Пренџов: Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер?
1Пренџов: Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер?
ЗабаваНова сезона, нов сјај! Започнува трета сезона на „Старс Шоу“По возбудливото летно издание „Хот Старс“, доаѓа време за ново телевизиско поглавје, трета сезона на „Старс Шоу“.Од недела, 16 ноември, во 19:30 часот, на Канал 5 телевизија започнува најновото издание на емисијата што секоја недела ги обединува најпознатите македонски и балкански ѕвезди во уникатна атмосфера на стил, искреност и вистинска забава. Оваа сезона доаѓа со ново, екстравагантно студио, свежа визуелна енергија и уште поголем број интересни гости. Креаторката и водителката Ивана Јанковска и оваа сезона ќе ја води емисијата со својот препознатлив стил и харизма, додека Ема Блажевска ќе продолжи да ја внесува својата позитивна енергија и ведрина. Новитет оваа сезона е и ново машко лице, мистериозно, харизматично и подготвено да донесе свежина и нова динамика во секое издание, Лука Петковски. Токму со вистински ексклузивни гости, кои ретко се појавуваат пред ТВ камерите, „Старс Шоу“ ја започна својата трета сезона. Во првата епизода, на големото студиско сценско отворање гостуваат Девито, еден од најпопуларните српски изведувачи и Пајак, едно од најпрепознатливите македонски музички имиња. Двајца артисти кои со своето присуство и енергија го поставија високо нивото на оваа нова сезона. Не пропуштајте ја третата сезона на „Старс Шоу“, секоја недела во 19:30 само на Канал 5, место каде што блескаат најпознатите ѕвезди и се раѓаат незаборавни телевизиски моменти. Тагови: Старс Шоу Хот Старс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПренџов: Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер? Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер? Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ е 3,5 пати поуспешна од минатата влада на СДС.На денешната седница на Комисијата за финасирање и Буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој што истакна дека пратениците на СДС ги нема на седницата, ги нема Фатмир Битиќи, Ковачевски и Оливер. „Почитувана колешке, најпрво го почитувам фактот што излеговте да зборувате на тема ребаланс на Буџет и сметам дека не е срамота тоа што кажувате 7,000, 26 милијарди, 1057 милијарди. Срамота е на тие што разбираат бројки и не се тука. Срамот не оди на вас, оди на нив. Колку можевте се обидовте од тоа што сте го слушале да кажете некоја флоскула реченица. Тие се шверцерски, душмански, тие се зборовите, ги знаеме. Но клучно прашање е каде е велепниот економист на социјалдемократскиот сојуз и вашата пратеничка група Фатмир Битиќи“ кажа Пренџов и додаде: „Главата ни ја однесе овдека. Каде е Гордана? Каде е министерката? Зошто се крие? Зошто бега? Еве ја министеркава е тука, него го нема. Лани исто беше. Каде е министерката? Зошто се крие? Зошто бега? Дојде на буџет она стаса, тој во Тајван отиде. Тој треба да дојде да каже и да го нападне буџетот ако има аргументи. Затоа ви кажувам почитувам тоа што сте излегле, но тоа не ја отсликува реалноста на макроекономијата и на финансиските текови во рамки на Буџетот на Република Македонија.“ нагласи Пренџов. Пренџов упати прашање каде се Ковачевски, Оливер, Битиќи и останатите „економисти“ на СДС. ''Каде е Таче да каже нешто? Ковачевски беше премиер, беше министер за финансии, заменик министер за финансии го нема. Каде е Оливер? Учествуваше во изработката на 12 буџети. Го нема нешто да каже, молчи. Секогаш тоа ви го зборувам просечниот раст на економијата на БДП то, тоа е основна бројка во Буџетот и од таа бројка потоа се прави се во државата и приходи и расходи и проекции се од БДП-то бруто домашен производ. Вашиот просек е 1,1% по просек сте растеле секоја година тие 7 години 2017, до 24 односно 18та 23,1%“ нагласи Пренџов. Пренџов истакна дека оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е три пати поуспешна од минатата влада на СДС. „Да немало влада само да била економијава повеќе растела. Денес расте 35, 36, 37, 34 или 3 и пол пати повеќе. Дали е малку тоа што оваа Влада е три ипол пати поуспешна од вашата? Можеби и малку, бидејќи за овој пустош треба и повеќе и се надевам дека ќе биде во иднина и повеќе. И тука тоа да го расчистиме со деминутивот трета економија во свет. Никој не вика дека ние сме појаки од Германија, од Италија. Тоа е нормално. Правиме муабет колку расте БДПто. БДП-то ви покажува на колку добар пат сте и ние сме на добар пат. Вака да сме растеле по 3 и кусур цело време уште од 2015 од кога почнаа политичките процеси во Република Македонија на сметка на економските сега ќе сме имале БДП 30 милијарди. Затоа почитувана колешке еве се обидувам помалку бројки да зборувам повеќе да биде политички бидејќи така вие настапивте. Сублимирам, почитувам тоа што излеговте. Не се тие бројките, не е таа состојбата. Тие се флоскулите за напад. Тоа е ваше, но состојбата е сосема различна“ заклучи Пренџов. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПартиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспортаЌе најдат ли власта и опозицијата заедничка јазик за околу гласањето на дијаспората?Во овие моменти во Собранието во тек со состанок со цел да се најде заедничка јазик меѓу партиите за ова прашање. Пред законодавниот дом, таму е Афродита Рамос. Афродита дали имаме ли информации за тоа како тече состанокот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПартиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34
ФормулаКими Антонели најбрз на Силверстоун! Андреа Кими Антонели е победник на спринт-трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун во Англија.Спектакл на легендарната патека Силверстоун, на спринт-трката нова победа на Кими Антонели во 2026 година. Младиот возач на Мерцедес триумфираше пред Луис Хамилтон од Ферари и Ландо Норис од Мекларен. Луис Хамилтон ја започна трката брилијантно и по феноменалниот старт успеа да го заобиколи Кими Антонели и да ја заземе првата позиција. Екс светксиот шампион беше лидер на трката се до осмиот круг, кога младиот Кими го престигна Хамилтон без поголеми проблеми и го презеде водството во спринт-трката, со што стана јасно дека Ферари не е доволно добар за да се натпреварува со Мерцедес. Немаше значителни промени до крајот на трката, а Кими Антонели славеше пред Хамилтон и Норис, додека зад нив се пласираа Џорџ Расел, па Леклер, Верстапен, Пјастри, Лосон и Хаџар, а Линдблад заврши на десеттото место. Во шампионатот, Антонели сè уште е лидер со 179 бода, а зад него се Џорџ Расел со 136 и Луис Хамилтон со 132 бода.Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПартиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34