кариера беше обележана со бројни концертни настапи, препознатлив глас и бескомпромисен пристап кон музиката, но и тешки животни борби, за кои отворено зборуваше. Кон крајот на септември, на Баре му се слоши за време на настап во Макарска, поради што концертот беше прекинат за време на првата песна. Бендот потоа објави двомесечна пауза за Баре да може да се одмори и да се опорави. Неодамна даде големо интервју за Индекс На почетокот на септември, во големо интервју за Индекс, Баре зборуваше за животот, музиката и неговиот однос со членовите на Мајке. „Всушност, се извинувам, но не ми е жал за ништо. Мислам, не би сакал никој да ги доживее работите што ги доживеав јас, но и тоа е животот. Тоа е тага и плачење, и смеа и глад, и ситост и дебелина. Сето тоа е живот и не треба да се срамите од ништо“, рече тој тогаш. Тој исто така зборуваше за тоа колку му значи бендот: „Да не беа тие, немаше да ме има ни мене. Не гледам никаква среќа без нив. Тие се моите најдобри пријатели и единствените луѓе што ме разбираат.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook