Нова снимка на финската премиерка во „интимен танц“ со непознат маж (ВИДЕО) - Канал 5

Нова снимка на финската премиерка во „интимен танц“ со непознат маж (ВИДЕО)

На интернет кружи уште едно видео од финската премиерка Сана Марин како се забавува со пријателите.

Нова снимка на финската премиерка во „интимен танц“ со непознат маж (ВИДЕО)

Во најновото видео кое е снимено во клуб, Сана танцува многу интимно со мистериозен маж.

„Денес во Финска се појави ново видео од „скандалозната забава“ на премиерката Сана Марин. Марин, кој е во брак и е во врска 18 години, е видена во бројни сомнителни ситуации“, се вели во описот на снимката.

Во видеото Сана танцува со маж на песната I Gotta Feeling од Black Eyed Peas, а твитерџиите коментираат дека ова момче во еден момент ѝ го бакнува вратот на финската премиерка, објави Сан.

Исто така, корисниците на Твитер претпоставуваат дека снимката е на финскиот пејач Олави Уусивирта, со кој Сана позирала и претходно, но оваа информација не е потврдена.

Потсетуваме, премиерката се најде во центарот на скандал откако се појави видео како танцува на забава.

Видеото предизвика многу критики и повици за нејзина оставка, а финската опозиција и некои пратеници во парламентот побараа да биде тестирана на дрога.

YouTube video

„Немам што да кријам, никогаш не сум користела дрога“, одговорила премиерката и додала дека не ѝ е јасно зошто ја повикале да направи тест за дрога бидејќи „не видела докази дека била употребена“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Во Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. 

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година  биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. 

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Индустриското производство бележи позитивни движења.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер