ЗабаваНовата девојка на Бред Пит,снимена со нејзиниот 68-годишен сопругНовата девојка на Бред Пит е снимена на вечера во Берлин со нејзиниот сопруг, 68-годишниот претприемач Роланд Мери.27-годишната германска манекенка и постариот бизнисмен биле видени како го напуштаат неговито ресторан во Берлин во друштво на пријатели, а „Дејли меил“ пишува дека изгледале многу блиски. Тоа е исто така прв пат откако Никол и нејзиниот сопруг, со кои наводно е во отворен брак, се видени заедно, откако се дозна за нејзината врска со Бред Пит. Британскиот таблоид исто така пишува дека 68-годишниот Роланд не бил љубоморен на вонбрачните активности на неговата сопруга, а таа и Пит наводно биле во ресторанот на нејзиниот сопруг. View this post on Instagram Sundays 🧖🏼♀️ A post shared by Nico (@nico.potur) on Oct 25, 2020 at 3:32am PDT "Роланд беше во брак неколку пати и има пет деца. Тој не е заинтересиран за негативност и љубомора. Тие се уште се во брак, но тоа би можело да се опише како отворен брак", изјави претходно извор близок до парот. View this post on Instagram Keep it colorful 🎨. #werbungwegenmarkennennung A post shared by Nico (@nico.potur) on Oct 22, 2020 at 11:04pm PDT Нејзината врска со Пит стана позната ова лето кога парот бил забележан на аеродромот Ле Кастелет во Франција каде според описот на сведоците тие изгледале како заљубени тинејџери кои не можат да ги тргнат рацете едни од други.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66Тајван ги презеде првите два од вкупно 66 борбени авиони Ф-16В Блок 70 купени од Соединетите Држави.Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува значаен чекор во зајакнувањето на воздушната одбрана на земјата. „Ова ја покажува нашата решеност да ги зајакнеме капацитетите за самоодбрана и да обезбедиме мир преку сопствената сила“, рече Лаи. Обука и воведување во употреба Командата на тајванските воздухопловни сили соопшти дека ќе спроведе обука за премин кон новиот тип на авион, а потоа постепено ќе ги воведе во оперативна употреба. Командата истакна дека 7-мото тактичко борбено крило е формирано во декември 2023 година и е предвидено да биде опремено со новите авиони Ф-16В Блок 70. Министерот за одбрана Велингтон Ку претходно пред новинарите потврди дека „годинава ќе бидат испорачани повеќе од два авиона“. Договор вреден 8 милијарди долари Соединетите Држави ја одобрија продажбата на 66 авиони Ф-16В и придружна опрема на Тајван уште во 2019 година. Вкупната вредност на договорот се проценува на приближно 8 милијарди долари. Извор: Индекс.хрТагови: САД Тајван Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„GTA 6“ ќе биде најголемата игра на „Rockstar“: „Никогаш не сме направиле вакво нешто“Со години, „GTA 6“ се најавува како потенцијален рекордер за најголемо лансирање во историјата на индустријата за забава – како во поглед на очекувањата, така и во однос на капиталот вложен во нејзиниот развој. „Rockstar“ дополнително ја поттикнува оваа возбуда. Според еден од клучните раководители на студиото, целта е речиси секој аспект од претстојната игра да се подигне на ново ниво. Арон Гарбут, раководител за развој и висок функционер во „Rockstar“, вели дека тимот се обидел огромниот притисок околу проектот да го претвори во дополнителна мотивација. Наместо да прават компромиси меѓу големината на светот, деталите и интерактивноста, тие се стремеле истовремено да ги подобрат сите овие елементи. „Обично мора да правите компромис меѓу обемот и деталите, или меѓу деталите и интерактивноста. Со овој проект, тргнавме во спротивна насока“, изјави Гарбут за „Game Informer“. Тој истакна дека „Rockstar“ го зголемил нивото на детали, обемот, опсегот, големината, интерактивноста и густината на светот – подобрувања што треба да бидат очигледни во секој аспект од играта. „GTA 6“ ветува огромен отворен свет, подетална средина, напредна физика и поголем број интерактивни елементи. Иако „Rockstar“ сè уште не ги открил сите карти, досега објавените трејлери веќе навестуваат колку внимание е посветено на деталите. Секако, зад проект од вакви размери стојат огромните финансиски ресурси на издавачот „Take-Two Interactive“. Точниот буџет за „GTA 6“ не е јавно потврден, но јасно е дека станува збор за еден од најамбициозните проекти во историјата на индустријата за видеоигри. „Rockstar“ е познат по тоа што со години ги развива своите игри и вложува огромно време во светот, анимациите, физиката и деталите. Следствено на тоа, Гарбут смета дека „GTA 6“ претставува нешто што „Rockstar“ никогаш претходно го нема создадено. „Не мислам дека некогаш сме направиле нешто што е дури и приближно на ова“, изјави тој. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“На 03.10.2026 (сабота) со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Р.С.Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.Тагови: Посебен режим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter