Новата унгарска влада најавува отворање на архивите на тајната полиција од времето на комунизмот - Канал 5

Новата унгарска влада најавува отворање на архивите на тајната полиција од времето на комунизмот

Новата унгарска влада планира да ги отвори историските архиви на тајната полиција од комунистичката ера, изјави Балинт Руф, човекот за кого се очекува да го предводи кабинетот на новиот премиер.

Новата унгарска влада најавува отворање на архивите на тајната полиција од времето на комунизмот

Новата унгарска влада планира да ги отвори историските архиви на тајната полиција од комунистичката ера, изјави Балинт Руф, човекот за кого се очекува да го предводи кабинетот на новиот премиер, лидерот на партијата Тиса која победи на неодамнешните парламентарни избори во земјата, Петер Маѓар.

Руф рече дека истражувачите ќе добијат целосен пристап до архивите, со цел да ја работат својата работа без политички притисок, објави Ројтерс.

„Ова е задача за историчарите, но јас ќе можам да се осигурам дека следната влада ќе обезбеди рамка за ова, односно дека ќе обезбеди можност за истражување без политички притисок“, рече Руф.

Тој исто така нагласи дека фокусот на работата ќе биде и на враќањето на изгубените средства поради корупција.

Унгарија, за разлика од некои други земји во регионот, официјално не ги објави имињата на соработниците на тајната полиција од комунистичката ера, иако некои податоци претходно беа објавени.

Во текстот се наведува дека новата влада планира и мерки поврзани со финансиите на Европската Унија и враќањето на замрзнатите средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Причините за смртта засега не се објавени.

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Илиевски беше позната политичка фигура во оваа општина, каде што ја водеше локалната институција во последните години.

Тој беше оженет и татко на две полнолетни деца.

Од 1999 година до ноември 2021 година беше вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Од 11 ноември 2021 година беше избран за градоначалник на Општина Брвеница за периодот 2021–2025 година. Во периодот 2013–2017 година беше член на Советот на Општина Брвеница. Како голем вљубеник, беше активно вклучен во областа на спортот, беше поддржувач на голем број спортски настани и даваше големи придонеси во спортот. Од 2001 до 2013 година имаше учество во младите категории во рамките на ФФМ, а од 2013 до 2021 година беше член во младата репрезентација до 21 година (У21) во рамките на ФФМ. Од средината на 2021 година беше член во А-репрезентацијата. Исто така, од 2016 година па сè дотогаш беше потпретседател на Фудбалскиот сојуз Тетово.

Мицкоски: Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница.

Премиерот на Фејсбук напиша:

Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница.

Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше.

Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати.

Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат.

Ќе го паметиме и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце.

Во овие болни моменти, моите мисли се со неговото семејство, со неговите најблиски, со граѓаните на Брвеница и со сите што го познаваа и почитуваа.

Јоцо на последните избори ја добивме најважната битка за твојата Брвеница, твоето дело и споменот за тебе нема да биде заборавен.

Вечен спомен!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола остануваме посветени на највисоките стандарди

ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира во развој на општеството во целина. 

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола остануваме посветени на највисоките стандарди

Како прва компанија во Скопје што доби А-интегрирана еколошка дозвола и една од првите во државата, ТИТАН Усје уште тогаш ја потврди својата определба за примена на највисоки стандарди во индустријата. Компанијата е во постојан инвестициски циклус за модернизација и унапредување на процесите.

Во март годинава ТИТАН Усје до Министерството за животна средина и просторно планирање ја поднесе апликацијата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, која е во согласност со важечките законските и подзаконските акти. Компанијата доследно, навремено и транспарентно ги спроведе сите постапки и активности предвидени со процедурата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, апликацијата е јавно достапна и ставена на увид на сите заинтересирани страни.

ТИТАН Усје строго ги почитува сите обврски што произлегуваат од важечката регулатива и останува целосно посветена на усогласување со сите идни законски решенија што ќе стапат во сила. Компанијата со големо внимание ги следи сите законски промени и во меѓународното и во домашното законодавство и континуирано инвестира во нова технологија за да може да се усогласи на регулаторните барања. Во изминатите 15 години компанијата инвестираше 29 милиони евра во модернизација и заштита на животната средина.

ТИТАН Усје го почитува интересот на јавноста за прашањата поврзани со животната средина и останува отворен за дијалог заснован на факти, стручни аргументи и точни информации. Компанијата цврсто верува дека транспарентноста, почитувањето на законите, процедурите и конструктивната комуникација се најдобриот начин за градење доверба и заеднички придонес кон подобра животна средина.

Во изминатите години компанијата инвестираше значителни средства во современи технологии и опрема за заштита на животната средина, вклучително и најсовремени системи за филтрација и независен систем за континуирано следење на емисиите. Резултатите од редовните и контролните мерења потврдуваат дека сите параметри се во рамки на законски пропишаните вредности, при што дел од нив континуирано се повеќекратно пониски од максимално дозволените лимити.

Преку континуирани инвестиции во технологија и управување со процесите ТИТАН Усје применуваат најдобри достапни техники и стандарди во индустријата, со цел дополнително намалување на влијанието врз животната средина. Дополнително на тоа, компанија се придржува до најдобрите меѓународни признаени практики и ESG стандарди, покажувајќи јa долгорочната посветеност и одговорност кон заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и модерното корпоративно управување, се наведува во реакцијата на компанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марија Шерифовиќ и колега биле нападнати од чопор кучиња на Бали: Сакаа да нѐ растргнат

Српскиот пејач Ненад Хорват доживеал незаборавно искуство за време на неговиот неодамнешен престој на Бали.

Марија Шерифовиќ и колега биле нападнати од чопор кучиња на Бали: Сакаа да нѐ растргнат

Тој отишол на ова егзотично патување во друштво на Татјана Пејчиќ, сè на иницијатива на музичката ѕвезда Марија Шерифовиќ, која испланирала тајна изненадувачка забава за својата пријателка, објави Телеграф.

Воодушевен од нивното пријателство, Хорват ги сподели своите впечатоци:

- Не може да се споредува деловно и приватно. Не се чувствував како да сум со неа, бевме толку слободни, се шегувавме и се смеевме толку многу, а јас бев расположен, брате, брборам со Марија, пливам во океанот со неа. Не можам да најдам зборови да го објаснам тоа - рече тој.

Сепак, одморот од соништата речиси се претвори во вистински кошмар. Истражувајќи го островот со двоколка, што е вообичаен начин на транспорт на Бали, пејачите се нашле во исклучително опасна ситуација што ги натерала да се исплашат за сопствениот живот.

- Марија ме возеше на мотор, бидејќи така функционираат таму, многу е полесно да се функционира во сообраќајот. Никогаш нема да го заборавам тоа, дури ме праша дали верувам дека ме вози на мотор. И тогаш се случи да влеземе во ќорсокак, и одеднаш се отвори вратата на крајот од улицата, излегоа 14 кучиња, сакаа да нè растргнат. Веќе мислев дека тоа е крајот, почнав да се збогувам со Марија - рече тој.

За среќа, избегнаа сериозни последици и успеаја да ја сфатат главната причина за нивното патување - спектакуларна забава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер