БалканНовак Ѓоковиќ и неговата сопруга имаат коронавирус Тенисерот Новак Ѓоковиќ е позитивен на тестот на коронавирус , објавија српските медиуми.Ѓоковиќ и неговата сопруга се позитивни , додека децата имаат негативен нaод на тестот за корона, соопшти неговиот тим. И двајцата немаат симптоми на коронавирусот. "Веднаш по пристигнувањето во Белград, отидовме на тестирање. Резултатите од мојот и тестот на Јелена се позитивни. Децата се негативни. Сè што направивме во изминатиот месец направивме со чисто срце и искрени намери. Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер со идеја да им помогнеме на тенисерите, сакавме да испратиме пораки на солидарност и почит, фер игра и да им помогнеме на добротворните фондации и на оние кои се во можност да го надминат тешкиот период на игра, да генерираат приходи и со тоа да го надминат овој тежок период, за оние на кои им најпотребната помошта и драго ми е што голем број луѓе се приклучија на таа иницијатива “, рече Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на светот ќе ги помине следните две недели во карантин. "Ние го организиравме турнирот во време кога вирусот беше ослабен, верувајќи дека се исполнети условите за негово одржување. Јас сум исклучително тажен за секој поединечен случај на зараза. Ги следам изјавите на лекарите и се надевам дека бројот на заразени нема да се зголеми. Се надевам дека нема да се искомплицира нечија здравствена состојба и дека сите ќе бидат добри. Ќе останам во самоизолација наредните 14 дена и ќе го повторам тестот за 5 дена “, додаде Ѓоковиќ. Претходно тој најави дека попладнево на прес конференција ќе ги соопшти резултатите на тестот за него и членовите на неговото семејство , откако вчера го напушти турниорот во Задар и замина во Белград. Освен Ѓоковиќ , позитивен е и тенисерот Виктор Троицки и неговата сопруга. Штабот на цивилната заштита во округот Задар утрово потврди дека вчера биле тестирани вкупно 82 лица, од кои еден бил позитивен, а станува збор за петгодишно дете кое нема никакви симптоми и е во самоизолација со неговите родители. Според неофицијални информации, детето не било на турнирот, туку се заразило на семеен собир, а еден од членовите на неговото семејство, наводно, се дружел со тенисерите. Вкупно 81 лице е во изолација, а вклучително и случајот со споменатото дете, бројот на заразени лица во Задар по тенискиот турнир се искачи на четири. Нов фокус на коронавирусна инфекција во Задар започна по откритието дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е заразен со коронавирус. Заедно со Димитров, кој е тестиран во Монако, на коронавирусот е позитивен и хрватскиот тенисер Борна Чориќ и тренерите на Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter