Нова теорија за торинското платно - плаштот во кој наводно било завиткано мртвото тело на Исус - Канал 5

Нова теорија за торинското платно - плаштот во кој наводно било завиткано мртвото тело на Исус

Со векови торинското платно создава раздор меѓу оние кои сметаат дека станува збор за плаштот во кој било завиткано мртвото тело на Исус и оние кои сметаат дека сето тоа е само црковна пропаганда, што е главната причина за постојано да излегуваат нови теории поврзани со неговото настанување.

Нова теорија за торинското платно - плаштот во кој наводно било завиткано мртвото тело на Исус
Со минатогодишните истражувања е утврдено дека навистина е можно тоа да биде ткаенината во која било замотано телото на Исус Христос. Платното тогаш минало низ три тестирања, едно механичко и две хемиски. Користени биле современи форензички методи, а добиените резултати покажале дека тоа настанало во периодот меѓу 300. година пред Исус до 400 година по Христа.

А истражувачите од универзитетот Политехнико ди Торино, А. Карпинтери, Г. Лацидоња и О. Борла, сега претставуваат теорија во која тврдат дела е можно со неутронско зрачење до кое дошло поради потресите во периодот на смртта на Исус да се создадено сликата на платното. Во прилог на новата теорија, тврдат, оди и историскиот факт дека Ерусалим навистина бил погоден од земјотрес во периодот околу смртта на Исус, односно 33. година.

Тие направиле експеримент во кој симулирале земјотрес рушејќи кревки купчиња со карпи и откриле дека е можно во тој момент да дојде до неутронско зрачење. Тоа предизвикало хемиски реакции на платното, формирајќи на него слика на лице, но и промена на нивото на јаглерод – што би оневозможило датирање и ја побило теоријата на Оксфорд од 1988 година, во која се тврди дека платното настанало во периодот од 1260 до 1390 година.

Својата теорија за земјотресот во Ерусалим во периодот на смртта на Исус научниците ја поткрепиле со неколку извори, вклучително и од грчкиот историчар Талес и евангелието по Матеј, но и од списите на Данте.

„Ако ја поврземе сликата прикажана на платото со човекот кој умрел 33 години после Исус, постојат барем три документи во литературата кои сведочат дека разорни потреси се случувале во тоа време“, се наведува во студијата.

некои овие нивни откритија ги сметаат како потврда за автентичноста на платното, но од друга страна постојат и такви кои се сомневаат во резултатите од истражувањето, истакнувајќи дека други датирања на јаглерод од сеизмички активни подрачја, како што е на пример Јапонија, не се прогласени за неточни.
„Луѓето ја сметаат староста на материјалот во сеизмички активните подрачја со децении и никој никогаш не ги оспори“, изјавил Гордон Кук, професор по геохемија на универзитетот во Глазгов

Папата Бенедикт XVI, пред да се повлече во пензија одобри јавно изложување на платното како свој последен дар до верниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“

Голманот на англискиот шампион Арсенал, Давид Раја, мораше да го напушти теренот поради повреда на левото рамо за време на натпреварот од Премиер лигата против Њукасл, кој заврши нерешено 2:2.

Арсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“

Ова се случи во момент кога актуелните шампиони на Англија се соочуваат со серија тешки натпревари.

Раја се повреди при пад на тревата по дуел со напаѓачот на Њукасл, Вилијам Осула, откако ја фати топката по изведен корнер. Шпанскиот репрезентативец изгледаше како да трпи големи болки уште додека му се укажуваше помош, а потоа го напушти теренот придружуван од член на медицинскиот тим на Арсенал.Засега се уште не е познато колку Раја ќе биде надвор од стативите.

Во следните две и пол недели, Арсенал го очекуваат дуели против Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство, во истиот период, ќе играат против Манчестер Сити, Брентфорд и Тотенхем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ.

Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб.

Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб.

Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор.

Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии.

Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори.

Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб?

Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска?

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

YouTube video

Скопје, 22.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Регистриран земјотрес во Србија

Земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди околината на Горњи Милановац рано утринава, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. 

Регистриран земјотрес во Србија

Според Заводот, земјотресот се случил околу 5 часот и 25 минути, на длабочина од 12 километри.

Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат поголема материјална штета во епицентралното подрачје.

Сепак, жителите на овој дел од Србија го почувствувале потресот – најверојатно оние што биле најблиску до епицентарот – и го коментирале настанот на социјалните мрежи.

„Има ли некој буден што се разбудил од земјотресот утрово?“, напиша еден корисник. „Јас бев буден, точно во 5:25“, потврди друг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер