Новата холандска Влада на премиерот Роб Јетен положи заклетва - Канал 5

Новата холандска Влада на премиерот Роб Јетен положи заклетва

Сите членови на новата холандска Влада денеска положија заклетва пред кралот Вилем-Александар, објави националната новинска агенција АНП.

Новата холандска Влада на премиерот Роб Јетен положи заклетва

Кабинетот е составен од 18 министри и 10 државни секретари, вклучувајќи го и премиерот Роб Јетен.

Министрите кои беа дел од кабинетот на претходниот премиер Дик Шоф не беа обврзани повторно да положат заклетва, за разлика од државните секретари.

Десет члена на новиот кабинет се од партијата Демократи-66 на Јетен, девет од Народната партија за слобода и демократија и осум од Христијанско-демократскиот апел. Државната секретарка Сандра Палмен, која е одговорна за надминување на последиците од скандалот со детскиот додаток, е непартиска.

Кратко по заклетвата, министрите се појавија на скалите од палатата Хојс тен Бос за традиционалната фотографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

Трамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина.

Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа.

Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември.

Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери.

Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност.

Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Најновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија  Тимчо Муцунски.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност.

Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот.

Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди

Според УХМР денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Променливо облачно со сончеви периоди

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Потоа до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер