Новата бугарска министерка за надворешни бара политичка зрелост од Македонија - Канал 5

Новата бугарска министерка за надворешни бара политичка зрелост од Македонија

Официјално Скопје да изнајде зрелост и политичка волја, наместо да бара конфликт со Софија во тековниот спор – порача бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова. 

Новата бугарска министерка за надворешни бара политичка зрелост од Македонија

Нејзиниот тон кон Скопје вели ќе биде позитивен, но потсетува дека позициите на Бугарија, за која има постои широк политички консензус во државата, остануваат непроменети. Обврските кои треба Македонија да ги исполни, посочува не се билатерални, туку обврски на ниво на ЕУ.

-Се надевам навистина дека Скопје ќе пронајде пристап да го фокусира вниманието на исполнувањето на обврските, а не на барање на конфликт со Софија. Жално е што се враќам во Владата четири години подоцна и нема напредок по оваа тема, но се надевам дека претставниците на владата во Македонија ќе успеат да видат на каде се движи дијалогот на ЕУ и дека ќе можат да го искористат отворениот прозорец за проширување за да можат да продолжат по својот Европски пат. - Велислава Петрова – Министер за надворешни работи на Бугарија

Со барање на разум и рационалност до источниот сосед возврати и премиерот Мицкоски, кој вели дека е загрижен од првите знаци на новата Бугарска влада, која смета дека дефокусира од скандалите во земјата со радикализирани ставови за македонското прашање. Според него, Владата нуди постојано решенија, а обвини и дека официјална Софија не почитува и останати договори од минатото, и се поставува кон земјава уценувачки.

-На маса им стојат најмалку 14 пресуди што доаѓаат од Судот за човекови права во Стразбур, па тие не ги почитуваат. Е да, тие ќе ви кажат, „вие сакате да дојдете во клубот каде што сме ние“. Ние не сакаме да дојдеме во клубот каде што се вие. Но, тоа е уцена и булинг. Ако веруваме и стоиме до европските вредности, тогаш треба да веруваме и стои до европските вредности, а ако тие мислат дека се таму и за ние да бидеме таму треба да ги прифатиме нивните барања, тогаш оваа Влада таа игра нема да ја игра и се додека сум јас премиер, додека не видиме испорака од нивна страна, ние нема да се поместиме ниту милиметар. - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Со критика кон Владата и премиерот во изминативе неколку дена гласна е и опозициската СДСМ, кои велат дека уставните измени не се носат поради лукративни интереси на актуелните функционери. Тие побараа да се распише референдум на кој граѓаните самите ќе одлучат дали треба да се направат уставните измени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер