Нова пожарна станица, реконструкција на кино Милениум и планетариумот дел од ребалансот на Град Скопје - Канал 5

Нова пожарна станица, реконструкција на кино Милениум и планетариумот дел од ребалансот на Град Скопје

Со овој ребаланс се предвидуваат финансиски средства за реализација на многубројни проекти .

Нова пожарна станица, реконструкција на кино Милениум и планетариумот дел од ребалансот на Град Скопје

Советниците во Советот на Град Скопје на денешната, 14-та седница, по предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе дискутираат по дваесетина точки од предложениот дневен ред, меѓу кои и за Предлог-изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Град Скопје за 2026 година.

Со овој ребаланс се предвидуваат финансиски средства за реализација на многубројни проекти од областа на урбаното планирање, локалниот економски развој, комуналните работи, спортот, образованието и заштитата на животната средина. Посебен акцент се става на реализацијата на проектите од областа на културата, како што се реконструкцијата на киното „Милениум“, обновата на библиотеката „Браќа Миладиновци“ и реконструкцијата на Планетариумот во МКЦ, проекти од особено значење за нашиот град во пресрет на 2028 година кога Скопје ќе ја носи титулата „Европска престолнина на културата“.

Пред советниците, меѓу другото, денеска ќе се најде и Предлог-планот за изменување и дополнување на планот на програмите за развој за периодот 2026 – 2028 година, според кој се одобруваат средства за изградба на нова противпожарна станица за Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Со изградбата на новиот објект се очекува зголемување на брзината на реакција на пожарникарите за технички интервенции, спасување човечки животи и ефикасна заштита од пожари во урбана средина и на отворен простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Њујорк на говорот на Руте по повод 25- годишнината од нападите на 11 септември

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Њујорк присуствуваше на говорот на генералниот секретар на НАТО Марк Руте по повод 11 септември.

Мицкоски во Њујорк на говорот на Руте по повод 25- годишнината од нападите на 11 септември

Говор на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод одбележувањето на 25 години од нападите на 11 септември 2001 година врз Соединетите Американски Држави и првата и единствена примена на членот 5 од Северноатлантскиот договор (НАТО), објави на ФБ премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Боливија: Голман не сака да брани пенал (ВИДЕО)

Неверојатни сцени се видени на натпреварот од Купот на Боливија помеѓу Атлетико Индепендиенте Кочабама и Вилстерман Кооператива.

Хаос во Боливија: Голман не сака да брани пенал (ВИДЕО)

При нерешен резултат 2-2 во судиското продолжение, домашниот тим притискаше силно, но аргентинскиот голман на гостинскиот тим успеа да го спаси својот гол со три спектакуларни одбрани.

Сепак, и покрај ова, главниот судија Карлос Артеага досуди пенал за Индепендиенте, по што на теренот избувна општа врева. Следеше пауза од речиси дваесет минути, за време на која револтираните гости протестираа и го убедија судијата да ја промени својата одлука, но тој остана непомирлив.

Потоа во центарот на вниманието се најде голманот на Вилстерман, Густаво Тесоноте, кој одлучи да го бојкотира изведувањето на најстрогиот пенал во знак на протест. Неговиот револт се манифестираше со прво свртување на грбот кон теренот, а потоа ноншалантно потпирање на стативата, мирно гледајќи го Ернест Адири како постигнува гол и му носи триумф на домашниот тим.

Овој необичен инцидент брзо стана вирален на интернет, алармирајќи ја Боливиската фудбалска федерација и локалната судиска организација да преземат итни мерки. Подоцнежната анализа потврди дека нема прекршок што заслужува највисока казна, што резултираше со суспензија на судијата на неодредено време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре врнежливо и постудено време со температури од 4 до 23 степени

Утре времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта, информираат од УХМР.

Утре врнежливо и постудено време со температури од 4 до 23 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

11 Попова Шапка, 14 Крушево, 18 Берово, 19 Претор, Маврови Анови, 20 Крива Паланка, Прилеп, 21 Охрид, Битола, Виница, 22 Тетово, Штип, 23 Кавадарци, 24 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Утрото беше ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец.

Во вечерните часови облачноста постепено ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, облачно и постудено. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во сабота ќе се задржи постудено време, а претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Потоа следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за повремен дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер