Новата сезона на францускиот кино-клуб ќе почне со филмот „Тимбукту“ - Канал 5

Новата сезона на францускиот кино-клуб ќе почне со филмот „Тимбукту“

Новата сезона на францускиот кино-клуб, кој го организира Францускиот институт во Скопје, ќе почне в четврток (29 октомври) со прикажување на филмот „Тимбукту“ на Абдерахман Сисако во Кинотеката на Македонија од 20 часот.

Новата сезона на францускиот кино-клуб ќе почне со филмот „Тимбукту“

- Со проекцијата на овој седумкратен добитник на наградите Цезар 2015, меѓу кои за најдобар филм, најдобар режисер и најдобро сценарио, се отвора и новиот циклус на ангажирана кинематографија, соопшти Францускиот институт.

„Тимбукту“ (2014) од филмската критика доби највисока оцена, Ле Паризјен го нарече „ремек-дело“, Либерасјон го окарактеризира како „моќен“, додека Ла Воа ди Нор како „силно и длабоко филмско дело“.

Пред проекцијата на филмот, ќе биде прикажано и краткото видео „Кутија“ на Коста Лазаров, победник на конкурсот „Моето прво минивидео“ организиран од Францускиот институт. Видеото беше изработено и прикажано за време на престојот на Лазаров на фестивалот OFF-Courts во Трувил, Долна Нормандија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во БИХ: Една промена во претседателството, старите партии го задржаа водството во ентитетите

Изборните резултати од општите избори во Босна и Херцеговина не донесоа посериозни политички поместувања во земјата..

Избори во БИХ: Една промена во претседателството, старите партии го задржаа водството во ентитетите

Прелиминарните резултати покажуваат дека Денис Беќировиќ од Социјалдемократската партија обезбедува уште еден мандат на бошњачкото место додека Жељка Цвијановиќ од Сојузот на независни социјалдемократи на српското место во тричленото претседателство.

Промена има кај хрватскиот член во претседателството, каде победи Даријана Филиповиќ од Хрватската демократска заедница..

Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи Милорад Додик, прогласи победата на својата партија на сите нивоа на власт.. Освен Цвијановиќ, победа извојува и кандидатот на партијата за претседател на Република Српска, Саво Миниќ, а партијата на Додик остана најсилна политичка сила во изборите за државниот парламент од република српска..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново апсење за „Лотарија“: Две лица се осомничени за проневера на 1,3 милиони евра

Неофицијално, две лица се приведени во нов случај поврзан со Државна лотарија, а се истражува сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.

Ново апсење за „Лотарија“: Две лица се осомничени за проневера на 1,3 милиони евра

Од ОЈО Скопје засега нема официјална потврда или детали за случајот.

Според неофицијалните информации кои ги објави Плсуинфо, едно од приведените лица е поранешна раководителка на финансии во Државна лотарија.

Се проверува начинот на кој биле изнесени средствата, како и одговорноста на лицата кои биле вклучени во финансиското работење на институцијата.

Случајот според сознанијата се однесува на периодот кога со Државна лотарија раководел Перпарим Бајрами но нема информации дали и во овој случај се истражува негова инволвираност.

Бајрами е опфатен во друг предмет поврзан со Државна лотарија, во кој заедно со Артан Груби и други обвинети во моментов се води судска постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година

Со доделување на признанија на тринаесет најдобри наставници  Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници го одбележаа 5 Октомври –  Светскиот ден на учителите.

Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година

Со доделување на признанија на тринаесет најдобри наставници од предучилишното, основното и средното образование за учебната 2025-2026 година, Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници го одбележаа 5 Октомври – Светскиот ден на учителите.

Признанијата ги доделија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и претседателката на Сојузот, Жаклина Ристовска. Во своето обраќање, Јаневска им го честиташе празникот на сите наставници, изразувајќи благодарност за споделувањето на знаењето, трудот, трпението и посветеноста во процесот на обликување на младите.

„Квалитетни наставници има многу. Но, меѓу нив, Сојузот ги избра оние кои со своите резултати, признанија, награди и посветена работа во изминатата учебна 2025-2026 година се издвоиле како пример за професионалност и посветеност. Ова признание нека биде причина да бидете горди на тоа што го постигнавте, но и мотив да продолжите да работите со ист ентузијазам. Споделувајте ги своите знаења и искуства со колегите и покажувајте како се создаваат добри ученици и добри генерации, бидејќи преку нив создаваме стабилна иднина на нашата држава“, им порача Јаневска на наградените наставници.

Посочи дека МОН и Владата се грижат за сите наставници да бидат што позадоволни од работата што секојдневно ја вршат и во таа насока, за две години платите во училиштата се зголемени за над 20%, а во високото за 14%. Мерките за кариерно напредување ги искористија над 300 наставници и стручни соработници кои се унапредени во звање ментор или советник, а преку обуки на Бирото за развој на образованието и други партнерски институции и организации, се овозможува нивен континуиран професионален развој. Во подобри услови за настава и работа се вложени над 70 милиони евра, обезбеден е нов електронски дневник, нови дигитални алатки и помагала и подобрена е дигиталната инфраструктура.

„Без разлика на инфраструктурата, технологијата или инвестициите, најважниот дел од секое училиште останува - наставникот. Од вас очекувам да останете енергични, посветени и да бидете двигатели на образованието. Да бидете партнери на Министерството, но и партнери на родителите и на учениците. Но, пред сè, да го зачувате и истакнете авторитетот на наставникот. Барајте заложба, труд и одговорност од децата и оценувајте реално, затоа што реалната оценка не е казна, таа е насока за напредок“, рече Јаневска.

Признание за најдобар просветен работник во предучилишното образование доби Клементина Петрушевска, воспитувач во детската градинка „Весели Цветови“ во Кисела Вода. Во одделенска настава во основното образование за најдобри наставници се прогласени Соња Трифуновска од ОУ „Гоце Делчев“ – Тетово, Виолета Поповска од ОУ „Вера Јоциќ“ – Гази Баба, Габриела Мерџаноска од ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар, Ксенија Николова од ОУ „Гоце Делчев“ – Босилово и Весна Тодоровска - Унковска од ОУ„Партенија Зографски“ - Кисела Вода. Во предметна настава, признанија добија Томе Китановски од ОУ „Гоце Делчев“ – Василево, Бојанка Џипунова - Ташова од ОУ „Васил Главинов“ – Велес, Вера Зороска од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, Оливера Шиклеска – Грозданова од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола и Благица Чатлеска од ОУ „Гоце Делчев“ – Прилеп. Во средното образование за најдобар наставник е избран Никола Делевски од Регионалниот центар за стручно образование и обука „Никола Карев“ – Струмица, а постхумно признание беше доделено на Слаѓан Станковиќ – Битрак, кој беше дел од наставниот кадар во СОУ „Наце Буѓониʺ - Куманово и „Математичко - информатичка гимназијаʺ во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер