3ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија
СветНова размена на воени заробеници помеѓу Русија и УкраинаВтора група војници од Русија денеска се вратија од заробеништво во Украина, во уште една размена на воени заробеници помеѓу двете земји, соопшти руското Министерство за одбрана,Русија и Украина вчера разменија воени заробеници, помеѓу кои и повредени и тешко повредени, како и војници под 25 години. Размената на воените заробеници е во согласност со договорот постигнат на втората рунда директни преговори во Истанбул на 2 јуни. Русија и Украина се согласија да ослободат најмалку по 1.200 војници и да вратат илјадници тела на загинати војници. Тагови: воени заробеници русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАНБА финале: „Брејк“ на Њујорк во Тексас-ВидеоСеријата победи на Њујорк Никс продолжува, а тимот од „Големото јаболко“ го направи првиот чекор кон шампионската титула.Џејлен Бренсон постигна 30 поени во своето деби во НБА финалето, Карл-Ентони Таунс додаде 18 поени и 12 скока, а Никсите се вратија од минус од 14 поени во второто полувреме и ги победија Сан Антонио Спарс со 105-95 во првиот натпревар од големото финале во НБА. О-Џеј Ануноби постигна 17 поени за Њујорк, кој го доби својот 12-ти натпревар по ред во плејофот. Со тоа, Никсите станаа само седмиот тим во историјата на НБА со таква серија, и само третиот што го сторил тоа во една сезона. Бренсон постигна 13 поени во последната четвртина, само шест помалку од оние што Спарс ги постигнаа како тим во тој период. Тој практично ја запечати победата со спектакуларен шут од вртење додека паѓаше на подот, 38 секунди пред крајот на натпреварот. „Тој е играч за големи натпревари. Кога е најпотребно, тој испорачува. Така играат кандидатите за MVP“, рече тренерот на Никс, Мајк Браун. Њујорк го заврши натпреварот со серија од 11:0 и напиша нова страница во историјата. Никс станаа првиот тим што ги победи Спарс во првиот натпревар од финалето на НБА, бидејќи франшизата од Тексас претходно имаше резултат од 6-0 во такви натпревари. Ова е исто така прв пат Спарс да заостануваат во серија од финалето пред нејзиниот крај.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАнгличаните составија тим на фудбалери од екс-ју за СП 2026: Во него има двајца Македонци! Портал „GiveMeSport“ од Англија го состави хипотетички список од 26 фудбалери кои потекнуваат од поранешна Југославија кои, според нив, би патувале на Светскиот шампионатво 2026 во Канада, САД и Мексико.На списокот меѓу 26 фудбалери, се и двајца Македонци, голманот на Валенсија, Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред на Наполи, Елиф Елмас. Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство 2026: Голмани: Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид), Вања Милинковиќ-Савиќ (Србија, Торино), Столе Димитриевски (Македонија, Валенсија) Одбрана: Јошко Гвардиол (Хрватска, Манчестер Сити), Јосип Станишиќ (Хрватска, Баерн), Страхиња Павловиќ (Србија, Милан), Никола Миленковиќ (Србија, Нотингем Форест), Сеад Колашинац (БиХ, Аталанта), Јака Бијол (Словенија, Лидс), Марин Понграчиќ (Хрватска, Фиорентина), Амар Дедиќ (БиХ, Бенфика). Среден ред: Лука Модриќ (Хрватска, Милан), Матео Ковачиќ (Хрватска, Манчестер Сити), Марио Пашалиќ (Хрватска, Аталанта), Никола Влашиќ (Хрватска, Торино), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија, Ал Хилал), Немања Гудељ (Србија, Севилја), Саша Лукиќ ( Србија, Аталанта), Елиф Елмас (Македонија, Лајпциг) Напад: Бенјамин Шешко (Словенија, Манчестер јунајтед), Един Џеко (БиХ, Шалке), Душан Влаховиќ (Србија, Јувентус), Ведат Муриќи (Косово, Мајорка), Анте Будимир (Хрватска, Осасуна), Андреј Крамариќ (Хрватска, Хофенфајм) Иван Перишиќ (Хрватска, ПСВ).Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи против македонските национални интересиФилипче да престане да работи против македонските национални интереси.Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси. И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол на политиките на Бугарија кои бараат нови отстапки од македонска страна, без никакви гаранции и без никаква извесност за европската иднина на државата. СДС и Венко Филипче не нудат визија, не нудат план и не нудат решенија. Единствената политика на СДС и Филипче е слепо прифаќање на сите барања кои доаѓаат однадвор, без притоа да покажат минимум достоинство и грижа за државните интереси. Филипче продолжува да ја пласира истата реторика која со години ја слушаме од бугарските власти дека Македонија мора безусловно да попушта, а Бугарија не мора да направи ниту еден чекор кон почитување на македонскиот народ и неговите права. Наместо да се бори за подобра преговарачка позиција на Македонија, Филипче упорно се бори за спас на сопствената политичка кариера. Токму затоа секој негов јавен настап е исполнет со истите пораки, истите флоскули и истите притисоци врз македонскиот народ. Време е Венко Филипче да разбере дека Македонија нема да оди напред преку понижувања, уцени и национални отстапки. Македонија ќе оди напред само со политики кои ги штитат државните и националните интереси, а не со политики кои служат на туѓи агенди. Граѓаните заслужуваат политичари кои ќе ја претставуваат Македонија, а не политичари како Филипче кои ќе ги оправдуваат позициите на другите држави. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена кон европскиот пат, но тој пат треба да биде базиран на принципи а самиот процес да е кредибилен и предвидлив. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook