Нова вулканска ерупција на Исланд - Канал 5

Нова вулканска ерупција на Исланд

Новата вулканска ерупција, која започна утринава на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, е трета во регионот од 18 декември.

Нова вулканска ерупција на Исланд

Телевизиските снимки покажуваат како жешка лава еруптира со обрачи чад што се издигнуваат од пукнатината.

„Во 5:30 утринава имаше мал земјотрес во североисточниот дел на Силингарфел, а околу 30 минути подоцна започна ерупција во истата зона“, соопшти Исландската метеоролошка служба (ИМО).

Според првите извештаи од надзорните летови на крајбрежната стража, ерупцијата се случила во истата зона како онаа на 18 декември, соопшти ИМО, додавајќи дека пукнатината е долга околу три километри.

Службата во својот најнов извештај посочи дека наскоро се очекува нова ерупција.

Ова е шеста вулканска ерупција на Исланд во последните две години, при што претходната беше утрото на 14 јануари во близина на Гридавик, мало гратче со околу 4.000 жители. Гриндавик беше евакуиран претходно, уште на 11 ноември, како мерка на претпазливост.

Се смета дека Исланд, земјата со најмногу вулкани во Европа, има 31 активен вулкански систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познат денот кога Меси ќе го одигра последниот натпревар за Аргентина

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, асот на Интер Мајами, Лионел Меси неодамна објави дека се повлекува од аргентинската репрезентација, а за време на претстојната меѓународна пауза ќе му биде приредено официјално испраќање.

Познат денот кога Меси ќе го одигра последниот натпревар за Аргентина

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони го вклучи долгогодишниот капитен Меси во списокот за претстојните пријателски натпревари, а како што пишува Фабрицио Романо, „малиот волшебник“ ќе се прости од репрезентацијата во Буенос Аирес, на 6 октомври, на натпреварот против Бенин.

Пред тоа, Аргентина ќе игра против Боливија и Буркина Фасо, но не е познато дали освојувачот на осум златни топки за најдобар светски фудбалер ќе настапи на тие натпревари.

Меси на 31 август објави дека се повлекува од националниот тим, за кој во текот на кариерата одигра 207 натпревари, постигна 125 гола и забележа 68 асистенции. Со Аргентина освои две титули на Копа Америка, Светското првенство и „Финалисима“, а својот последен танц во дресот на „Гаучосите“ ќе го има пред своите навивачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Street Food Picnic по вторпат во Центар, три дена храна, музика и семејна забава

Паркот на Франкофонија од 18 до 20 септември ќе биде домаќин на второто издание на Street Food Picnic, тридневен настан кој ќе понуди добра храна, музика и содржини за целото семејство.

Герасимовски: Street Food Picnic по вторпат во Центар, три дена храна, музика и семејна забава

Овогодинешното издание е посветено на семејното дружење и заедничкото поминување време на отворено. Во опуштена пикник атмосфера, посетителите ќе можат да уживаат во разновидна гастрономска понуда, музичка програма и детски работилници со игра и креативни активности.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги покани граѓаните да бидат дел од тридневното дружење во Паркот на Франкофонија.

„Street Food Picnic го организираме втора година и навистина ми е драго што овој настан прераснува во убаво септемвриско дружење во Центар. Идејата е едноставна – да излеземе од дома, да се собереме во парк, да каснеме нешто вкусно, да слушаме добра музика, а децата да имаат свои активности и забава. Ги повикувам сите, со семејствата и пријателите, да ни се придружат. Три дена ќе се дружиме и ќе уживаме заедно во Паркот на Франкофонија“, порача Герасимовски.

За гастрономскиот дел ќе се погрижат девет изложувачи – Milky, Oljo’s, Transilvanisko trdlo, Жешко Компирче, Sweet Corner, Сутлијаш Бар, Panino, Noa Gyradiko и Mustacos, со избор на солени и слатки специјалитети.

Богата програма е предвидена и за љубителите на музиката. Во петок ќе настапат Golemata Voda и Vaso, во сабота Shurbe, Day Off и Flooder, додека во недела музичката програма ќе ја заокружат Dimish, Trio Zigot и Machki.

Посебен дел од програмата е наменет за најмладите, кои во текот на викендот ќе можат да учествуваат во детски работилници, да се забавуваат и да поминат квалитетно време на отворено.

Street Food Picnic 2 се одржува со поддршка на Општина Центар, а настанот е отворен за сите посетители. Во петок програмата започнува во 17:00 часот и ќе трае до полноќ, додека во сабота и недела започнува во 12:00 часот и ќе трае до полноќ.

Од 18 до 20 септември, Паркот на Франкофонија ќе биде место за дружење, добра храна, музика и забава за целото семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

Прашањето дали македонските граѓани се безбедни е легитимно. Слободно можам да кажам да, но сепак станува збор за едно комплексно прашање. 

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостувањето на Македонската радио телевизија, говореше за актуелната безбедносна состојба, истрагата за убиството во Чаир и движењето на криминалитетот во првите осум месеци од годинава.

Во однос на убиството во Чаир, министерот информираше дека истрагата сè уште е во тек и дека се расчистуваат околностите поврзани со еден од двајцата осомничени, вклучително и прашањето зошто лицето било на слобода во моментот на извршување на делото.

Тошковски посочи дека во оваа фаза не може да изнесува дополнителни детали за истрагата и изрази очекување дека осомничените наскоро ќе бидат лишени од слобода. Тој потсети дека и во претходни случаи на најтешки кривични дела осомничените биле обезбедени и против нив биле преземени соодветни мерки.

Одговарајќи на прашањето дали граѓаните се безбедни, министерот нагласи дека безбедносната состојба треба да се оценува врз основа на конкретни податоци и споредби, а не само преку поединечни настани.

„Прашањето дали македонските граѓани се безбедни е легитимно. Слободно можам да кажам да, но сепак станува збор за едно комплексно прашање. Истото не би можеле да го толкуваме надвор од она коешто би требало да бидат бројки, статистика и реалност“, истакна Тошковски.

Според податоците што ги презентираше, во периодот од јануари до август 2026 година е забележано намалување на повеќе категории тешки кривични дела во споредба со истиот период минатата година.

Бројот на убиства е намален од 19 на 12, односно за околу 37 проценти. Бројот на регистрирани сторители е намален од 26 на 13, додека бројот на жртви е намален од 20 на 12, што претставува намалување од околу 40 проценти.

Особено изразено намалување, од приближно 65 проценти, е регистрирано кај обидите за убиство. Разбојништвата се намалени за околу 40 проценти, а тешките кражби за приближно 30 проценти во споредба со истиот период во 2025 година.

„Слободно можам да оценам дека имаме намалување на бројот на кривични дела од овој тип на насилен криминалитет. Кога би говореле за разбојништва, имаме намалување за околу 40 проценти, а кога би говореле за тешки кражби, имаме намалување за околу 30 проценти“, посочи министерот.

Тошковски оцени дека овие показатели упатуваат на подобрување на безбедносната состојба во делот на насилниот и имотниот криминалитет, но нагласи дека постојат и категории кривични дела кај кои е регистриран пораст.

Една од нив е семејното насилство. Министерот посочи дека зголемениот број регистрирани случаи, според неговата процена, е поврзан и со поголемата охрабреност на граѓаните да го пријавуваат овој вид насилство. Во таа насока, го истакна променетиот пристап во постапувањето, наведувајќи дека во Скопје е обезбедена достапност на дежурен судија кој може веднаш да постапува по барањата на Министерството за внатрешни работи.

Втората категорија со значителен пораст е кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Според министерот, во првите осум месеци од годинава се регистрирани околу 2.200 вакви кривични дела, што е приближно седум пати повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Тој објасни дека зголемувањето е поврзано со измените на Кривичниот законик, како и со примената на системот „Безбеден град“, кој овозможува поефикасно откривање на ваквите дела.

„Го имаме ‘Безбеден град’, којшто ни помага и тоа како во овој дел на детекција на кривичните дела, и заради тоа имаме драстично зголемување на бројот на кривични дела, седум пати повеќе од истиот период лани“, истакна Тошковски.

Министерот нагласи дека при оценувањето на криминалитетот, покрај статистичките показатели, неопходно е да се земат предвид и промените во законската рамка и начинот на откривање и регистрирање на кривичните дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер