АвтомобилизамНовата Дачија со 7 седишта доаѓа во 2021 годинаНовиот романски седмосед ќе биде „SUV“, а не минивен како до сега.Со околу 29.000 продадени примероци во 2019, Дачија „Lodgy“ спаѓа во комерцијално најнеуспешните модели на романскиот произведувач. Затоа и не е чудо што се најавува гаснење на овој минивен по само една генерација. Иако „Lodgy“ нема да има деректен наследник, Далија сепак нема да остане без патничко возило со 7 седишта. Како што пишува „Largus.fr“, новиот седмосед ќе биде „SUV“ базиран на „CMF-B“ механичката платформа која ја користат најновите Сандеро и Логан, но и многу други современи модели од компаниите Рено и Нисан, како што се Клио, Каптур, или Џук. За во новиот „SUV“ да се смести трет ред седишта, овој автомобил ќе има продолжено меѓуосовинско растојание. Погонот ќе се состои од 1.0 литарски „TCe“ турбо-бензин мотор во верзии со 100 и 120 коњски слили, како и 1.3 литарски „ TCe“ во верзии од 140 и 160 коњски сили. Се очекува и верзија со 12 волтен „благ“ хибриден погон, но и верзија која за гориво користи течен нафтен гас. Од моделот Клио ќе биде позајмен 1.6 „E-Tech“ хибридниот погонски систем кој произведува 140 коњски сили. И додека „Lodgy“ за европскиот пазар се правеше во Мароко, новата Дачија „SUV“ ќе се произведува во Романија. Како што се наведува, премиерата е планирана за лето 2021, а автомобилот во продажните салони би требало да пристигне кон крајот на истата или почеток на 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМладите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов ЗеландПратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
Македонија64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар 64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook