ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано
МакедонијаНова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песокОпштина Кисела Вода доби нов, современ спортски комплекс во населбата 11 Октомври Бараки, кој претставува прв спортски проект од ваков вид на нејзината територија. Лоциран во непосредна близина на Паркот на шахот, овој простор е функционално дизајниран за да ги унапреди условите за рекреација и за развој на спортот на отворено. Централно место во комплексот зазема модерниот Калистеник парк, кој се простира на површина од 380 квадратни метри. Истиот е целосно осветлен со рефлектори, со што се овозможува непречено користење и во вечерните часови. Оваа нова спортска зона е наменета за физичка активност преку вежби со сопствената телесна тежина. Опремена е со разновидни справи, вклучувајќи вратило, разбој, паралелки и шведски скали, кои овозможуваат изведување комплексни вежби за развој на силата, издржливоста, координацијата и флексибилноста. Како дополнување на понудата, во склоп на комплексот е изграден и професионален терен за одбојка на песок. Теренот располага со мрежа поставена на универзална висина и е осветлен со рефлектори, исполнувајќи ги стандардите за одржување на спортски натпревари и квалитетна рекреација. Со успешната реализација на овој проект, се потврдуваат заложбите за континуирано вложување во спортската инфраструктура и за создавање современи услови за активен живот на сите генерации.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организираноСДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано, а не на криминален и коруптивен начин како што тие знаеја и умееја да направат .СДС по се изгледа не ја научи лекцијата, а таа народот многу добро им ја предаде. Лекцијата е многу јасна, а таа е дека времето на криминалот и корупцијата е завршен. Нам ни е јасно дека во СДС работи Фројд, бидејќи во нивно време секој тендер, набавка или било каков друг вид на договор беше проследен со низа на сомнежи, коруптивни методи и провизии. Во нивното владеење парите од Лотарија наместо за прослави за независноста, наместо да одат кај македонските артисти, уметници и пејачи, одеа во џебовите на Артан Груби и Перпарим Бајрами. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние инвестираме, работиме и вложуваме за граѓаните, а СДС и ДУИ, парите на граѓаните и институциите одеа во џебовите на Заеви, Филипче, Груби и останатите пајташи. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ќе ја „држи“ цената на струјата со заем- сметката повторно ќе ја плаќаат граѓанитеУште едно задолжување. Ново.Арамијата Мицкоски пак излегува со истата трик-приказна. Сега преку ЕСМ сака заем од околу 33 милиони евра за батерии во Битола. Ќе ви каже: ова е за да не скокне струјата. Не е. Батериите не прават евтина струја. Ја ставаат струјата во склад и ја пуштаат подоцна. Како фрижидер за киловати. Тоа може да помогне на мрежата. Ама не ја плаќа вашата сметка. Заемот е долг. Долгот се враќа. ЕСМ веќе тоне - има загуба над 100 милиони евра, помалку домашна струја, поскап увоз. Кога државната фирма нема пари да го врати кредитот, го враќа државата. Државата ги зема парите од граѓаните: од данок, од сметка, од тоа што нема за плати и пензии. Денес велат - нема поскапување. Утре стигнува каматата. Цената не ја држат. Ја кријат во заем. ВМРО-ОКГ така работи со сè. Концерт - “нула денари“ за диџејот, па Лотарија плати 5,5 милиони евра. Сега струјата „ја држиме“, а граѓаните ќе ја враќаат - со 33 милиони плус камата. Ако сакаше евтина струја, ќе произведуваше дома. Ќе ја среди ЕСМ. Нема. Се задолжува. Нема бесплатни батерии.Има кредит. Има камата. Има банда што слави заем како грижа. Граѓанинот плаќа два пати - еднаш на бројило, втор пат кога се враќа заемот. Скопје, 16.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо судот во Хаг почна изрекувањето на пресудата за Тачи, Красниќи, Весељи и Селими Обвинителството во завршните зборови побара 45 години затвор за обвинетите Тачи, Красниќи, Селими и Весељи.Судот во Хаг во 10 часот почна со изрекувањето на првостепената пресуда против четворица поранешни команданти на таканаречената ОВК - Хашим Тачи, Кадрија Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото против најмалку 407 затвореници, од кои најмалку 102 беа убиени. Атмосферата во Хаг е напната - поддржувачите на ОВК ја чекаат одлуката пред судот. Во судницата се обвинетите, членовите на нивните семејства, кососвски министри, претседателот на здружението на поранешни членови на ОВК Хисни Гуцати, како и пратеници од демократската партија на косово.изрекувањето на пресудата, како што е најавено, ќе трае два часа, од 10 до 12 часот. Обвинителството во завршните зборови побара 45 години затвор за обвинетите Тачи, Красниќи, Селими и Весељи. Обвинението ги товари врз основа на индивидуална кривична одговорност за шест точки за злосторства против човештвото и четири точки за воени злосторства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter