Филипче: Македонија не е на продажба – Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата!
2Филипче: Македонија не е на продажба – Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата!
ТенисНовак Ѓоковиќ по веста дека Енди Мареј му е нов тренер: Време е за нашиот последен чин (ВИДЕО)Веста дека Новак Ѓоковиќ си најде нов тренер и дека во 2025 година ќе го тренира Енди Мареј, еден од неговите најголеми ривали, се појави како од ведро небо, како што и самиот потврди преку социјалните мрежи.Новак Ѓоковиќ објави видео клип во кој има компилација од нивните дуели, додека самиот Мареј беше дел од „големата четворка“, односно во еден период успеа да се прикраде и да ја заземе првата позиција на АТП листата покрај Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер. Енди Мареј постигна голем успех, а сега ќе го тренира Новак Ѓоковиќ. Еве зошто српскиот тенисер објави видео во кое го претставува „својот нов тренер“. - Од момчиња игравме еден против друг, 25 години бевме големи ривали, се форсиравме надвор од нашите граници. Имавме некои од најголемите битки во нашиот спорт. Нè нарекоа менувачи на игри, преземачи на ризик и создавачи на историјата. Мислев дека нашата приказна е завршена, но ќе има последен чин. Време е еден од моите најголеми ривали да застане во мојот агол, тренерот Енди Мареј е добредојден – изјави Новак Ѓоковиќ. He never liked retirement anyway. 🙌 pic.twitter.com/Ga4UlV2kQW — Novak Djokovic (@DjokerNole) November 23, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на БихаќкаСДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се соработници на криминалот и корупцијата.СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се нивните соработници на криминалот и корупцијата. Мал дел на судии и обвинители блиски до СДС и ДУИ, го корозираат правосудниот систем и носат одлуки спротивни на правдата, но на иста линија со нивните наредбодавци. Дозволете да се потсетиме на неколку судии и обвинители, поточно на Катерина Коларевиќ, обвинителката која го затвори случајот Мазут, а чиј татко беше избран за државен правобранител од влада на СДС, а чија мајка беше избрана за уставен судија во време на коалицијата на СДС и на ДУИ. Пајазит Пајазити, судијата близок до ДУИ, кој одлучуваше во случаите со Блерим Рамадани, упадот во контролата на летање и Иџет Мемети. Да се потсетиме и на Даниела Алексовска Стојановска, судијката која во својата куќа, имаше сместено штаб на СДС. И секако, да не го заборавиме Ислам Абази комшијата на Ахмети од Зајас, кој одработи за функцијата шеф на ОЈО ГОКК, со затворање на случајот со модуларната болница. Ете, ова е системот кој СДС и ДУИ го градеа со години, со ставање на свои луѓе на високи позиции во правосудството. И за овој систем мора да има одговорност. Ние не забораваме. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Македонија не е на продажба – Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата!Македонија не е на продажба, а земјата, рудите и водата не се приватна сопственост на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.„Мицкоски најавува распродавање на земјата и ги нуди рудните богатства на странски инвеститори. Јасно и гласно му порачувам: не смее да ги распродава националните богатства. За отворање рудници прво мора да бидат прашани граѓаните“, рече Филипче. Тој нагласи дека жителите на населените места каде што се планираат рудници мора на референдум да одлучат дали прифаќаат такви проекти во близина на своите домови. „Во време кога илјадници граѓани во Гостивар беа затруени од загадена вода, кога и во Струмичкиот регион има места со неисправна вода, кој може да гарантира дека токсични материи, како антимонот, утре нема да завршат во водата? Такви одлуки не смеат да се носат зад грбот на граѓаните“, рече Филипче. По целосниот дебакл на економските политики, Мицкоски нема право спасот да го бара во распродажба на природните ресурси, додаде претседателот на СДСМ. „Тоа што во моментов ја води Владата не значи дека може да располага со националните богатства како да се негова приватна сопственост. Како што водата ја ветил за изградба на дата-центри, така сега сака да ги распродава земјата и рудите за да ги покрие своите лоши економски политики“, истакна Филипче. Во однос на најавените дата-центри, тој посочи дека власта крие суштински информации: кој ќе ја користи водата од Вардар, што ќе се случи со земјоделството, колку електрична енергија ќе трошат центрите, дали ќе поскапи струјата и каква корист ќе имаат граѓаните од проекти што отвораат само неколку работни места. „Ние не сме против технолошкиот развој на државата. Ние сме против приватните бизнис-интереси на оваа власт да се остваруваат на штета на граѓаните. Водата од Вардар, земјата и рудите им припаѓаат на сите граѓани, а не на приватни компании и луѓе блиски до Мицкоски“, рече Филипче. „Македонија не е на продажба. Граѓаните мора да одлучат дали ќе има рудници во близина на местата каде што живеат. Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Филипче: Граѓаните на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови Граѓаните треба на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, по најавите на премиерот Мицкоски за изградба на рудници и експлоатација на рудното богатство. Филипче посочи дека националните богатства не се приватна сопственост на премиерот и дека за вакви прашања мора да се слушне гласот на граѓаните. „Премиерот Христијан Мицкоски најавува распродавање на земјата. Вчера го слушам, кажува како ние сме биле богати со руда, надевајќи се дека ќе привлече инвеститори кои што тука ќе градат рудници. Сакам јасно и гласно да му порачам - не смее да ги распродава националните богатства. Прво, за рудници треба да се прашаат граѓаните“, рече Филипче. Тој додаде дека граѓаните мора да имаат право директно да одлучат дали во нивната непосредна околина ќе има рудници, особено во услови кога веќе постојат сериозни проблеми со квалитетот и безбедноста на водата. „Треба граѓаните во средините во кои што живеат да се изјаснат на референдум дали сакаат или не сакаат, близу до нивните места на живеење, да се градат рудници.Сега кога имаме случај на загадување на водата, сега кога после толку месеци и пет илјади отруени луѓе во Гостивар кои што пиеја вода загадена со фекалии, сè уште немаме податок дали водата е чиста на хартија. Да се види тоа, сега кога секојдневно се отвораат сега и во струмичкиот регион, неколку места во кои што водата не е исправна, дали е потребен дополнителен ризик од загадување со екстремно токсични материи, како што е антимонот, и кој би гарантирал тој процес, дека ќе биде безбеден, и дека утре антимон нема да се најде во водата, ако се отворат такви рудници, без да се прашаат граѓаните“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ нагласи дека Владата не смее националните богатства да ги користи како излез од сопствените економски проблеми и неуспеси. „Нема право премиерот, кога има сега целосен дебакл во сферата на економските политики, да мисли дека може да ја распродава земјата. Тоа не е негова приватна сопственост. Тоа што тој во моментов ја води владата, не значи дека треба да располага со националните богатства на земјата за да се спаси во делот на лошите економски политики. Така како што очигледно дека ги има ветено водите за изградба на дата центри, така сега сака да ја распродаде и земјата. Јасно и гласно кажуваме - граѓаните треба да одлучат на референдум дали ќе има или ќе нема рудници близу до местата каде што живеат“, рече Филипче. Скопје, 18.09.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветПукање во училиште на Филипините: Загинаа три деца, а осум се повредениТројца ученици загинаа денес при пукање во училиште во градот Банга, во јужниот дел на Филипините, вклучително и 16-годишникот осомничен за извршување на нападот , додека осум други лица се повредени, соопшти градоначалникот на градот.„Сите жртви се ученици на возраст од 14 до 17 години. Четворица од повредените се во критична состојба“, изјави за Ројтерс Алберт Паленсија, градоначалникот на Банга. Медиумите претходно известуваа, повикувајќи се на локални претставници, дека најмалку едно лице загинало, а четворица биле ранети. A shooting at a #highschool in the southern #Philippines on Friday left at least three young people dead and six others injured, including the gunman, a local official said.https://t.co/vcffTSCPs2 — Deccan Chronicle (@DeccanChronicle) September 18, 2026 Инцидентот се случил во Националното средно училиште „Банга“ во провинцијата Јужен Котабато, на југот на Филипините, според гувернерот на Јужен Котабато, Реиналдо Тамајо. Наредникот на полицијата Реџи Фадерон претходно изјави дека има повеќе повредени и оти полицијата ги утврдува деталите. Пред точно еден месец, најмалку две лица загинаа, а девет беа повредени при пукање во училишниот комплекс во градот Замбоанга, на југот на Филипините – поточно во кампусот на средното училиште при Универзитетот „Атенео де Замбоанга“. X VIRAL VOLT (@ViralVolT1) on X Age-restricted adult content. This content might not be appropriate for people under 18 years old. To view this media, you’ll need to log in to X. Learn more Според градоначалникот, осомничениот, ученик во седмо одделение, влегол во училиштето на 18 август вооружен со пушка и пиштол, отворил оган врз учениците и наставниците, а потоа си го одзел животот.Тагови: пукање Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter