Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ТехнологијаНова ВИ-алатка на „Мета“ за превод на стотина јазици Компанијата „Мета платформи“ којашто е поврзана со „Фејсбук“, објави нова алатка со вештачка интелигенција за превод и транскрипција на говор на стотина јазици. Тоа е потенцијална основа за алатки за комуникација во реално време, што ќе ги премостува јазичните бариери. Се работи за „Симлес-М4Т“ (SeamlessM4T) којшто засега поддржува преводи на текст и говор на речиси 100 јазици, како и целосен превод од говор во говор за 35 јазици, комбинирајќи ја технологијата што претходно беше достапна само во посебни модели. Извршниот директор на „Мета“, Марк Цукерберг, рече дека има визија за алатки кои ги олеснуваат интеракциите меѓу корисниците од цел свет во тн. „метаверзум“. Инаку, компанијата го најави својот модел како достапен на јавноста за некомерцијална употреба. Најголемата светска компанија за социјални медиуми објави голем број модели, главно бесплатни, со ВИ оваа година. Меѓу нив е и јазичниот модел наречен „ЛЛаМА“ ('LLaMA' - Large Language Model Meta AI), дизајниран за помош при истражувањето на ВИ. Во јули, стенд-ап комичарката Сара Силверман и уште двајца автори поднесоа тужби за прекршување на авторските права против „Мета“ и „Опен-АИ“, обвинувајќи ги за неовластена употреба на нивната содржина за вештачката интелигенција и учењето јазици. Говорејќи за „Симлес-М4Т“, истражувачите на „Мета“ тврдат во нивниот истражувачки труд, дека собрале податоци за аудио-инструкции од четири милиони часа „сурово аудио коешто потекнува од јавно достапна содржина на интернет“. Претставникот на компанијата не одговори на прашањата за потеклото на аудиоподатоците. Во истражувачкиот труд на „Мета“ се вели и дека текстуалните податоци потекнуваат од информации создадени минатата година, како што се содржини извлечени од Википедија и слични интернет-страници. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗасилени сообраќајни контроли за лесни електрични возила и мотоцикли - констатирани 185 прекршоциВо текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, спроведе засилени акциски контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги чинат возачите на лесни електрични возила, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. Во рамки на засилените контроли, констатирани се 152 прекршоци кај возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, при што најголем дел, односно 120 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем. При контролата на лесните електрични возила констатирани се 33 прекршоци најголем број поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти. Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 45, потоа СВР Тетово – 26, СВР Велес и СВР Струмица по 25, СВР Охрид – 20, СВР Штип – 13, СВР Скопје – 12, СВР Куманово – 10 и девет од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот. Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид. Поднесени се и пет кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски призна дека тој гони и апси„Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода.“Ова го рече премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги одлуките на Врховниот суд за Ласкарци и Јакимовски. Како еден премиер да брка и да затвора? Како еден премиер да гони? Ова е уште еден јасен доказ дека обвинителството работи по налог на Мицкоски. Тој повеќе ниту се крие. Тоа го кажува јавно – на телевизија, во Собранието, каде сака. Премиерот не е обвинител. Премиерот не е судија. Премиерот не е полициски инспектор. Но Мицкоски јавно признава дека „тие“ бркаат и затвораат, а „другите“ (повторно тие) пуштаат. Тоа значи само едно: Обвинителството, судовите, АНБ и полицијата се под негова контрола. Правдата е селективна. Институциите се инструмент на политичка волја. Кога сакаат – гонат. Кога сакаат – се оградуваат. Кога сакаат – пуштаат, затвораат. Ова е владеење на една организирана криминална група што ги зароби институциите и јавно се фали со тоа. СДСМ бара итно враќање на независноста на обвинителството и судството. Премиерот не смее да гони и да апси. Законот мора да важи еднакво за сите – не според наредба од владината фотелја. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПсихолошка креативна работилница во ООУ „Војдан Чернодрински“Во ООУ „Војдан Чернодрински“, се реализираше психолошка креативна работилница на тема „Мојот внатрешен чувар“, наменета за учениците од II-б одделение. Целта на работилницата беше учениците да го препознаат стравот како природен заштитен сигнал на телото, да ги забележуваат телесните реакции при вознемиреност, како и да усвојат едноставни техники за смирување и начини за барање поддршка. Преку приказната за ежето Боцко, активноста „Семафор за сигурност“ и практични вежби, учениците учеа дека храброста не значи отсуство на страв, туку способност да се препознае стравот, да се реагира соодветно и да се донесе правилна и безбедна одлука. Во рамки на работилницата, учениците изработија цртежи под наслов „Мојата картичка за храброст“, преку кои ги претставија знаците на вознемиреност, начините кои им помагаат да се смират, како и личностите од кои би побарале помош кога им е потребна. Работилницата ја реализираше училишниот психолог Наталија Наумовска Велковска, со цел преку креативни и интерактивни активности учениците да стекнат корисни знаења и вештини за препознавање и справување со сопствените емоции. Преку реализација на вакви активности, ООУ „Војдан Чернодрински“ придонесува кон развивање на емоционалната писменост, самодовербата, чувството на сигурност и социјално-емоционалните вештини кај учениците. ОПШТИНА КАРПОШКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter