Нова тура маски за медицинските работници - Канал 5

Нова тура маски за медицинските работници

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на60-тина.Со ова темпо, ќе се оствари бројката од 6.000 маски до крајот на наредната работна недела.

Нова тура маски за медицинските работници

Опфатени многу клиники

Во меѓувреме тимот за печатење работи и на нови нешта кои би можеле да им се најдат на медицинските работници. Се изработија и првите заштитни кутии за интубација.

Во петокот беа доставени околу 500 маски во следниве институции: ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, ЈЗУ Педијатрија, ЈЗУ УГАК, ЈЗУ Микробиологија, ЈЗУ КАРИЛ, ЈЗУ Ендокринологија, ЈЗУ Токсикологија, ЈЗУ Офтамологија, ЈЗУ Нефрологија, ЈЗУ Онкологија, ЈЗУ Ревматологија, ЈЗУ Максилофацијална хирургија, ЈЗУ Дигестивна хирургија, ЈЗУ Детска хирургија, ЈЗУ Клиника Штип, ЈЗУ Геронтолошки завод, ЈЗУ Општа Болница Куманово, ЈЗУ Зравствен Дом Куманово, ЈЗУ Општа Болница Охрид, ЈЗУ Костозглобна Охрид, ЈЗУ Кардиолошки центар Охрид, ЈЗУ Итна Медицинска Помош.

Во текот на вчерашниот ден беа доставени 165 маски до следниве институции: ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Куманово, ЈЗУ Општа Болница Куманово, ЈЗУ Итна Медицинска Помош Охрид, ЈЗУ Инфективен стационар, ЈЗУ Хируршка амбуланта Охрид.

Со оглед на големата важност од имање на ваков тип на заштитна маска која може да се стерилизира со ладна стерилизација, секојдневно ќе ги испраќаме институциите каде се доставени истите. Со оглед дека на дневна основа добиваме информации дека вакви или слични маски можат да се најдат во индиректна продажба, да потсетиме, сите овие мaски се донацација и гореспоменатите институции ги добиваат бесплатно,дезинфицирани по соодветен протокол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер