Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
2Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
2„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
КултураНови 12 дела од македонски автори ќе се преведуваат во странствоУште 12 дела на македонски автори ќе бидат преведени и објавени од странски издавачи. Ова го одлучи стручната комисија по разгледувањето на 18 апликации кои пристигнале на конкурсот на Министерството за култура за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од страна на странските издавачки куќи, една од стимулативните мерки предвидени во Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година. Резултатите од конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од страна на странските издавачки куќи денеска на прес-конференција ги презентираше министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која рече дека за овие три години откако го објавиле првиот конкурс за странските издавачи обезбедиле поддршка за превод на 90 дела на 53 македонски автори, на 21 странски јазик (германски, француски, руски, полски, српски, словачки, словенечки, украински, хрватски, црногорски, албански, бугарски, турски, италијански, ерменски, шпански, дански, амхарски, арапски, англиски и чешки јазик). - За поддршката на сите преведени дела досега, Министерството за култура издвои 9.667.102 денари што доволно говори за нашите заложби за што поголема промоција и видливост на македонските автори и нивното творештво во меѓународен контекст, посочи Канческа Милевска. Информираше дека согласно поддржаните апликации од страна на Стручната комисија во состав Нове Цветаноски, претседател и Виолета Димова и Енвер Беќири, членови, Издавачката куќа „Арка“ од Смедерево, Србија, на српски јазик ќе ги објави делата „Одбрани драми“ на Јордан Плевнеш и романот „Проверка на слободата“ на Јован Павловски награден со наградата „Стале Попов“ на ДПМ за 1997 година, Издавачката куќа „Твердинија“ од Луцк, на украински јазик ќе ги објави книгата пиеси „Чалик Чамак“ на Трајче Кацаров и романот „И чоек и пес“ на Владо Димовски. Форумот за алтернативна култура и образование-ФАЦЕ од Финтис, од Словачка, ќе ги издаде поетските книги „Избор поезија“ на Звонко Танески и „Избор Поезија “ на Богомил Ѓузел, на словачки јазик, на бугарски јазик, издавачката куќа „ЕРГО“ од Софија, ќе го издаде првиот роман на Јулијана Величковска „Годишни времиња“, а издавачката куќа „Изида“ ќе го издаде романот „Враќањето на козите“ на Луан Старова, Издавачката куќа „Нова Поетика“ од Белград на српски јазик ќе ја издаде книгата „Шешири“ на Трајче Кацаров, поетската книга „Кога ни гореше под нозете“ на академик Катица Ќулавкова ќе биде издадена на албански јазик од страна на издавачката куќа „Албас“ од Тирана, Книжевниот клуб „Брчко Дистрикт Б и Х“ од Брчко на српски јазик ќе го издаде романот „Синот на Кралот“ на Славчо Ковилоски, а романот „Азбука на непослушните“ на Венко Андоновски на руски јазик ќе го издаде издавачката куќа „Рудомино“ од Москва. Министерката Канческа Милевска потенцира дека оваа значајна мерка од областа на издавачката дејност досега дала исклучителни резултати и ефекти во афирмацијата на македонските автори и нивните дела во меѓународни рамки. Особено, нагласи таа, важно е дека Конкурсот силно ја трасираше промоцијата на творештвото на етаблираните, но и на младите автори, кои на овој начин добија можност првпат да се презентираат надвор од нашата држава, на еминентите европски книжевни пазари. Според министерката, овие дела направиле значителен пробив на македонската литература во различни јазични подрачја, тие денеска се достапни на мајчините јазици на околу 1 милијарда и 600 милиони жители, а истовремено во овие дела може да уживаат и преку 3 милијарди граѓани во светот кои ги користат јазиците на кои овие вредни книжевни остварувања се преведени. Изрази уверување дека бројот на апликациите за конкурсот за странски издавачи континуирано ќе се зголемува. - Ова е навистина еден од најзначајните проекти кои ги спроведовме во изминатиот период и во таа насока Министерството за култура ќе продолжи со поддршката на оваа стимулативна мерка која овозможи ефективна промоција на нашата литература и култура во светот, додаде Канческа Милевска. Цветановски рече дека македонската литература се повеќе ја има во светот, благодарение на конкурсот за странски издавачи. Изрази задоволство од безрезервната поддршка што ја дава Министерството за култура за творештвото на македонските писатели. - По најновите поддржани проекти за превод на други јазици сакам да искажам два момента: прво странските издавачи се интересираат и за драмското творештво на македонските автори и благодарение на тоа се надевам дека драмски дела од македонски автори ќе се искачат и на театарската сцена во светот и второ, континуирано се поддржуваат и авторите и од помладите генерации, додаде Цветановски. Димова истакна дека литературата го има клучното значење за развојот и придобивките што една земја ги има во областа на културата. - Нема подобро нешто и подобар начин да се промовира македонската литература, македонскиот јазик и македонската култура со преведување на толку многу странски јазици и фактот дека се знае дека тоа дело му припаѓа на македонски автор, рече Димова. Според авторката Јулијана Величковска, можноста да бидат преведени дела од македонски автори на кој било странски јазик им дава многу повеќе читатели, им дава можност да искомуницираат со друга читателска публика, со друга култура и да се поврзат на некој начин, да видат каде се различни, но во исто време да си ги почитуваат тие разлики. - Министерството за култура прави обид да бидеме забележани, да станеме граѓани на светот, да го визираме пасошот на македонскиот јазик за секаде, истакна авторот Трајче Кацаров. За авторот Славчо Ковиловски, убаво е чувството кога делото напишано од македонски автор на македонски јазик може да го прочитаат и странските читатели на друг јазик. - Таа стратегија што ја има Министерството за култура очигледно вродува со плод, малиот македонски пазар да го прошири кон нови читатели, кон нова читателска публика за што македонските автори треба да бидат благодарни, додаде Ковиловски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: 15.000 граѓани реагираа - Продолжуваме да се потпишуваме за ДА ЗНААТ ДЕКА НЀ ИМА МНОГУ!Народниот револт против институционалното слепило не запира! За помалку од три дена, 15.000 граѓанки и граѓани ставија свој потпис на петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронска нараквица за сторителите на семејно насилство! Ова веќе не е само иницијатива, ова е општествен фронт што секојдневно расте и кој јасно им порачува на властодршците – продолжуваме да се потпишуваме за ДА ЗНААТ ДЕКА НЀ ИМА МНОГУ! Секој нов потпис нè носи чекор поблиску до побезбедна земја во која насилниците ќе носат електронска нараквица, а жртвите ќе ја имаат заштитата што државата е должна да им ја обезбеди. Срамно е што парламентарното мнозинство и понатаму молчи пред барањето на 15.000 граѓани, криејќи се зад процедури додека жените во Македонија секојдневно живеат во страв. Граѓаните веќе ја донесоа одлуката – тие бараат акција, а не политички калкулации и изговори што не држат вода. ЛДП јасно порачува: нема да застанеме додека ова законско решение не биде изгласано во Собранието по итна скратена постапка, како што знаете да направите кога ви е од корист! Ги повикуваме сите граѓани кои сè уште не се потпишале, да се приклучат на петицијата и да го дадат својот глас за превенција што спасува животи. Секој глас е глас против насилството, а народниот притисок е премногу силен за да можете да продолжите да го игнорирате!Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаМеѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во ДубаиМинистерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден град“ го освои првото место во категоријата „Извонредност во сообраќајната безбедност“ на Светскиот полициски самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.Ова значајно меѓународно признание денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, презентирајќи ги резултатите од примената на системот и постигнатиот напредок во сообраќајната безбедност. Македонскиот проект беше избран за најдобар во конкуренција со Полицијата на Сингапур, Полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи и полициската служба од индиската држава Махараштра. За наградите на Светскиот полициски самит пристигнале повеќе од 700 номинации од над 60 држави во 13 категории, а изборот на победниците се спроведува преку независно стручно оценување, интервјуа и детална проценка на технолошките и оперативните резултати. „Кога почнавме со „Безбеден град“, многумина се сомневаа дека конечно ќе профункционира систем за кој со години се зборуваше. Денес имам чест да ви соопштам до каде стигнавме на тој план. Македонија го освои првото место во категоријата за извонредност во сообраќајната безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи“, истакна министерот Тошковски. Тој нагласи дека ова признание претставува потврда дека и Македонија има капацитет да спроведе современи реформи и да постигне резултати препознаени на меѓународно ниво. „Знаеме што значи Сингапур кога се зборува за функционална администрација и технолошки развој. Знаеме што значат Дубаи и Абу Даби во примената на технологијата во сообраќајот. Но, ние покажавме дека и Македонија има капацитет да постигне резултат што ќе биде препознаен во светот“, посочи Тошковски. Министерот потсети дека „Безбеден град“ со години бил проект за кој се зборувало, но не бил целосно ставен во функција. Со спроведените законски измени, дигиталното поврзување на институционалните постапки и воспоставувањето автоматизиран систем за контрола, создадени се услови за доследна примена на сообраќајните правила и еднаков третман на сите учесници во сообраќајот. Резултатите покажуваат значително намалување на бројот на загинати и тешко повредени лица. Во периодот јануари–октомври 2026 година на македонските патишта загинале 85 лица, наспроти 117 во истиот период од 2025 година и 119 во 2024 година. Тоа се 32 помалку загинати во однос на минатата година, односно намалување од 27,4 проценти. Истовремено, бројот на тешко повредени лица е намален на 748, наспроти 872 во 2025 година, што претставува 124 помалку тешко повредени, односно намалување од 14,2 проценти. Особено значајна е споредбата за периодот февруари–октомври, од почетокот на примената на системот, кога бројот на загинати е намален од 108 на 74 лица, односно 34 помалку загинати или намалување од 31,5 проценти. Тошковски истакна дека овие резултати се постигнати преку заедничкото дејствување на „Безбеден град“, засилените полициски контроли, законските измени и превентивните активности. „Тие резултати ѝ даваат суштина на нашата кандидатура, затоа што успехот го мериме по намалувањето на опасното возење и тешките последици, а не по бројот на наплатени казни“, нагласи министерот. Тој потсети дека во последните 15 години на македонските патишта животот го загубиле 2.131 лице, што ја потврдува неопходноста од континуирани и системски мерки за подобрување на сообраќајната безбедност. Заблагодарувајќи им се на полициските службеници, правните и техничките тимови и на граѓаните за нивниот придонес, министерот порача дека меѓународното признание е дополнителен мотив за натамошно унапредување на системот, проширување на опфатот на ризичните локации и детектирање дополнителни опасни однесувања. Како долгорочна цел ја посочи „Визија нула“ – сообраќај без загинати и тешко повредени лица, нагласувајќи дека безбедноста на патиштата бара постојани вложувања, подобра инфраструктура, едукација и одговорност од сите надлежни институции. „Наградата е признание за завршената работа, но одговорноста за она што сè уште не е добро останува исклучиво наша. Додека постои и едно дете кое не може безбедно да премине улица, нашата работа не е завршена“, порача Тошковски. Официјалното доделување на признанието е предвидено за 18 ноември 2026 година во Дубаи.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаКристи Мекормик номинирана за нова амбасадорка на САД во Македонија Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше Кристи Мекормик за нова амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, соопшти Белата куќа.Мекормик не доаѓа од редовите на традиционалната дипломатска служба, туку е долгогодишна правничка и специјалистка за изборно право со меѓународен теренски ангажман. Нејзиниот избор носи поинаков профил на чело на амбасадата на Кале, каде што фокусот на Вашингтон природно се насочува кон владеењето на правото и институционалната функционалност. Кристи Мекормик минала речиси дванаесет години во американската Комисија за помош при изборите (EAC), институција независна од партиските тела што поставува технички стандарди и ја гарантира веродостојноста на гласачките процеси во САД. Таа била именувана за комесарка во декември 2014 година и ја извршувала функцијата сè до јули 2026 година, период во кој повеќепати застанала на претседателското место на комисијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06