Новак Ѓоковиќ е пречекан во Белград со огномет и песна, фановите воодушевени (ВИДЕО) - Канал 5

Новак Ѓоковиќ е пречекан во Белград со огномет и песна, фановите воодушевени (ВИДЕО)

На Новак Ѓоковиќ му е приреден свечен пречек пред ресторанот Новак, а причината беше освојувањето на 22. Грен слем титула. Сè беше крајно емотивно.

Новак Ѓоковиќ е пречекан во Белград со огномет и песна, фановите воодушевени (ВИДЕО)

На сцената беа Срѓан, Јелена, Новак и Дијана, а пејачката ја зовре атмосферата кога ја отпеа „Доаѓам од Србија, горда сум со целото мое срце“.

Сите заедно се гушнаа и ги пееја тие стихови, Срѓан и Јелена беа еден до друг и пееја со широка насмевка на лицата. На крајот Новак ја прегрна пејачката затоа што го „погодила со песна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој

Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која разговаравме за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.

Мицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој

Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела

Русија и Украина разменија останки на 277 војници убиени во војната.

Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела

Русија ѝ ги предаде телата на 252 загинати војници на Украина, а за возврат ги презеде останките на 25 свои војници, објави белоруската новинска агенција БелТА. Размената се одржа на граничниот премин Новаја Гута во Белорусија.

Договорено обновување на трипартитните мировни преговори

Репатријацијата на останките се случи еден ден откако специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ги заврши разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург. Тие разговараа за обновување на трипартитните мировни преговори, кои беа прекинати уште во февруари.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Киев го поддржува американскиот предлог за трилатерални преговори со Москва и Вашингтон. Кремљ објави дека Путин се согласил да ги продолжи преговорите со посредство на САД, веќе следниот месец.

Русија и Украина претходно разменија останки на паднати војници во август и септември. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Буданов, на 2 октомври објави дека повеќе од 26.000 тела и останки се вратени во Украина како дел од репатријацијата, но значаен дел од нив сè уште не е идентификуван.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Том Круз добива награда за животно дело

Признание за исклучителен придонес за филмот, холивудската ѕвезда, актерот Том Круз добива награда за животно дело .

Том Круз добива награда за животно дело

Мегапопуларниот актер Том Круз е добитник на Наградата за животно дело на Американскиот филмски институт, која ќе му биде врачена во април следната година, соопштија денеска организаторите.

Наградата е посветена на зачувувањето и промовирањето на филмот. „Како актер и продуцент, тој внесува извонредна посветеност во сè што прави.

Она што особено го ценам е неговата длабока верба во филмовите и нивната моќ да ги зближуваат луѓето“, изјави Кетлин Кенеди, претседателка на Управниот одбор на Американскиот филмски институт.

Меѓу претходните добитници на наградата на Институтот се Бети Дејвис, Џин Кели, Елизабет Тејлор и Том Хенкс. Круз бил номиниран три пати за наградата на Филмската академија, а минатата година доби почесен „Оскар“ за животно дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер