Новата сезона во македонскиот ракомет тргна во одлична атмосфера и со славје за Еурофарм Пелистер - Канал 5

Новата сезона во македонскиот ракомет тргна во одлична атмосфера и со славје за Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер по третпат го освоија трофејот во Суперкупот, откако по огромна драма го совладаа Вардар 1961 со 28-27 (12-13).

Новата сезона во македонскиот ракомет тргна во одлична атмосфера и со славје за Еурофарм Пелистер

По четврти пат во низа, втор во официјалните натпревар пелистерци го совладаа лутиот ривал и ја отворија новата сезона со првиот трофеј.

Вардарци не отворија добро и направија две грешки, а на спротивната страна Хосни и Радивојевиќ донесоа стартна предност за Пелистерци (2-0). Првиот гол за тимот на Чупиќ го постигна Кеита од крило, а потоа погоди Тајник за 3-1. Во следната акција Јанковски изнуди пенал кој го реализира Кавада, па со човек повеќе реализира Хенигман за 4-2. Следуваше враќање на Вардарци до егал, па во следните минути се играше гол за гол, а скопскиот тим не реализира и напад за прво водство при 5-5. За Еурофарм Пелистер ефектен гол даде словенечкиот плејмејкер Тајник по добар дриблинг (6-5), а потоа Кавада и Талески донесоа прва вардарова предност од 6-7.

Кузмановски промаши пенал, па по голот на Малус за 6-8 тренерот Гарабаја побара прв тајм-аут. Ниту тоа не вроди со плод, па серијата се зголеми на 0-4 со двата гола на Дмитро Хориха. „Постот“ на пелистерци го прекина Валид, а потоа за 8-10 во транзиција погоди Хосни. Со доза на среќа реализира Талески по акција во која покажа огромна решителност, но Хосни го одржа шампионот во игра (9-11). Минута одмор свика и Чупиќ, па вардарци погодија преку Кавада од седмерец и Митровиќ во празна мрежа од својата половина за повторување на максималните „плус четири“ (9-13). Сепак, до крајот на полувремето голови даваше само Пелистер, погодуваа Манасков, Тајник и Хосни и на одмор се замина со минимална предност за скопјани од 12-13.

Во вториот дел подобро влегоа битолчани кои со головите на Хосни и Радивојевиќ поведоа со 14-13. Следуваше директно исклучување за Богдан Радивојевиќ кој го удри Малус в лице, а по две исклучувања собраа Хориха и Хосни во двата табори. Се играше некое време гол за гол, а потоа Пелистер поведе со 17-15, но Вардар бргу се врати до егал. Откако битолскиот тим пак врза два гола, Чупиќ се реши за тајм-аут. Во следниот период избраниците на Гарабаја реализираа два пенали преку Хекбергти одржуваа два гола предност која ривалот ја бркаше. Со голот на Кузмановски од шест метри пелистерци поведоа со 24-21 на влезот во 49 минута. Младиот Брестовац врза интервенци и го бранеше водството на својот тим, а Чупиќ го повика последниот тајм-аут, а и по него му фати зицер на Јанковски и со голот на Пешевски пелистерци поведоа со 26-22. Вардар како да остана без идеја, нападите одеа на сила и играше со три бека-шутери без вистински организатор на играта. Со головите на Јанковски и Талески инспирирани од Гогов сепак скопјани се вратија во мечот (26-25), а Гарабаја реши да повика тајм-аут за консолидирање на тимот. Техничка грешка направи капитенот на пелистерци и во долг напад Вардар стигна до израмнување 26-26.

Успеа Тајник да изнуди пенал во клучен момент, но Васил Гогов му го одбрани седмерецот на Хекберт. На спротивната страна и Брестовац го прочита ударот на Талески, па во последните две минути се влезе со целосен егал. Брзоногиот Тајник одново доби пенал, а овојпат сигурен беше Манасков за „плус еден“. На спротивната страна седмерец изнуди и Малус и перфектната серија ја продолжи Харуки Кавада за ново израмнување. По тајм-аут реализираше Усама Хосни и донесе голема победа за својот тим. Во последниот напад Вардар бараше фаул од Манасков врз Талески, се прегледуваше и ВАР, ама судиите оценија дека нема такво нешто.

Најефикасен играч на средбата беше Хосни со осум гола, додека кај вардарци се истакна Кавада со шест.

Извор: Гол.мк

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

МЗ ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста.

Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини.

Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите вклучени во Програмата им се распределени количини на сензори за шестмесечен период, односно до декември 2026 година. Пациентите ги подигнуваат сензорите во инсулинските аптеки, согласно утврдениот режим.

Со сензори се опфатени лицата со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица со дијабетес тип 1, како и лица со дијабетес тип 1 кои имаат најтешки компликации и коморбидитети.

На овој начин, согласно расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти за да се обезбеди континуирано следење на нивото на гликемија и подобро управување со болеста.

Потсетуваме дека сензорите за континуирано следење на гликемијата првпат беа обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со јавната набавка во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800.

Министерството за здравство останува отворено за комуникација со пациентските организации и ќе продолжи со напорите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

Денеска во Собранието, Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња и делегацијата.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

На средбата покрај претседателката на Групата, Даниела Николова, присуствуваа и членовите: Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска.

Претседателката на Групата, Николова, им посака добредојде на потпретседателот Холовња и на членовите на полската делегација, изразувајќи задоволство од можноста за средба и размена на мислења. Таа ги истакна добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска, нагласувајќи ја потребата од нивно натамошно продлабочување и унапредување.

Потпретседателот на полскиот Сејм, Холовња, се заблагодари за топлото добредојде потврдувајќи ја полската поддршката на патот кон ЕУ. Тој истакна дека земјата има значајно искуство во надминувањето на предизвиците и изнаоѓањето решенија за сложени прашања, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се надминат и отворените прашања со Република Бугарија.

Соговорниците ја истакнаа досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на економијата, туризмот и образованието, исто така, беше нагласена и потребата од нејзино проширување и продлабочување во повеќе сектори и тоа не само на ниво на билатерална соработка туку и на ниво на работни тела/комисии бидејќи тие се сржта на парламентаризмот.

Томаш Глоговски, претседателот на Пратеничката група за соработка Полска – Балкан во полскиот Парламент, ја потврди поддршката за европските интеграции на Република Македонија. Тој истакна дека ги разбира предизвиците со кои се соочува земјата во моментот на евроинтегративниот пат, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се најде заемно прифатливо решение.

На крајот на средбата, соговорниците изразија подготвеност за продолжување на соработката преку интензивирање на меѓусебните контакти и размена на искуства, со цел зајакнување на билатералните односи и продлабочување на пријателските врски меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер