„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
2„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
ЗдравјеНови 1.113 случаи на грип минатата недела, за 3,2 отсто помалку во споредба со претходнатаВо периодот од 16 до 22 февруари во земјава се пријавени 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува намалување од 3,2 отсто во однос на претходната недела, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во периодот од 16 до 22 февруари во земјава се пријавени 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува намалување од 3,2 отсто во однос на претходната недела, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возрасната дистрибуција, 621 лица биле на возраст од 15 до 64 години, 185 биле деца на возраст од пет до 14 години, 164 - деца на возраст до четири години, а 143 биле лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца била регистрирана кај децата на возраст до четири години. - Заболените лица се пријавени од 21 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје - 669, Струмица - 81, Прилеп - 61, Тетово - 50 Гевгелија и Охрид - 37, а во Битола, Куманово, Дебар, Струга, Кичево, Штип, Кавадарци, Неготино, Пробиштип, Гостивар, Радовиш,Свети Николе, Велес, Кратово, Македонски Брод, бројот на заболени е помал од триесет. Во Крушево, Валандово, Крива Паланка, Демир Хисар, Берово, Кочани, Ресен, Виница, Делчево и Пехчево, нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип, се додава во извештајот на ИЈЗ. Во сезоната 2025/2026, вкупниот број случаи на грип - заболувања слични на грипот изнесува 14.984, според извештајот на Институтот. Заклучно со осмата недела, во земјава биле вакцинирани вкупно 79.118 лица со бесплатна или комерцијална вакцина. Тагови: грипот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното мореЈеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија велат дека го „обезбедиле“ теснецот Баб Ал-Мандаб на јужниот крај од Црвеното море, на почетокот на големата офанзива што ја презедоа против Хутите, поддржано од Иран.Јеменската војска, исто така, во соопштението наведе дека го освоиле градот мока на Црвеното море со помош на саудиските воздушни напади.но, во спротивставени извештаи, неименувани јеменски владини и воени извори за новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ изјавија дека силите стигнале само до периферијата на градот. Хутите рекоа дека го нападнале меѓународниот аеродром во Ријад и други локации, но не коментираа во врска со Мока.Саудиска Арабија ги осуди нападите и ги повтори повиците до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да ја поддржат владата на Јемен. Владата на Јемен соопшти дека операциите започнале и на други фронтови вклучувајќи го и главниот град сана, кој падна во рацете на Хутите на почетокот на граѓанската војна пред 12 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
КошаркаЕвропска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“. Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup. Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации. Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром. Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот. Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.Тагови: МЗТ Скопје Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајотКампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот. Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот. Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија. Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook