Нови 113 случаи со Ковид-19, шестмина починати, 259 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19. 

Во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-1, Виница-1. Починати се шест пациенти, три од Скопје (64 г., 22г. и 83г.), еден од Куманово (72 г.), еден од Струга (48 г.) и еден од Охрид (75 г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти од: Скопје-103, Куманово-13, Дебар-1, Штип-75, Тетово-31, Битола-2, Кавадарци-2, Гостивар-19, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-4, Ресен-2, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.399, бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402. Денес се евидентираат три контролни теста. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5.000, активни 1.231

• Куманово 1.114, активни 260

• Дебар 208, активни 117

• Штип 910, активни 381

• Прилеп 337, активни 47

• Тетово 1071, активни 186

• Струга 470, активни 187

• Велес 227, активни 22

• Битола 153, активни 71

• Охрид 288, активни 80

• Кавадарци 83, активни 61

• Гостивар 513, активни 283

• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 39, активни 23

• Крива Паланка 25, активни 11

• Радовиш 29, активни 16

• Крушево 16, активни 8

• Кочани 108, активни 20

• Пробиштип 58, активни 21

• Демир Хисар 36, активни 27

• Македонски Брод 42, активни 36

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 8, активни 4

• Валандово 7, активни 1

• Виница 26, активни 22

• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 14, активни 5

• Свети Николе 230, активни 130

• Кичево 179, активни 109

• Ресен 146, активни 19

• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.543 теста се преку: ИЈЗ-591, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-166, Биотек-195, МАНУ -133, Клиника „Жан Митрев"-202, Систина со PCR метода -161, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-43, Инфективна клиника-9, ГАК-9. Досега во земјата се направени вкупно 109.946 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти од кои на кислородна поддршка се 49 пациенти, а еден е на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 10 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 78 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 164

• Аеродром – 139

• Бутел – 80

• Гази Баба – 121

• Центар – 101

• Карпош – 110

• Сарај – 54

• Кисела Вода – 129

• Ѓорче Петров – 88

• Студеничани – 42

• Шуто Оризари – 100

• Арачиново – 21

• Илинден – 22

• Петровец – 17

• Чучер Сандево – 8

• Сопиште – 20

• Зелениково- 6

• Странец – 4

• Нераспределен – 5.

Поради исклучително високи температури на Филипини учениците ќе одат на онлајн настава

Властите на Филипини денеска објавија прекин на физичко присуство на настава во сите државни училишта на два дена, по рекордно високите температури за овој дел од годината во главниот град Манила. 

Голем број училишта на Филипините немаат климатизација.

Бран исклучително топло време го погоди регионот во текот на изминатата недела со темтератури над 45 степени Целзиусови, па поради тоа властите беа принудени илјадници училишта да им соопштат на учениците да останат дома.

„Со оглед на најновата прогноза за температурите... и најавата за национален штрајк во транспортот, сите државни училишта низ целата земја ќе спроведат асинхрони часови/учење на далечина на 29 и 30 април 2024 година“, соопштија властите на Фејсбук.

Одделот за образование надгледува повеќе од 47.000 училишта низ целата земја на архипелагот.

Во Тајланд, каде што најмалку 30 луѓе починаа од топлотен удар досега оваа година, метеоролошкиот оддел предупреди на „тешки услови“ откако температурите во една северна провинција во саботата надминаа 44,1 Целзиусови степени.

И во Камбоџа, Мјанмар, Виетнам, Индија и Бангладеш, синоптичарите предупредија дека температурите би можеле да надминат 40 Целзиусови во наредните денови.

Глобалните температури достигнаа рекордно ниво лани, а ОН во вторникот соопштија дека Азија се загрева со особено брзо темпо.

Анкета: Повеќето граѓани веќе одлучиле како ќе гласаат

Дел од граѓаните велат дека веќе имаат одлучено за кого ќе го дадат гласот на осми мај.

Оние што ги анкетиравме, сметаат дека кампањата нема да влијае на нивната одлука.

Хоспитализиран таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан!!

Срѓан,таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ итно е примен во болница! 

Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска е примен во Ургентниот центар! Информацијата ја пренесе Курир, а според Информер, таткото на првиот светски рекет го повредил рамото и затоа бил хоспитализиран!

Според информациите, повредата на Срѓан Ѓоковиќ настанала откако паднал додека ги хранел птиците. Во таа прилика тој паднал од столот и ги повредил рамото .

Во раните попладневни часови е примен на одделението за ортопедија и се чувствува добро.

- Точно е дека Срѓан Ѓоковиќ е примен во болница. Моментално е на ортопедско поради повреда на рамото. Во моментов се следи состојбата и се вршат сите потребни испитувања - вели извор на Информер запознаен со целиот случај.

Никој од семејството Ѓоковиќ се уште не се изјаснил за овој настан.

притисни ентер