Нова терапија за пациентите со хепатит, клучно раното откривање - Канал 5

Нова терапија за пациентите со хепатит, клучно раното откривање

Со нова терапија ќе се лекуваат пациентите со вирус Хепатит од крајот на годинава, ќе се изработи и национална стратегија, но клучно за справување со  овој проблем се скринингот и раното откривање, порача денеска министерот  Венко Филипче.

Нова терапија за пациентите со хепатит, клучно раното откривање

- Доколку оваа болест се открие рано со новата терапија може многу лесно да се третира поради што работиме на национална стратегија врз основа на која ќе се изработи акциски план за следните чекори, изјави Филипче, кој присуствуваше на активностите што во ТЦ Рамстор во Скопје ги спроведе Хепар центарот од Битола по повод Светскиот ден за борба против хепатитот - 28 јули, со спроведување бесплатни прегледи за рано откривање на хепатит Ц и Б.

Активностите годинава се посветена на пронаоѓање на луѓето кои не се свесни дека го носат овој вирус.

Според Филипче, обезбедени се средства до крај на годинава да се воведе нова терапија и нема да се користи старата, која со години се применува и не дава ефект како новите.

Милан Мишковиќ од ХЕПАР центарот укажува дека за пациентите е многу важна терапијата која, како што вели, ќе овозможи и намалување на бројот на заболени од карцином и од хепатоцелуларен карцином, а со тоа и ќе се намалат и трансплантациите. Новите терапии се со тројно дејство: спречување на трансмисија, лекување и превентива од карциноми.

- Бараме побрзо да се имлементира оваа терапија бидејќи моментно имаме одреден број на пациенти кои се ризични. Исто така покрај Хепатит Ц нова терапија е потребна и за Хепатит Б, која не е многу иновативна и скапа и сметам дека тоа може да си го дозволиме. Излегоа некои бирократски промени кои треба да се направат, но сметам дека Министерството за здравство набрзо ќе излезе со одговор на тоа, изјави Мишковиќ.

Важна улога имаат и семејните лекари кои, смета Мишковиќ, треба да им објаснат подобро на пациентите за опасностите на кои се изложени ако не одат редовно на контроли и не примаат терапија бидејќи во подоцен стадиум третманот и лекувањето е многу тешко.

Во наредниот период активностите на Центарот ќе бидат насочени кон примарната заштита каде ќе алармираат особено за ризичните групи, како корисниците на наркотични средства, пациентите на дијализа, хемофиличари, но и комуналните работници и медицинскиот персонал, хомосексуалците.

Според последните податоци на Светската здравствена организација Македонија се вбројува во државите со еден процент од жители кои имаат хепатитен вирус.

Статистиките на глобално ниво покажуваат дека, 60 проценти од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навреме не се третираат тие може да добиваат карцином на црниот дроб или малигното заболување, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опаснот по животот на пациентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Георгина Родригез им стана законска мајка и на трите најстари деца на Кристијано Роналдо

Георгина Родригез им стана законска мајка на трите најстари деца на Кристијано Роналдо, Со оваа одлука, нововенчаниот пар направи уште еден важен чекор во својот семеен живот.

Георгина Родригез им стана законска мајка и на трите најстари деца на Кристијано Роналдо

Георгина Родригез, сопругата на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, стана законска мајка на неговите три најстари деца само една недела откако парот стапи во брак, објавија португалските медиуми.

Со тоа, новопечените сопружници направија уште еден важен чекор во својот семеен живот, при што Роналдо официјално ја именуваше Георгина за законска мајка на своите деца.

Двојката го доби своето прво заедничко дете, ќерката Алана, во 2017 година. Пет години подоцна, ја добија ќерката Бела Есмералда, додека нејзиниот брат близнак, за жал, почина при раѓањето во 2022 година.

Според португалските медиуми, Георгина сега е законски старател на синот на Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор, како и на близнаците Ева Марија и Матео.

Идентитетот на биолошката мајка на 16-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор останува тајна, а Роналдо го има целосното старателство над него.

Тој исто така има целосно старателство над деветгодишните близнаци Ева и Матео, кои се родени со помош на сурогат-мајка.

Откако е во врска со Роналдо, Георгина изгради близок однос со неговите деца и се вели дека секогаш се однесувала кон нив како да се нејзини сопствени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најсекси хокеарката во светот заведе познат спортист

 Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова, а наводно и двајцата се многу среќни.

Најсекси хокеарката во светот заведе познат спортист

Ѕвездата на голфот Брајсон Дешамбо и манекенката Микајла Демајтер – која некои медиуми ја нарекуваат „најсекси хокеарка во светот“ – наводно се во врска.

Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова и наводно и двајцата се многу среќни.

Шпекулациите за нивната романса се интензивираа откако Микајла беше забележана на турнир во голф од серијата „LIV Golf“ во Њујорк.

Таа имаше пропусница за гости и носеше качкет на „Crushers GC“ – тимот што го предводи ДеШамбо. Сомнежите дополнително се поттикнаа кога поранешната хокејарка објави фотографија пред полица полна со патики и качкети, што ги наведе некои од следбениците да заклучат дека таа се наоѓа во домот на голферот.

Набргу потоа, таа објави фотографија од терен за голф покрај море на својата „Инстаграм стори“ (Instagram Story), со што дополнително ги подгреа гласините.

Сепак, ДеШамбо (32) и Демаитер (26) сè уште јавно не потврдиле дека се во врска. Според истиот извор, „и двајцата се прилично повлечени кога станува збор за врски“.

Микајла Демајтер се здоби со огромна популарност на социјалните мрежи, а медиумите ја нарекоа „најсекси хокеарка во светот“. Таа беше голманка на тимот „Блувотер Хокс“ во канадска јуниорска лига, но беше принудена да ја заврши својата хокеарска кариера на 19-годишна возраст поради повреда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во Киев

Пратеничката во Собранието на Република Македонија, Славјанка Петровска, учествува на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржува 23 август 2026 година  во Киев.

Пратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во Киев

Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина. На настанот присуствуваат високи украински претставници, меѓународни партнери, пратеници, верски лидери, припадници на вооружените сили, семејства на загинатите борци, хуманитарни и добротворни организации, како и младински лидери. Националниот молитвен појадок на Украина се одржува под покровителство на Претседателот на Украина и ja продолжува традиција започната во Соединетите Американски Држави во 1953 година. Годинешното издание на Молитвениот појадок има посебно историско значење, бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина.

Во рамките на состанокот, пратеничката Славјанка Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик шеф на Кабинетот на Претседателот на Украина. На средбата, Петровска ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Република Македонија за Украина и ја реафирмираше посветеноста кон напорите насочени за постигнување праведен и траен мир. Во оваа прилика, на пратеничката Славјанка Петровска и’ беше врачен орденот “Принцеза Олга”, прв степен, што на 4 септември 2023 година и’ го додели Претседателот на Украина, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина.

Учество на Петровска на Националниот молитвен појадок на Украина претставува израз на солидарноста и поддршката од Република Македонија кон украинскиот народ и укранските институции, во време кога земјата продолжува да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер