Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс поставени за први носители на Грен слемот во Вимблдон - Канал 5

Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс поставени за први носители на Грен слемот во Вимблдон

Вториот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Американската Серена Вилијамс се поставени за први носители на Грен слемот во Вимблдон , објавија организаторите на неофицијалното светско прветсво во тенис.

Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс поставени за први носители на Грен слемот во Вимблдон
Одредувањето на носителите на третиот Гренс слем турнир во сезоната не се прави според пласманот на АТП или ВТА листите , туку според формулата , во која се вклучени и резултатите на тенисерите и тенисерките остварени на турнирите на трева.

Според таа формула Новак Ѓоковиќ е поставен за прв носител на најпрестижниот тениски турнир во светот Грен слемот во Вимблдон пред првиот светски рекет Шпанецот Рафаел Надал.

По Ѓоковиќ и Надал , трет носител во Вимбодон ќе биде бранителот на трофејот Енди Мареи кој во моментов е петтиот тенисер на АТП ранг листата. Меѓу првите пет носители на Вимбодон се и Швајцарците Станислас Вавринка и легендарниот Роџер Федерер.

За формулата според која се прави листаат на носители на Вимблдон се користи АТП пласманот една недела пред турнирот, бодовите освоени на трева во последните 12 месеци , како и 75 % од бодовите на најдобриот турнир на таа подлога во текот на 12 месеци пред тоа.


Кај дамите формулата не донесе промени, прва носителка е најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс , по неа следуваат На Ли, Симон Халеп, Агњешка Радванска и Марија Шарапова.

Грен слемот во Вимблдон започнува на 23 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анкета на ВМРО-ДПМНЕ: Владејчката партија останува со убедливо водство

Три анкети во октомври спроведени по нарачка од ВМРО-ДПМНЕ, покажале дека владејачката партија и натаму е во убедлива предност пред опозициските партии, информираше на брифинг со новинарите премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски.

Анкета на ВМРО-ДПМНЕ: Владејчката партија останува со убедливо водство

Според анкетите, ВМРО-ДПМНЕ ужива доверба од 24%, потоа следуваат СДСМ со 8.5%, ДУИ со 7.9%, ВРЕДИ 7,1%, Левица со 6% и ЗНАМ 2%.

Мицкоски кажа дека и покрај тоа што рејтинзите одат во прилог на партијата, сепак останува на ставот дека предвремени избори не треба да има, а како главна причина ја наведе потребата следната година треба да се обезбедат 2,3 милијарди евра за враќање на долговите направени во ковид-кризата.

Премиерот на брифингот кажа дека главниот предизвик за владата претстојната зима е енергетската стабилност, со оглед дека цените на гасот и електричната енергија во Европа се пораснати за три пати. За таа цел, најави повторно рестартирање на ТЕЦ Неготино, а мазутот што ќе се купува, ќе се транспортира од солунското пристаниште со вагоните на железници, наместо со цистерни како претходно.

Истовремено, рече дека се прават подготовки и за отворање на посебен граничен премин со Косово во близина на Блаце, кој порано го користел КФОР, низ кој дневно се очекува да поминуваат по 200 камиони со јаглен за РЕК Битола и РЕК Соломеј.

Според, проценките на Мицкоски, со ваквите мерки, цената на струјата од јануари би поскапела за помалку од 5%...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, изјави италијанскиот министер за образование, пренесува Ројтерс.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Оваа безбедносна тревога доаѓа во време на растечка загриженост во Европа поради заканите од таканаречената „хибридна војна“, која неодамна беше насочена кон супермаркети, центри за трансфузија на крв, авиосообраќај и телевизиски куќи.

Министерот за образование Џузепе Валдитара за телевизискиот канал „Ла7“ изјави дека се верува оти заканите се лажни, додавајќи дека се очекува бројот на погодени училишта дополнително да се зголеми.

Пораки до родителите и необичен потпис

„Поради тревогата за поставени бомби низ целата земја, ве известуваме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, соопшти едно училиште во Рим до родителите преку апликација за пораки.

Фактот што толку голем број училишта биле цел „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“, нагласи министерот Валдитара.

Заканувачката електронска порака била потпишана со името „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“, се наведува во копијата од пораката до која дојде Ројтерс. Истиот потпис се појавил и во претходни закани.

Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби, кои во петокот преку електронска пошта беа испратени до медиуми во Ирска и Бугарија.

Италијанската полиција го истражува целиот случај, потврди портпарол на полицијата во Рим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат.

- Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер