Нова студија: Заштитата по вакцинацијата со Фајзер опаѓа по два месеца - Канал 5

Нова студија: Заштитата по вакцинацијата со Фајзер опаѓа по два месеца

Две одделни научни студии, спроведени во Израел и Катар, покажале дека имунитетот создаден од вакцината Фајзер нагло опаѓа неколку месеци по добивањето на втората доза од вакцината.

Нова студија: Заштитата по вакцинацијата со Фајзер опаѓа по два месеца

Резултатите од студијата, објавени во New England Journal of Medicine, заклучуваат дека луѓето кои се вакцинирани мора да продолжат да се придржуваат кон сите мерки и да ја подвлечат важноста на третата доза на вакцината.

Студијата во Израел, спроведена на 4.800 вакцинирани здравствени работници во Здравствениот дом Шеба, покажала дека јачината на имунитетот кај вакцинираните луѓе се намалува по само два месеци, особено кај мажите, луѓето над 65 години и лицата со имуносупресија.

„Нивото на антитела на други вакцини, како што се оние против мали сипаници, заушки или рубеола, обично се намалуваат за 5-10% годишно по вакцинирање на едно лице, додека во случај на Pfizer овој пад е многу побрз и позначаен, неколку месеци по примање на втората доза. “, напишале тие во студијата на др. Гили Регев-Јохај и неговите колеги кои , исто така, изјавија дека падот на антителата е многу помал во случај на вакцинирани луѓе кои претходно страдале од ковид.

Слични заклучоци биел донесени и во Катар, каде што се спроведени тестирања на вакцинираните лица во таа земја.

"Имунитетот создаден од вакцината нагло се зголемува по првата доза, достигнува врв во првиот месец по втората доза, а потоа постепено се намалува во следните месеци. Исцрпувањето на антителата се забрзува во четвртиот месец по втората доза и достигнува ниво од приближно 20 % во следните месеци. ", напишал Леит Абу-Радад од Weill Cornell Medicine-Катар и неговите колеги. Сепак, истражувањето исто така заклучува дека заштитата од сериозни болести и хоспитализација останува на високи 90%.

Резултатите од истражувањето сугерираат дека повеќето вакцинирани луѓе ќе го изгубат стекнатиот имунитет со текот на времето и ќе треба да се вакцинираат со трета доза. Во Израел, луѓето кои ја примиле третата доза веќе се сметаат за целосно вакцинирани, а оваа практика е веќе воспоставена во Соединетите држави, каде 6 милиони луѓе веќе ја примиле третата доза од вакцината.

И истражувањето во Јужна Калифорнија потврдило дека заштитата од коронавирус нагло опаѓа кога ќе поминат неколку месеци од вакцинацијата со Pfizer / BioNTech.

Една нова студија, една од најголемите и најдолгите, за ефикасноста на вакцината кај Американците покажала дека заштитата од инфекција е 88 проценти во првиот месец по вакцинирањето со Pfizer / BioNTech, но само 47 проценти пет месеци потоа.

Меѓутоа, иако варијантата делта стана доминантна, ефективноста на вакцината во спречувањето на хоспитализација шест месеци по вакцинацијата се уште е скоро 90 проценти. Ова важи за сите возрасни групи.

Студијата финансирана од Фајзер, објавена во понеделникот во списданието Лансет, исто така, дава силни нови докази дека слабеењето на ефектот на вакцината ќе се случи независно од варијантата делта.

Научниците предводени од епидемиологот Сара Тартоф од Кајзер Перманенте центарот во Јужна Калифорнија заклучиле дека варијантата делта не е главната причина за слабеење на ефикасноста на вакцините, туку клучен е текот на времето.

Друга неодамнешна студија, спроведена од научници од Универзитетот Емори и Стенфорд, покажала дека шест месеци по вакцинирањето со Comirnaty, како што се нарекува Pfizer / BioNTech, околу 56 проценти од младите и средовечните возрасни лица веќе немаат неутрализирачки антитела на САРС-КоВ- 2 вирусот.

Намалениот имунитет особено се однесува на варијантите на коронавирус, како што се делта или бета.

Таа студија е објавена минатата недела на BioRxiv, страница каде научниците споделуваат прелиминарни трудови кои се уште не се рецензирани. Но, заклучоците за „значително намалување на антителата“ - како и пад на имунитетот даден од Т -клетките - сугерираат дека третата, засилувачка доза може да биде оправдана, пишуваат авторите.

Студијата, објавена во Лансет, вклучува многу голем број жители на Калифорнија, кои се уште се следат. Така, таа студија може да им даде на властите увид во тоа кој има потреба од засилувач и кога.

Тартоф вели дека нејзиниот тим, во соработка со Pfizer, продолжува да ги анализира податоците на неделно ниво. Тимот е подготвен да ги предупреди јавните здравствени службеници доколку хоспитализациите почнат да се зголемуваат кај кој било дел од населението, додаде таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

На 22.09.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода С.Д.(30), Р.К.(30) и 24-годишната Д.А., сите од Кочани.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

При претрес во домот на С.Д. во кој биле затекнати Р.К. и Д.А., извршен со наредба од Основен суд Кочани, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, дигитални ваги и пари во различни апоени. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

По вчерашниот вооружениот инцидент во средно улилиште во Маниса во кое беа повредени 11 ученици, истрагата утврдила дека напаѓачот преходно го најавил нападот не негов роднина, но дека не бил сватен сериозно.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

Истрагата утврдила и дека напаѓачот, кој пукаше со пушка кон учениците, претходно околу еден месец пред нападот вежбал пукање со пушката на неговата баба, муницијата ја купил во продавница за ловна опрема за 600 турски лири што му ги дала неговата баба.

Меѓу приведените се и родителите на осомничениот,неговите баба и дедо, како и сопственикот на продавницата за ловна опрема каде што била купена муницијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

На две собраниски комисии денеска беше разгледана национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. 

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

Според првиот човек на антикорупциската и дел од рпатениците стратегијата не смее да остане на хартија и порачаа дека е потребна заедничка воља за нејзино спроведување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер