Нови 15 дела од: „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ - Канал 5

Нови 15 дела од: „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“

Петнаесет нови наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“, која има исклучително културно, научно и општествено значење за нашата средина и кој иницира една долгорочна мисија за развивање и подигање на нивото на општата интелектуална култура во државата, беа промовирани денеска во Археолошкиот музеј на Македонија.

Нови 15 дела од: „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска истакна дека „Врвовите на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ ги сублимираат најзначајните сознанија на општествената и хуманистичката мисла од антиката до денеска и во тој контекст овој проект има повеќекратна корист за пошироката читателска јавност кај нас, но, и за студентите, постдипломците и докторантите на Филозофскиот факултет и другите сродни факултети од хуманистичките науки.

- Стоте книги од проектот кои досега ги промовиравме и овозможуваат на македонската стручна јавност и студентите уникатна можност за користење на богатата продукција на дела кои се создадени во рамките на научната дејност на најреномираните британски, американски и германски универзитети. Ова се дела кои извршиле пресудно влијание врз развојот на психолошката, историската и филозофската мисла и од тука, тие ќе имаат клучно влијание и врз развојот на македонската наука, култура и високо образование, посочи Канческа Милевска.

Овие книги, нагласи, имаат фундаментално значење, тие се неизоставна литература во областа на која се однесуваат. Потенцира дека меѓу новите наслови се седум дела од областа на филозофијата, пет од областа на историјата и три наслови од областа на психологијата.

- Збирката на референтна литература од областа на филозофската наука од денеска ќе биде збогатена со томовите 8 и 9 на капиталното издание „Историја на филозофијата“ на Фредерик Коплстон. За македонската стручна јавност од особено значање ќе биде и преводот на делото „Кризата на европските науки и трансценденталната феноменологија: вовед во феноменолошката филозофија“ од Едмунд Хусерл, рече Канческа Милевска.

Нагласи дека меѓу делата се и изданијата „Новата историја на западната филозофија. Античка филозофија“ - том први од Ентони Кени, делото на најзначајниот германски мислител од 15 век, Никола од Куза „За наученото незнаење“; „Говорни чинови: есеј за филозофијата на јазикот“ од Џон Серл, како и книгата „Трагичното чувствување на животот“ од Мигел де Унамуно.

- Меѓу новите наслови се изданието „Смрт и егзил: етничко чистење на османлиските муслимани, 1821-1922 година“ на американскиот историчар Џастин Меккарти. Тука се и делата „Грчко-македонското прашање: граѓанската војна и политичката историја на Југоисточна Европа, 1945-1992“ од Адамантиос Скордос во кое авторот пред пошироката читателска јавност ги афирмира македонските институции во Егејскиот дел на Македонија за време на Втората светска војна и граѓанската војна во Грција, како и постоењето на посебен македонски јазик, култура и народ, истакна Канческа Милевска.

Ги издвои и насловите од областа на психологијата, ремек-делата „Толкување на соништата“ на таткото на психологијата Сигмунд Фројд, што предизвика своевидна психоаналитичка револуција, потоа делото за креативноста на следбеникот на Фројд, Ото Ранк, како и импонзантното издание кое е една од најчитаните книги на 20-тиот век „Човечката потрага по смислата“ од Виктор Франкл.

Продеканот на Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Аница Драговиќ порача дека учењето и образованието се императив за секое општество и отипретендираат услови за мир.

- Образованието создава одговорни граѓани во глобалниот свет, а токму учењето од најдобрата литература помага во тоа, рече Драговиќ.

Промоторот на новите изданија проф. д-р Виолета Ачковска порача дека новите изданија на едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ претставуваат 15 нови високи видици и достигнувања на светската филозофија, историја и психологија.

На промоцијата присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој по промоцијата изјави дека проектот оди со добра динамика поради што,како што кажа, со задоволство го следел, го следи и ќе го следи и во иднина.

- Ова е едиција која своевремено заедно со министерката за култура ја промовиравме како мошне значајна зашто од областа на историјата, филозофијата и психологијата немаше доволно преведени дела, книги и учебници. За тоа беше формиран специјален редакциски одбор од стручни лица кои по долга анализа ги одредија делата кои треба да бидат опфатени во едицијата, изјави Груевски.

Тој посочи дека едицијата има вкупно 366 дела од кои досега заедно со новите 15 има вкупно 115 преведени, испечатени и дистрибуирани дела низ библиотеките, универзитетите и установите ширум Македонија.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во преносот во живо – коментаторот ја навреди Сабаленка!

Голем скандал изби за време на телевизискиот пренос на тенискиот турнир, откако коментаторот на телевизијата „beIN Sports“, Метју Солие, упати навредлив коментар за Арина Сабаленка.

Скандал во преносот во живо – коментаторот ја навреди Сабаленка!

Не сфаќајќи дека микрофонот му е вклучен и дека публиката може да го слушне, коментаторот предизвика скандал што би можел да има повеќекратни последици.

Втората најдобра тенисерка во светот се наоѓаше пред камерите за време на едно промотивно снимање, при што позираше и испраќаше бакнежи кон публиката.

Сепак, во позадина се слушна гласот на коментаторот, кој – не знаејќи дека е во програма – рече:

„Гледај, гледај, гледај, ужасна е“.

Видеото од овој непријатен момент набрзо почна да кружи на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

Случајот го привлече и вниманието на раководството на телевизијата „beIN Sports“, при што еден од нејзините челници, Флоран Узо, јавно ги осуди коментарите.

„Жалам за изјавите дадени вечерва за време на преносот во живо од завршниот турнир на ВТА (WTA Finals) и остро ги осудувам. Тие коментари не ги одразуваат вредностите на ’beIN Sports‘. Ја потврдувам нашата заложба сите спортисти и учесници во нашите преноси да ги третираме со почит“, изјави Узо.

Засега, Солие нема дадено коментар за инцидентот, додека Сабаленка јавно не се огласи по повод оваа непријатна ситуација.

Белоруската тенисерка моментално е втора на ВТА-листата, а во текот на својата кариера има освоено четири гренд слем титули. Таа, исто така, ужива голема популарност на социјалните мрежи, каде што на Инстаграм ја следат околу 5,7 милиони луѓе.

Овој инцидент претставува дополнителна непријатна ситуација за „beIN Sports“, особено со оглед на тоа што оваа телевизија обезбеди повеќегодишни права за пренос на АТП-турнејата во Франција, кои ќе стапат на сила од 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Според англиските медиуми, познат новиот тренер на Манчестер Јунајтед!?

Трофејниот Манчестер Јунајтед ги финализира преговорите со Маурисио Покетино (54), кој треба да стане новиот менаџер на англискиот гигант, при што се чека само конечната одлука на клубот за разрешување на Мајкл Керик.

Според англиските медиуми, познат новиот тренер на Манчестер Јунајтед!?

Ова ексклузивно го објави „The Athletic“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Аргентинецот моментално е селектор на националниот тим на САД, но има голема желба да го преземе Јунајтед и да се врати во клупскиот фудбал.

Уште во понеделникот, „The Athletic“ објави дека се очекува заминување на Керик по катастрофалниот почеток на сезоната. Јунајтед моментално се наоѓа во зоната за испаѓање во Премиер лигата, со остварени само три победи на последните 15 натпревари.

Како резултат на тоа, раководството започна потрага по потенцијален наследник, при што Покетино се издвои како нивен главен избор.

Според информации од „The Athletic“, претставници на Манчестер Јунајтед во текот на вторникот работеле на финализирање на личните услови со агентите на Покетино.

Не се очекуваат пречки, иако договорот сè уште не е официјализиран. Јунајтед сè уште нема стапено во контакт со Фудбалската федерација на САД, со која Покетино има договор до Светското првенство во 2030 година.

За да се овозможи негово заминување, англискиот клуб ќе треба да плати откупна клаузула во износ од приближно 10 милиони долари – што е околу 8,6 милиони евра.

Доколку преговорите резултираат со очекуваниот договор, Покетино во Манчестер ќе го донесе својот стручен штаб; притоа, Јунајтед ќе треба да исплати и дополнително обештетување за нивното заминување од националниот тим на САД.

Аргентинскиот тренер во моментов ја подготвува американската репрезентација за два натпревари против Хаити, кои ќе се одиграат за време на меѓународната пауза.

Покетино и претходно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а според „The Athletic“, тој долго време имал желба да работи на „Олд Трафорд“. Во текот на својата кариера, тој раководел со неколку англиски клубови – меѓу кои Саутемптон, Тотенхем и Челси – и добро ја познава Премиер лигата.

Тој ја презеде репрезентацијата на САД во септември 2024 година, по заминувањето на Грег Берхалтер, кој поднесе оставка откако тимот беше елиминиран во групната фаза на Копа Америка.

На Светското првенство во 2026 година – на кое САД беа еден од домаќините – Покетино ја одведе репрезентацијата до осминафиналето. Американците победија на три од првите четири натпревари, пред да доживеат пораз од 4–1 од Белгија.

Во август, тој потпиша нов договор со важност до 2030 година. На досегашните 35 натпревари на чело на американската репрезентација, тој оствари 21 победа. Интересно е што, пред почетокот на Светското првенство, Покетино разговараше и со претставници на Милан за можноста да го преземе италијанскиот клуб. На крајот, Милан на таа позиција го назначи Рубен Аморим – поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот!

Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Дали овие луѓе воопшто знаат дека ја водат најсиромашната земја во Европа?

ЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот!

Предупредувавме за буџетските дупки и растот на цените, а тие ладнокрвно нѐ увереваа дека „сѐ е под контрола“. Епа, сега контролата отиде директно во провалија, заедно со животниот стандард на македонските граѓани кои секојдневно се соочуваат со дивеење на цените и потрошувачка кошничка која одамна надмина секаква реалност! Додека народот преживува со минимални плати и сметки што тешко или невозможно се плаќаат, власта седи во удобни фотелји и ни продава статистички небулози, споредувајќи се со некој митски просек во Германија, Австрија и Швајцарија, целосно отцепени од секојдневната мака на обичниот човек.

Кога навреме им дававме конкретни предлози за поврат на ДДВ исклучиво за македонските граѓани и домашните бизниси – нѐ игнорираа како Либерално-демократска партија (ЛДП). Кога предлагавме укинување на грабливите банкарски провизии – арогантно не одбиваа во Собранието. Кога баравме итен спас за земјоделството затоа што без домашна храна сѐ ќе стане луксуз – одговараа со празни небулози. Кога бараме почитување на законот и зголемување на студентскиот оброк – тие зборуваа за „пријателства“ и правеа смешни ПР-креативи. Кога им зборувавме за намалување на непродуктивните трошоци – тие излегоа со предлог да ја напумпаат партиската администрација до бесвест, претворајќи ги институциите во свои партиски агенции.

„Предупредувавме дека неодржливите буџети, негрижата и ароганцијата ќе ја фрлат економијата на колена. Секојдневно гледаме како инфлацијата и цените дивеат, додека функционерите живеат во паралелна реалност и се споредуваат со Швајцарија, глумејќи дека не гледаат оти водат држава со најоддалечен стандард и најсиромашни граѓани во Европа. Нивната политика на игнорирање на нашите предлози за спас на бизнисите, граѓаните, студентите и земјоделците носи катастрофа. Доста беше со празни лаги и статистички манипулации – државата не е приватна фирма, а народот повеќе нема од каде да ги плаќа расипничките грешки!“, изјави Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП.

Ваквиот економски аматеризам мора итно да запре. Додека вие се тешите со измислени европски проценки, македонските семејства секојдневно бројат монети за преживување. Итни мерки, кратење на луксузот и помош за народот – или повлечете се пред целосно да ја уништите државата!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер