Нова студија: Секое трето лице по прележаната корона има проблеми со мозокот или психата - Канал 5

Нова студија: Секое трето лице по прележаната корона има проблеми со мозокот или психата

Секое трето лице кое прележало ковид-19 имало невролошка или психијатриска дијагноза шест месеци по инфекцијата, покажала студија на повеќе од 230.000 здравствени досиеја на пациентите објавена во „ The Lancet Psychiatry “.

Нова студија: Секое трето лице по прележаната корона има проблеми со мозокот или психата

Студијата испитала 14 невролошки и ментални нарушувања. Учеството на испитаниците на кои први им биле дијагностицирани проблеми е 12,84%.

Професорот Пол Харисон, главен автор на студијата од Универзитетот Оксфорд во Велика Британија, рече дека ова се вистински податоци добиени од голем примерок на пациенти.

„Тие ја потврдуваат високата стапка на психијатриски дијагнози по ковид-19 и покажуваат дека пациентите развиваат сериозни нарушувања кои влијаат на нервниот систем, како што се мозочен удар и деменција. Иако последните се многу поретки, тие се значајни, особено кај оние со тешка форма на ковид-19 “, рече тој.

„Иако индивидуалните ризици за повеќето нарушувања се мали, вкупното влијание врз целата популација може да биде значајно за здравствените и социјалните системи поради обемот на пандемијата и фактот дека многу од овие состојби се хронични. Следува дека здравствените системи мора да имаат ресурси за справување со очекуваните потреби и во примарната и во секундарната здравствена заштита “, додаде Харисон на официјалната веб-страница на Универзитетот Оксфорд.

Од самиот почеток на пандемијата, постои зголемена загриженост дека преживеаните би можеле да бидат изложени на зголемен ризик од невролошки нарушувања. Една од причините за ова е фактот дека е забележано дека ковид-19 предизвикува одредени проблеми кои можат да бидат поврзани со нервниот систем, како што е губење на мирис, како и дека може да предизвика зголемено згрутчување на крвта. Исто така, научниците веќе знаеле дека некои вируси можат да го нападнат нервниот систем.

Претходната студија за преглед на истата истражувачка група открила дека луѓето кои преживеале ковид-19 во првите три месеци по инфекцијата имале зголемен ризик од нарушувања на расположението и анксиозност. Сепак, до денес, немало доволно податоци за да се овозможи испитување на ризикот од невролошка и психијатриска дијагноза во периодот од шест месеци по инфекцијата.

Новата студија ги анализирала податоците од електронската здравствена евиденција на 236.379 пациенти со ковид-19 од американската мрежа TriNetX, која вклучува повеќе од 81 милиони луѓе. Анализата вклучувала пациенти постари од 10 години, кои се заразиле со вирусот САРС-КоВ-2 по 20 јануари 2020 година, а сè уште биле живи на 13 декември 2020 година. Оваа група се споредила со 105.579 пациенти со дијагностициран грип и 236.038 пациенти со дијагностициран каква било инфекција на респираторниот тракт.

Генерално, проценетата инциденца на дијагноза на невролошко или ментално нарушување по инфекција со ковид-19 била 34%.

Најчестите дијагнози по ковид-19 биле нарушувања на анксиозноста (се јавуваат кај 17% од пациентите), нарушувања на расположението (14%), нарушувања со злоупотреба на супстанции и алкохол (7%) и несоница (5%). Инциденцата на невролошки проблеми била помала и вклучувала исхемичен мозочен удар (2,1%), церебрална хеморагија (0,6%) и деменција (0,7%).

Ризиците од невролошка или психијатриска дијагноза биле најголеми кај пациенти кои имале тешка форма на ковид-19. Невролошка или психијатриска дијагноза се јавила кај 38% од хоспитализираните пациенти, кај 46% од пациентите со интензивна нега и кај 62% од оние кои имале делириум или енцефалопатија при инфекцијата со ковид-19.

Овој градиент на ризик се однесува и на индивидуални нарушувања. На пример, 2,7% од луѓето кои имале потреба од интензивна нега и 3,6% од луѓето со енцефалопатија имале крварење од мозокот (во споредба со 0,3% од луѓето кои не биле хоспитализирани); 6,9% на интензивна нега и 9,4% со енцефалопатија, соодветно, имале исхемичен мозочен удар (во споредба со 1,3% кои не биле хоспитализирани); 1,7% на интензивна нега и 4,7% со енцефалопатија, соодветно, развиле деменција (во споредба со 0,4% од пациентите кои не се хоспитализирани); и 2,8% на интензивна нега и 7% со енцефалопатија, соодветно, биле дијагностицирани со психотично нарушување (во споредба со 0,9% од нехоспитализираните пациенти).

Авторите во новата студија, исто така, анализирале и луѓе кои имале грип и други инфекции на респираторниот тракт во истиот временски период за да разберат дали овие невролошки и ментални компликации се специфично поврзани со ковид-19. Откако ги зеле предвид основните здравствени карактеристики како што се возраста, полот, етничката припадност и постојните здравствени состојби, постоел за 44% поголем ризик да се дијагностицираат невролошки и ментални нарушувања по ковид-19 отколку по грип и 16% поголем ризик по ковид-19 отколку кај сите респираторни инфекции.

Од сето погоре, авторите заклучуваат дека ковид-19 доведува до поголем ризик од невролошки и психијатриски нарушувања отколку другите болести споредени во студијата.

Сепак, не е забележано зголемување на ризикот кај сите нарушувања. На пример, немало јасен доказ дека ковид-19 доведува до зголемен ризик од Паркинсонова болест или синдром Гилајн-Баре.

Д-р Макс Такет, коавтор на студијата од Универзитетот во Оксфорд во Велика Британија, рече дека треба да се продолжи со истражувањето на можни механизми што предизвикуваат проблеми за нивно спречување и лекување.

„Нашите резултати покажуваат дека мозочните болести и психијатриските нарушувања се почести по ковид-19 отколку по грип или други респираторни инфекции, дури и кога пациентите се исти со други фактори на ризик“, рече Такет, се наведува во студијата објавена во „ The Lancet Psychiatry “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? 

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија.

Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите.

На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија.

Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер