Новак Ѓоковиќ откри зошто на неговата ќерка и го дал името Тара (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ по турнирот во Лондон престојува во Србија и се одмара со семејството.

Есенските денови ги искористиле за да ја посетат планината Тара, а фотографиите од патувањето ги објави парот Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Тенисерот откри дека убавината на оваа планина е една од причините зошто Јелена и тој ја нарекле својата ќерка Тара.

"Колку убавина и богатство нуди нашата Србија. Тара е дива планина која ги крие своите тајни додека не стигнете до неа и и покажете големо воодушевување. Езерата Перуќац и Заовин, историската река Дрина која тече моќно и ги маѓепсува сите што ќе ја видат. Благодарни сме на заедничкото, семејно време и се радуваме на понатамошното истражување на бисерите на нашата прекрасна земја “, напиша Новак под споделените фотографии.

„Нашата ќерка беше делумно крстена Тара поради оваа дива, природна убавина“, додаде тој.

"Никој тука не може да биде тажен. Тара. Волци, дивокози, црни мечки, Панчиќева смрека ... Но, една е бестрашната Тара", напиша меѓу другото Јелена на својот профил.

Патем, заедно со тригодишната Тара, Новак и Јелена се и родители на нивниот шестгодишен син Стефан.

Влада: Пензиите повисоки во просек за 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година

Согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот, пензиите бидат повисоки и тоа најниските пензии за 134 денари, а просечната пензија ќе биде повисока за 185 денари и со нив ќе можат да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2021 година.

– Пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.01.2021 година (вторник), за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплата да се изврши на 27.01.2021 година (среда), за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплата да се изврши на 28.01.2021 година (четврток), и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.01.2021 година (петок), соопштија од владината прес – служба.

Даниловски: За два месеца треба да имаме колективен имунитет

Во моментов имаме стагнација на кривата на заразени, но сепак нови поголеми пикови од продолжувањето на работното време на угостителските објекти не би требало да има, вели професор д-р Драган Даниловски.

Според него, за два месеца треба да имаме колективен имунитет на населението добиено по природен пат, но сепак, вакцините се добредојдени за намалување на смртноста. Според епидемиологот Даниловски нема простор за паника од новиот британски сој на вирусот....

Даниловски вели дека не се очекува, но може да има благи пикови поради продолженото работно време на кафеаните. Тој најавува дека за 100 дена би требало да го достигнеме прагот на природен колективен имунитет, но сепак со вакцината ќе се намали смртноста.

Доктор Даниловски вели дека во последните недели нема регистрирано нови мутации на коронавирусот и дека нема простор за паника од новиот британски мутиран сој на вирусот.

Со доктор Даниловски разговараше Сања Трајковска Ставров.

На Twitter, Pinterest и Periscope , Турција им забрани реклами, се соочуваат со милионски казни

Социјалните мрежи Twitter и Pinterest и стриминг апликацијата Periscope не смеат да потпишуваат нови договори за рекламирање во Турција, пред да ја исполнат законската обврска за отворање претставништва во таа земја.

Турскиот совет за информатичка технологија и комуникации им забранил на локални компании и поединци да рекламираат на овие платформи. Огласувачите се соочуваат со парична казна од еден милион турски лири (околу 135 000 американски долари) за сторено такво дело. Самите мрежи веќе се казнети со 30 милиони лири (четири милиони долари) за неименување претставник.

Според законот од 2020 година, компаниите кои обезбедуваат интернет услуги и имаат повеќе од милион корисници во Турција, треба да назначат барем еден официјален претставник во таа земја, кој мора да биде турски државјанин. Анкара објаснува дека е потребен за брзо и ефикасно отстранување на содржините што ги кршат нивните закони.

За одбивање да се отвори претставништво, се предвидуваат големи казни и намалување на опсегот на комуникациските канали во земјата за прекршителите до 90 проценти.

Во моментов е нејасно како раководството на Твитер, Пинтерест и Перископ реагира на одлуката на Анкара и дали ќе размислат за отворање канцеларии.

Вчера турскиот заменик министер за транспорт и инфраструктура, Омер Фатих Сајан изјави дека Фејсбук и Инстаграм ја испочитувале наредбата на владата и назначиле претставници. Тој им се заблагодарил на овие компании и истакнал дека очекува слични потези и од другите.

Според Сајан, намалувањето на опсегот на комуникациските канали за прекршителите „е мерката што властите најмалку сакаат да ја преземат“.

притисни ентер