Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
АвтомобилизамНовата Opel Corsa GSE: Електрично ‘hot hatch’ „оживување“Изобилство на моќност: 207 kW (281 КС) и 345 Nm вртежен моментНиеден друг сериски Opel не забрзува побрзо: од 0 до 100 km/h за 5,5 секунди Жежок, најжежок, hot hatch дизајн: GSE специфичен преден и заден дел, 18-инчни фелни, Alcon систем за сопирање со високи перформанси, перформансни седишта, жолти безбедносни појаси, дигитални дисплеи со податоци за перформансите и многу повеќе Назад кон иднината: Corsa GSE ја оживува традицијата на спортските модели на Corsa Вредности (комбинирани) за Opel Mokka GSE според WLTP: потрошувачка на енергија 18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознакаl: A Новото целосно електрично возило Opel Mokka GSE Rally, серискиот рели автомобил Opel Mokka GSE и неверојатниот високо-перформансен концепт Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo: 2025 година го означија оживувањето на високо-динамичните модели GSE. Во 2026 година, Opel повторно ќе го прошири електирчното задоволство при возење, со новиот Opel Corsa GSE. Новата високо-перформансна верзија на најпродаваниот мал автомобил во Германија ги носи спортските GSi гени од првата генерација на Corsa во иднината: пулсирачка, возбудлива и целосно електрична. Најмоќната сериска Corsa на сите времиња досега ќе биде претставена оваа година и ќе ја прослави својата изложбена премиера на Саемот за автомобили во Париз во октомври. Сепак, Opel веќе денес ги објавува првите официјални слики од новиот „hot hatch“. Електрична Corsa GSE: мал автомобил, возбудливи перформанси Opel Corsa GSE ги враќа спортските гени од претходните генерации на Corsa. Како GSi, Corsa A веќе ги воодушеви љубителите на динамичните мали автомобили кои сакаа да доживеат задоволство при возење и перформанси. Со новата Corsa GSE, Opel се враќа на пазарот со вистински „hot hatch“ и го полни со уште повеќе емоции, возбуда, перформанси и целосно електрично задоволство при возење. Бидејќи токму тоа го означува GSE: Grand Sport Electric! Opel веќе покажа дека врвните перформанси со електрична енергија не треба да бидат резервирани само за клиентите од луксузниот сегмент со воведувањето на Mokka GSE минатата година. И на ист начин, новата Corsa GSE го покажува тоа со бројките за перформансите. Со 207 kW (281 КС) и 345 Nm, новата Corsa GSE ќе понуди исто толку електрична моќност како и актуелниот носител на титулата „Златен управувач“ Mokka GSE. Во исто време, Corsa GSE станува уште подинамична. Со забрзување од само 5,5 секунди од 0 до 100 km/h, новата Corsa со високи перформанси го привлекува возачот да седне на спортското седиште GSE посилно од кој било друг актуелен производствен модел на Opel. Ја достигнува својата максимална брзина од 180 km/h. Возачите на Corsa GSE можат да изберат од три различни режими на возење: во режимот „Sport“, електричниот автомобил е подесен за чисти перформанси и ја активара целосната моќност со својата специјална калибрација оптимизирана за „тркачка патека“; во режимот „Normal“ испорачува 170 kW (231 КС) и спортска поставеност, максималната брзина до 180 km/h е исто така можна, а во „Eco“ сите поставки се прилагодени за најголема можна ефикасност; тука максималната брзина е 150 km/h. Новата Corsa GSE ја складира својата енергија во литиум-јонска батерија од 54 kWh (51 kWh употреблив капацитет). За да се обезбеди долгорочно, сигурно спортско задоволство при возењето, инженерите го адаптираа и системот за управување со температурата на батеријата според високите GSE барања. Софистицираната технологија, исто така, придонесува за исклучителните перформанси, стабилноста при управување и директната повратна информација: Corsa GSE има погон на предните тркала со теозен диференцијал со ограничено пролизгување со повеќе плочи и спуштена спортска шасија со специјално дизајнирани оски, стабилизатори и хидраулични амортизери. GSE оптимизираното управување и подесувањето на педалите го нагласуваат високо динамичното искуство при возење. А доколку е потребно, сопирачките со четири клипови обезбедуваат моментално забавување при големи брзини. Дизајн на Corsa GSE со ефект на „wow“: одлично секојдневено спортско возило на прв поглед Новата Corsa GSE самоуверено ги прикажува своите перформанси. Додека добро познатите верзии на актуелната генерација на Corsa веќе имаат динамичен дизајн, „hot hatch“ визуелно ги нагласува претензиите за високи перформанси до последниот детаљ, а предниот браник специфичен за GSE веднаш го привлекува вниманието. Исто како и задниот дел, тој е уште поостар отколку кај другите верзии на моделот. Ова е обезбедено, меѓу другото, со визуелни отвори за воздух, како и со црни ленти во долниот дел од возилото и на широките лакови на тркалата, што е во контраст со контурната бела блескава боја. Црниот покрив и црниот заден спојлер го засилуваат овој ефект. Со спортски 18-инчни раткапни и Michelin Pilot Sport 4S 215/40 R18 пневматици, новата Corsa GSE се одликува со бескомпромисен изглед. Под впечатливите раткапни со три краци, Alcon шепите за сопирачките со јасно видливи букви GSE веднаш ќе го привлачат вниманието. Овој изглед со високи перформанси е нагласен и со специфичната кратенка GSE на страните на возилото. Внатрешност на Corsa GSE: модерна интерпретација на класичниот стил на hot hatch на Opel Смелиот дизајн на GSE е одразен и во ентериерот. Тука, идејата за „hot hatch“ се враќа, како сеќавање на спортските модели од генерацијата Corsa А, а во исто време интерпретирана на модерен и напреден начин. Возачот и совозачот седат на перформансни седишта со апликации од Alcantara и интегрирани потпирачи за глава, кои будат спомени со навлаки во црна, сива и жолта карирана шара. Светло жолтите безбедносни појаси формираат силен контраст. Високиот квалитет се пренесува и преку управувачот и деталите на вратите обложени со Alcantara, потпирачите за раце со жолто порабување и инструмент таблата со логото GSE на сребрено-сива позадина. Командите за забрзување и сопирање се даваат преку спортските алуминиумски педали. Допонителните специфични опции во внатрешноста ја надополнуваат понудата за Corsa GSE. Потребните информации му се пренесуваат на возачот преку дигиталниот дисплеј за информации за возачот, кој може да се персонализира на многу начини, и централниот 10-инчен екран на допир во боја. Тој содржи податоци за перформансите на GSE, дисплеј за G-сила, вредности за забрзување, податоци за управување со батеријата и многу повеќе. Дисплеите се исто така дизајнирани во типичниот GSE стил. Новата Corsa GSE се карактеризира со технички висококвалитетен и високо динамичен дизајн до најмалите детали, и внатре и надвор. Покрај тоа, Corsa GSE е опремена со бројни технолошки и комфорни детали кои се исто толку квалитетни колку што се и практични. Колекцијата вклучува карактеристики кои се движат од седишта и управувач со функција за греење до 180о камерата за возење наназад и системот за влегување и стартување без клуч, па сè до двонасочниот вграден полнач (V2L), кој не само што овозможува полнење на Вашето спортско возило, туку може да се користи и за напојување на надворешни уреди, од електрични велосипеди до електрични скари, со енергија директно од батеријата на возилото. Сето ова покажува дека новата Corsa GSE не е автомобил што едноставно ги носи фановите од една дестинација до друга. Тоа е целосно електричен и во исто време практичен „hot hatch“ што Ве освојува и овозможува вистинско чувство на OMG! GSE. Повеќе информации за новата Opel Corsa GSE ќе следат наскоро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24