Новата статуа на Марија Калас предизвика бура реакции во Грција: Изгледа како Терминатор

Новата бронзена статуа на оперската дива Марија Калас предизвика бројни коментари на Интернет од Грците, откако во петокот свечено беше претставено светкаво златното уметничко дело во подножјето на Акропол.

Грците ја обожаваат оперска пејачка со грчки корени, иако е родена во Њујорк.

Но, не се сите задоволни од статуата.

„Изгледа како Терминатор“, напишаа тие во коментарите на Твитер и Фејсбук.

„Невкусно парче што би било подобро во тематски парк Војна на Sвездите“, напишал еден корисник.

„Марија, искрено ти се извинуваме“, напишал друг.

Некои спомен -обележјето го поврзуваат со трагичниот живот на дивата, нејзината несреќна љубовна врска со сопственикот на бродови, Аристотел Оназис и нејзината смрт во осаменост во Париз на само 53 години.

"Ќе помислите дека нејзиниот живот беше доволно трагичен - и тогаш ова!" исмеана е статуата од еден корисник.

На прашањето за реакциите на граѓаните, градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис, го бранел делото на грчката скулпторка Афродита Лити.

„Верувам дека тоа е дело што се поклонува на споменот на Марија Калас“, рече тој за ТВ каналот Мега.

Познатата пејачка ќе наполнела 100 години во 2023 година.

Истанбул: Десетици приведени за време на протестите против насилството врз жените

Десетици лица се приведени во неделата во Истанбул, каде се одржа протест против насилството врз жените, објавија организаторите.

Околу 40 лица се приведени во Истанбул, според групата која себеси се нарекува „Ќе го запреме фемицидот“. Во петокот кога се одбележуваше Меѓународниот ден против насилството врз жените, полицијата приведе 200 лица, но други информации не објави.

Локалните власти ги забранија двата настани со образложение дека нивното одржување ќе го наруши мирот во градот. На групата и се заканува судска постапка бидејќи го прекршила законот и моралот со организирањето на протестот, велат од судството. Во 2021 година, Турција се повлече од Истанбулската конвенција на иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Организаторите на протестот наведуваат податоци за смртта на 300 жени годинава кои се жртви на фемицид, што е кривично дело убиство на жени и девојчиња поради нивниот пол.

Истанбулската конвенција, која беше прифатена во Истанбул во 2011 година и стапи на сила во 2014 година, е првиот правно обврзувачки и сеопфатен меѓународен механизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Екипите на ЈПОЗМРП Скопје – “Македонија Пат” подготвени ја следат ситуацијата на патните правци

Апел до сите учесници во сообраќајот да носат и користат зимска опрема и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.

Екипите на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на Магистрални и Регионални патишта – Скопје, будно ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои. Навремено се превземени превентивни мерки со опесочување на сите делници на кои се очекуваат ниски температури и врнежи од снег.

Воедно упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот да носат и користат зимска опрема и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.

Јавно Претпријатие за одржување и заштита на Магистрални и Регионални патишта - Скопје

УХМР: Во утринските часови ќе провејува снег

Утре во утринските часови на места ќе провејува снег. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во вторник ќе се задржи стабилно време со негативни утрински температури. Нов влажен бран со локални врнежи од дожд, а на планините на запад од снег, се очекува во среда и во четврток, велат од УХМР.

притисни ентер