Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе може да игра на Ролан Гарос - Канал 5

Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе може да игра на Ролан Гарос

Најверојатно Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, ќе може да игра на Ролан Гарос во Париз без задолжителна вакцинација.

Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе може да игра на Ролан Гарос

Откако австралиските власти му ја укинаа визата на српскиот тенисер и го депортираа од земјата, во пресрет на првиот Грен слем годинава, се менуваа информациите дали првиот светски рекет ќе може да игра во некој од следните тениски турнири.

Најпрво се водеше полемика околу неговото евентуално учество на Ролан Гарос и Вимблдон, каде беше најавено дека Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира доколку сака да добие шанса да го одбрани трофејот на овие престижни турнири.

Француската влада неодамна усвои закон кој зборува во прилог на овие тврдења, но денеска од оваа земја доаѓаат најави дека најдобриот тенисер на светот би можел да игра во Париз без вакцинација.

Имено, Ѓоковиќ би можел да ја одбрани титулата што ја освои минатата година на Ролан Гарос, бидејќи менуваат важно правило во Франција!

До ваков заклучок водат последните изјави на францускиот шеф на стратегијата за Ковид, Алан Фишер. Тој изјави дека во таа земја може да се променат правилата на Ролан Гарос, истакнуваат тамошните медиуми, а пренесува британски „Експрес“.

Неодамна од Франција пристигна информација дека сите учесници на спортски настани, без разлика дали се спортисти или публика, мора да бидат двојно вакцинирани за да добијат пропусница за Ковид, што ќе им овозможи да присуствуваат.

Тогаш се зборуваше дека правилата важат за сите, вклучувајќи го и Новак Ѓоковиќ, но сега се случи важен пресврт. Алан Фишер изјави во францускиот Сенат дека забраната може да биде „укината многу брзо“.

- Има многу мерки кои се уште важат, но постепено се укинуваат. Секогаш велевме дека сакаме да ја укинеме шифрата за пропусници за вакцинираните штом тоа го дозволи ситуацијата во болниците - изјави Габриел Атал, портпарол на француската влада, на прашањето за коментарите на Фишер.

- Професорот Фишер рече дека проекциите се такви што би можеле да ги укинеме пропусниците кои важат само за вакцинирани лица во март или април. Секако дека го сакаме тоа – изјавил Атал, а пренесе „Конекшн Франс“.

Бидејќи Ролан Гарос се одржува кон крајот на мај и почетокот на јуни, јасно е дека ова би можело да биде добра вест за Новак Ѓоковиќ, објави српски Курир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Германија: Маж се полива со бензин во градската куќа

Во градското собрание во Ленгерих, Германија  е во тек голема операција во која учествуваат полицијата и спасувачките служби.

Драма во Германија: Маж се полива со бензин во градската куќа

Според првичните извештаи, сè уште неидентификуван маж влегол во градското собрание кратко по 13 часот.

Според медиумските извештаи, тој се полеал со бензин и оттогаш држи запалка.

Се верува дека во близина има уште најмалку едно лице.

Полицијата ја третира ситуацијата како можна заложничка ситуација.Идентитетот на мажот и дали некој е повреден не се познати.

Службите за итни случаи го евакуираа градското собрание колку што е можно повеќе.Полицијата огради голема површина околу зградата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најдобриот до најдобриот: Ѓоковиќ му го честита рекордот на Меси (ФОТО)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, сподели заедничка фотографија со најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, на својот Инстаграм.

Најдобриот до најдобриот: Ѓоковиќ му го честита рекордот на Меси (ФОТО)

Ѓоковиќ не крие дека е голем обожавател на Лионел Меси и во честите прашања за најдобриот спортист на сите времиња, секогаш го издвојуваше Меси на самиот врв.

Лионел Меси го сруши рекордот по број на голови и победи на Светското првенство на Светското првенство, претекнувајќи го Мирослав Клозе во двата параметри, а ова не помина без реакција од најдобриот тенисер на светот, а по хет-трикот во првото коло против Алжир, ги постигна двата гола во победата од 2:0 над Австрија.

Новак сподели фотографии на својот Инстаграм од периодот кога играше на турнирот во Мајами, и кога Лионел Меси го посети во соблекувалната и кога разменија дресови во таа пригода.

Ѓоковиќ доби потпишан дрес од Меси што го носи во Мајами, додека Новак му го подари својот дрес во кој игра, со негов автограм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ребаланс на буџетот: Дефицитетот се зголемува од 3,5% на 4,1% од БДП, ќе биде 750 милиони евра

Владата го усвои ребаласнот на буџетот... 

Ребаланс на буџетот: Дефицитетот се зголемува од 3,5% на 4,1% од БДП, ќе биде 750 милиони евра

Околу 750 милиони евра буџетски дефицит, или зголемување од над 110 милиони евра во однос на првичниот буџет, носи ребалансот кој денеска беше усвоен на Владина седница. ( тука првиот телоп). Од Владата појаснуваат дека зголемувањето е резултат на засилени капитални инвестиции, инфраструктурни проекти и намалување на акцизите на горивата. Со ребалансот,..( од тука вториот) вкупните приходи се проектирани на околу 6,16 милијарди евра, а расходите на околу 6,9 милијарди евра. Најголем дел од расходите одат кон капитални инвестиции, кои се зголемуваат за околу 95 милиони евра (до тука)..., а ќе бидат насочени кон инфраструктурни проекти како изградба на коридорите 8 и 10Д, железничка инфраструктура, енергетика, животна средина и локални проекти.

Најголемо зголемување на капиталните средства со ребалансот добиваат Министерството за животна средина и за транспорт. Дополнителни средства се предвидени и за образованието, здравството и Државната изборна комисија. Кратења речиси и да нема, освен пренамена на дел од средствата во Министерството за внатрешни работи.

Како што најави Димитриеска-Кочоска, финансирањето на дефицитот и отплатата на обврските ќе се врши преку комбинација на домашно и странско задолжување, издавање државни хартии од вредност, како и заеми од меѓународни финансиски институции. Таа посочува дека јавниот долг останува на одржливо ниво под 60 проценти од БДП, а значаен дел од средствата се насочени кон редовно сервисирање на обврските кон домашните и странските кредитори.

„Буџетскиот дефицит од 40,1 милијарда денари, како и обврските за отплата на долгот во вкупен износ од 76,4 милијарди денари, ќе се финансираат преку комбинација на домашно и странско задолжување. Над 54 милијарди денари се наменети за редовно сервисирање на обврските кон странските кредитори, а околу 20 милијарди денари за отплата на домашниот долг. Финансирањето ќе се обезбедува преку државни хартии од вредност, заеми од меѓународни финансиски институции и задолжување на меѓународниот пазар на капитал.“

Ребалансот проектира умерен економски раст на БДП од 3,5%, додека инфлацијата се очекува да изнесува околу 4,5%, што претставува благо зголемување во однос на првичните проекции од 4,2%, под влијание на надворешни ценовни притисоци и цените на енергенсите на светските пазари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер