Нови 163 случаи на грип и слични заболувања изминатата недела, најмногу во Гостивар - Канал 5

Нови 163 случаи на грип и слични заболувања изминатата недела, најмногу во Гостивар

Во текот на 13. недела од 2024 година - од 25 до 31 март, во државава се пријавени 163 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грипот, што претставува 38,5 проценти помалку во споредба со претходната недела.

Нови 163 случаи на грип и слични заболувања изминатата недела, најмногу во Гостивар

Во текот на 13. недела од 2024 година - од 25 до 31 март, во државава се пријавени 163 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грипот, што претставува 38,5 проценти помалку во споредба со претходната недела, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Кога станува збор за возрасната дистрибуција, 111 лица се на возраст од 15 до 64 години, 31 дете на возраст од пет до 14 години, 12 луѓе на возраст над 65 години и девет регистрирани деца на возраст до четири години.

- Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години. Заболените се пријавени од 17 ЦЈЗ - ПЕ, во Гостивар - 35, Неготино - 25, во Скопје и во Битола - по 22, а во останатите, бројот на пријавени е еднаков или помал од дваесет. Во 15 извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во Гостивар - сезонска, а во Неготино - средна активност на вирусот на грип, наведуваат од ИЈЗ.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број случаи на грип и заболувања слични на грипот изнесува 14.490, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 41,8 проценти, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 30,6 отсто.

- Регистрирани се 14 починати лица асоцирани со грип во досегашниот тек на сезоната на грипот. Седуммина од Скопје, две лица од Штип и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар и од Демир Хисар. Седум од возрасната група лица од 15 до 64 години и седум од возрасната група лица над 65 години, сите хоспитализирани, 12 со коморбидитети и сите невакцинирани против сезонски грип, појаснуваат од Институтот.

Заклучно со 13. недела од 2024 година во Република Македонија, вакцинирани се вкупно 61.823 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето..

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загина возач на патот Охрид – Кичево, удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Загина возач на магистралниот пат Охрид- Кичево.

Загина возач на патот Охрид – Кичево,  удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Несреќата се случила ноќеса кога возачот најпрвило удрил во кучиња скитници изгубил контрола на возилото и удрил во металните оградни браници покрај патот и возилото се запалило.

Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач. На местото интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција, како и за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Активни се два пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Три пожари се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во општина Маврово и Ростуше, на месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, како и во Шуто Оризари, во Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија. Под контрола се пожарите над селото Палиград – Преслап во општина Зелениково, во мешана шума, во селото Копаница во општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер